дома блог страница 169

СЕКОЈА ЧЕСТ! Македонски ученици освоија сребро и бронза на Олимпијадата по информатика што се одржа во Кипар

Младите македонски ученици – информатичари Марко Кренков и Владимир Грчев, освоија сребрен, односно бронзен медал на 18. Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2025), која од 24 до 30 октомври се одржува во Ларнака, Кипар. Зоран Илијоски и Јаков Грујовски од олимпијадата се враќаат со олимписка пофалба.

Македонскиот тим на овој престижен меѓународен натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години е составен од Владимир Грчев од Кочани, Марко Кренков од Струмица, Зоран Илијоски од Кичево и Јаков Грујовски од Скопје, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

-Ново одлично претставување на младите македонски ученици – информатичари, како заокружување на уште една, исклучително успешна година за Македонија на олимпијадите по информатика. На 18-тата Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2025), која од 24 до 30 октомври се одржува во Ларнака, Кипар, нашите ученици остварија значаен резултат. Македонскиот тим на овој престижен меѓународен натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години, составен од Владимир Грчев од Кочани, Марко Кренков од Струмица, Зоран Илијоски од Кичево и Јаков Грујовски од Скопје, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои еден сребрен и еден бронзен медал. Со овие два медали, вкупниот биланс на македонските ученици на меѓународните информатички олимпијади во текот на 2025 година изнесува два златни, три сребрени, пет бронзени медали и шест олимписки пофалници, остварување што е достојно за почит, дури и за многу поголеми држави, соопшти Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ).

Членовите на македонскиот тим за ЈБОИ 2025 биле избрани преку целогодишен циклус на натпревари, кој континуирано го организира ЗИМ, годинава по 36-ти пат. Натпреварите се одвиваат преку системот mendo.mk, достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи. И оваа година циклусот натпревари бил реализиран со поддршка на ФИНКИ, „Бистри умови“, како и неколку општествено одговорни компании: „Сорсикс“, „Семос Едукација“ и „Винчини“.

Јуниорската балканска олимпијада по информатика е натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години од земјите на Балканскиот регион. Секоја земја учествува со тим од најмногу четворица натпреварувачи, тим-лидер и заменик лидер, а натпреварувачите решаваат алгоритамски проблеми во текот на два натпреварувачки дена.

Официјален домаќин на ЈБОИ 2025 е Република Кипар, а главен организатор е Здружението на информатичарите на Кипар, заедно со Министерството за образование, спорт и младина на Кипар. На олимпијадата учествуваат вкупно 33 натпреварувачи од Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Словенија.

-Во ваква исклучително силна конкуренција, сребрениот медал за Македонија го освои Марко Кренков, а бронзениот – Владимир Грчев, додека Зоран Илијоски и Јаков Грујовски се враќаат со олимписка пофалба, нагласуваат од ЗИМ.

Претседателот на ЗИМ, д-р Миле Јованов истакнал дека нашите млади информатичари покажуваат континуитет на врвни достигнувања и силен потенцијал за идни меѓународни успеси.

-Горди сме на секој од нашите натпреварувачи, не само поради освоените медали, туку и поради сериозноста, посветеноста и професионалниот настап што го покажаа во текот на целата година и на самото натпреварување. Нивниот резултат не се само моментален успех туку е знак дека во следните години ќе имаме силни тимови и на сениорските натпревари како Интернационалната и Балканската олимпијада, нагласил Јованов.

Тој, како што се нагласува во соопштението, додаде дека подготовките за следниот циклус натпревари започнуваат веднаш по завршувањето на оваа олимпијада, со цел да се задржи и унапреди високото ниво на резултати кое Македонија го постигнува во последните години и ги повика сите заинтересирано ученици да се вклучат во натпреварите.

-Ние неуморно продолжуваме да работиме со младите таленти. Нашата цел не е само освојување на медали, туку создавање генерации кои ќе продолжат да го развиваат дигиталниот и технолошкиот екосистем на земјата, нагласил тој.

Следната, 19-та по ред, Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2026) ќе се одржи идната година во Сараево, Босна и Херцеговина.

Новоизбран Градоначалник првата плата ја донираше на највредниот комунален работник (ВИДЕО)

На својот прв работен ден, градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски од ВМРО-ДПМНЕ го започна мандатот со симболичен гест на благодарност кон еден од најпосветените вработени во комуналното претпријатие – Горан Узунски.

Како признание за неговата работа, градоначалникот му врачи благодарница за неговата посветеност и труд и најави дека целата своја прва плата ќе му ја донира токму нему.

Крушевчани пред историска одлука – Следува ренесанса на овој преубав град

-Граѓаните на Крушево заслужуваат вистински промени и одговорно раководство. Во недела да излеземе и да го заокружиме бројот 9! Нико Чонески за Еснафско Крушево! Голема ќе биде победата – порачуваат на социјалните мрежи од тимот на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

Во недела на вториот круг од локалните избори, крушевчани ќе одлучуваат помеѓу актуелниот градоначалник Томе Христоски, кој се бори за трет мандат и Нико Чонески – стопанственик, хуманист и човек од народот.

Витаминка и Флип донесоа радост за дечињата во СОС Детско село (ФОТО)

На Меѓународниот ден на грижа и поддршка Витаминка и Флип го поминаа во најдоброто друштво – заедно со дечињата од СОС Детско село.

-Со игра, дружба и многу радост, го исполнивме дворот на СОС Детско село со смеа и љубов. Оваа посета е дел од заедничката кампања на Стоби Флипс и СОС Детско село, чија мисија е да им подари на децата без родителска грижа среќно и безгрижно детство исполнето со топлина, грижа и внимание. Со секое купено специјално пакување на Стоби Флипс, и ти можеш да бидеш дел од оваа приказна. Приклучи се! Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете – напишаа од Витаминка на социјалните мрежи.

Tурција одбележа 102-години од прогласувањето на Републиката

Со голем број настани во Турција вчера се одбележа 102-годишнината од прогласувањето на Републиката.

Претседателот на Републиката Реџеп Тајип Ердоган по тој повод вети дека ќе ги заштити единството, независноста и силата на нацијата.

-Работиме со сите наши сили за да ја одржиме Република Турција вечна, рече Ердоган во официјалното соопштение објавено од турското Претседателство.

Опишувајќи ја Републиката како најнов израз на вековната државна традиција изградена преку национално жртвување, тој истакна: „Република Турција е последниот покрив на нашата несебична нација што со сета своја сила се држеше за својата слобода и независност и покрај тешкотиите, лишувањата и борбата во најболните денови од својата историја – последната алка во нашиот синџир на држави.“

-Со милост им оддавам почит на хероите што со векови ги направија овие земји наша татковина со својата крв и своите животи“, додаде Ердоган, оддавајќи им почит на оние што ја обезбедија независноста на Турција.

Претседателот ја истакна решеноста на Турција да им се спротивстави на заканите за социјалната кохезија.

Ердоган посочи на главните развојни и безбедносни цели во рамките на визијата „Столетието на Турција“.

„Во согласност со нашите цели за „Столетието на Турција“, правиме револуционерни чекори во секое поле“, рече тој, потврдувајќи ги напорите кон „Турција без терор каде што нашите 86 милиони луѓе ќе живеат во мир“.

Тој, исто така, ги истакна меѓународната улога и дипломатскиот активизам на Турција, нагласувајќи дека земјата останува посветена на одбраната на правдата во глобалните кризи.

Ердоган повика на колективна решителност во иднина: „Заедно ќе изградиме голема, силна и просперитетна Турција – почитувана во светот и лидер во регионот.“

Претседателот заврши со честитки по повод Денот на Републиката до граѓаните во Турција и во странство: „Нека биде благословена 102. година од нашата Република.“

Националниот празник, Ден на Републиката, се слави на 29 октомври во знак на одбележување на прогласувањето на Република Турција во 1923 година.

Во текот на денот турските знамиња се вееја од домовите, работните места и јавните простори – белег на прославите на Ден на Републиката.

Во текот на вчерашниот ден низ цела Турција се реализираа свечени церемонии, се организираа концерти. Во поголемите градови прославите продолжија со паради и огномети во вечерните часови.

Републиката ја прогласи Мустафа Кемал Ататурк, кој подоцна од Големото национално собрание беше избран за прв претседател на модерна Турција.

Десетици илјади граѓани му оддадоа почит на Таткото на нацијата, како што го нарекуваат Ататурк. Според традиционалните посетители на мавзолејот наречен „Анаткабир“, 2025 година е една од годините кога има најмногу луѓе.

Илјадници луѓе маршираа низ улиците на Анкара за да ја одбележат 102-годишнината од прогласувањето на Република Турција. Еднокилометарскиот марш во центарот на турската престолнина започна од населбата Кизилорда и заврши кај стариот Меџлис, кој сега функционира како музеј. Помина под силно полициско присуство и предизвика запирање на сообраќајот на главните патишта.

Луѓе од сите возрасти дојдоа со знамиња во раце за да му оддадат почит на основачот на Републиката – Ататурк.

Овој ден, како еден од најголемите национални празници на Турција, се одбележува со низа активности низ целата земја, а активности спроведуваат и турските амбасади низ целиот свет.

Апсење среде бел ден во “Toчила” – Кај 40-годишен прилепчанец полицијата пронајде марихуана

-На 28.10.2025 во 13:10 часот во населба “Точила” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Б.(40) од Прилеп, затоа што кај него е пронајдена марихуана.

По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Прилепското денс студио New Generation со одличен настап на Светското првенство во Полска

Танц студиото New Generation успешно го претстави Прилеп и Македонија на 23-то Светско првенство во модерни танци, одржано во Полска под покровителство на Светската интернационална федерација (IDF). Настанот беше вистински празник на танцот, кој собра на едно место врвни танчери од целиот свет и блескава енергија на професионализам и креативност.

Ивана Богојевска постигна одличен резултат, освојувајќи 6. место во дисциплината стрит денс, во силна конкуренција на најдобрите финалисти од светот.

Оливер Богојевски беше дел од меѓународното жири на натпреварот, судејќи во категориите хип-хоп, стрит, фантази и други модерни танци. За својата посветеност и професионализам, тој доби признание за најдобар судија на Светското првенство, како и награда за тимска работа со своите колеги од жирито.

Овој исклучителен успех претставува нова страница во историјата на студиото и горд момент за Прилеп и Македонија.

New Generation уште еднаш докажа дека страста, трудот и љубовта кон танцот се патот до светски успеси!

Повеќе улици во Прилеп денеска неколку часа без вода за пиење

Соопштение од ЈКП Водовод и канализација Прилеп за водоснабдувањето во градот и населените места:
Водоснабдувањето на ден 30.10.2025 (четврток) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода 252/с, од кои 225л/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 27л/с од сопствени извори.
Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп:
– ул. Београдска
– ул. Пане Талески
– ул. Благоја Јовчески
– ул. Борка Лопач
– ул. Круме Кепески
– ул. Партизански одреди
– Хлорна Станица
– н.м. Селце

Градот живее на Тераса! Две вечери, два бенда – една незаборавна забава!

Подгответе се за викенд исполнет со незаборавна атмосфера, одлична музика и многу позитивна енергија – само во Pub Club Terasa во Прилеп!

Овој викенд вe носиме на две вечери за паметење:

Петок (31.10.) настапуваат дечките од МЕТРОПОЛИС БЕНД – млади момчиња кои со својата музика ја крстосуваат Македонија и носат позитивна енергија каде и да се појават.

Во сабота (01.11), ноември започнува со G&G Band, кои за прв пат настапуваат во Terasa. Ветуваат незаборавна атмосфера за супер викенд уживање.

Резервирајте навреме на: 070 304 967

Не пропуштајте викенд полн со ритам, забава на најдобрата тераса во градот!

Следете ја Pub Club Terasa и уживајте во ноември!

Какво време не’ очекува во следните денови?

Денеска не’ очекува постудено утро со можност за појава на утринска магла во пониските котлини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб јужен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени додека дневната ќе достиге до 21-от степен.

Во Скопје, утрото ќе биде свежо и магливо во делови од котлината, а преку денот претежно сончево со слаб југоисточен ветер.

Во наредните денови, под влијание на висок воздушен притисок, ќе следува период на стабилно и суво време. Утрото ќе биде постудено, а дневните температури постепено ќе растат, особено за време на викендот. Претпладне ќе има услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини.