Уште еден од проектите кои отпочнаа со реализација во средината на март, денеска се финализира – информираат од општина Битола.
Градежната механизација го асфалтира патот кој води до манастирот „Св. Меркуриј“ во селото Барешани, едно од најзначајните светилишта во јужните падини на Баба Планина.
Од општина Битола информираат дека должината на овој пат е 580 метри, а вредноста на проектот изнесува 5.421.038 денари, средства обезбедени Министерството за транспорт од вториот владин повик.
Ова е уште еден доказ дека општината активно работи на рамномерен развој, како на градот, така и на руралните средини.





























