Џудо клубот „Осака“ од Прилеп активно го проширува својот тим и упатува јавен повик до сите заинтересирани љубители на џудото да станат дел од клубот.
Во моментов, клубот има потреба од:
-Тренер со минимум 1-ви Дан во џудо
-Џудисти со претходно искуство од други клубови (возраст од 9 до 20 години)
-Почетници без искуство (возраст од 9 до 30 години)
-Ветерани (30+ години)
Што нуди клубот?:
-Бесплатна членарина
-Парични награди од 100 до 600 евра за освоени места на државни турнири
-Можност за добивање државна спортска стипендија
-Интернационална школска стипендија за врвни резултати
-Обезбедени спортски визи за учество на турнири во САД
Клубот работи со јасна цел – развој на успешни и амбициозни спортисти, со поддршка и услови за напредок на домашна и меѓународна сцена.
Контакт телефон: 070 649 348
























