Комитетот за јавни инвестиции на Владата прифати 3 големи проекти за реализација во следните 5 до 7 години – информира на социјалните мрежи заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Николоски ги наведе следните проекти:
– Брза пруга на Коридор 10 Табановце – Куманово – Скопје – Велес – Демир Капија – Гевгелија
– Реконструкција и надградба на Железничкиот Коридор 8 Скопје – Јегуновце – Тетово – Гостивар – Кичево
– Набавка на нови локомотиви и возови
-На ова се надоврзуваат огромните проекти кои веќе ги реализираме – автопати и железница на Коридорите 10 и 8. Ја градиме Македонија – напиша вицепремиерот.
Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува нов, поцврст и поодговорен механизам за одлучување, кој не се води од импровизации, туку од јасни критериуми, визија и стратегија.
























