дома блог страница 1678

Османи најави санцкии за Русија

Неофицијално, како што пренесуваат дел од руските медиуми, Владимир Путин имал свои ритуали. Имено, претедателот откако ќе се разбудел од спиење, три пати помислувал на Македонија, па го пиел своето утринско кафе.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на ТВ Алсат синоќа најави дека и „Македонија ќе биде дел од санкциите на ЕУ против Русија“.

Тој нагласи дека од овој конфликт требало да се стравува уште пред две години, откако не бевме дел од НАТО. Османи нагласи и дека во случај на конфликт во Европа, ќе имаме импликации во однос на гасот и нафтата и покачување на цените.

Руско-украинскиот конфликт ќе влијае на импликацијата на гасот и нафтата и во Европа ќе има зголемување на цените. Исто така, сакам да додадам дека ние како држава сме дел од санкциите на ЕУ кон Русија и 100 отсто сме во хармонизација со Европската Унија“, рече Османи во ТВ емисијата 200.

Инаку ЕУ вчера попладне едногласно донесе одлука за санкции против Русија по завчерашната одлука на Москва да ја признае независноста на двата региона во источна Украина, Донецк и Луганск.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на прес-конференција вчера изјави дека санкциите на ЕУ ќе бидат насочени против 27 лица и субјекти. Тој ги спомена руските пратеници кои поддржаа признавање на отцепените региони, како и банки кои ги финансираат носителите на клучните одлуки и нивните операции во Донбас.

Санкции претходно објави и Велика Британија, како и Германија која посочи дека го стопира гасоводот „Северен ток 2“.

Синоќа и американскиот претседател Џо Бајден најави санкции за двете најголеми руски финансиски институции – ВЕБ и Руската воена банка. Покрај тоа, тој најави санкции за руската елита и членови на нивните семејства, како и дека „делови од руската економија ќе бидат отсечени од меѓународните финансиски системи“.

Спасовски: “Ќе го уништиме дрвокрадството”

Денеска (23.02.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше на завршната конференција во рамки на проектот „Вертикално спротивставување на нелегалната сеча во Република Македонија“, во организација на Центарот за европски стратегии „Евротинк“, поддржан од Амбасадата на Канада во Белград, во рамки на Канадскиот фонд за локални иницијативи, пренесува Инфомакс.

„Заштитата на природните материјални добра, независно дали имаат приватна или општествена сопственост, особено денес, кога актуелните дебати за динамичните климатски промени и еколошките предизвици се меѓу примарните глобални теми, не може а да не биде прашање од императивна важност, како на законодавно, така и на институционално ниво во кое и да е модерно општество“, рече министерот Спасовски во своето обраќање пред присутните.

Спасовски нагласи дека заштитата и превенцијата од бесправната сеча на шумите претпочита постоење на концепт, систем, механизми на меѓуинституционално дејствување, потенцирајќи дека трудот на Центарот за европски стратегии „Евротинк“, за овој обемен, детален и истражувачки исцрпен проект насловен како „Истоштени шуми – мапирање на организираниот криминал во форма на бесправна сеча на шуми“, претставува извонредно квалитетен исчекор во насока на заедничко, граѓанско и институционално фундирање на стратешките насоки за квалитетна и ефикасна заштита и превенција од проблемот на бесправната сеча на шумите со кој што, особено во изминативе десетина години државата поинтензивно се соочува.

Според Спасовски, станува збор за kpиминал којшто ни малку не е наивен, а во насока на тоа говорат и податоците произлезени од конкретни полициски активности во разоткривањето и репресирањето на овој вид кривични дела, според кои за периодот од 2016 до 2021 година, евидентирани се над 64.000 метри кубни бесправно исечена огревна дрвна маса, а проценетата материјална штета изнесува речиси 169 милиони денари.

Teшка cooбpaќajка помеѓу две возила во Битола: Едно лице повpeдено

На 22.02.2022 во 18.45 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на крстосница од ул.„Васко Карaнгелевски“, ул.„13-ти Јули“ и ул.„Младински бригади“ во Битола се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, yпpaвyвано од З.Ч.(60) од Битола и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, yпpaвyвано од О.Д.(22) од Битола.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил сопатникот од второто возило, Б.Б.(23) од Битола конcтатиpaни во Општата болница во Битола.

Извршен бил yвид од yвидна екипа од СВР Битола – информираат од МВР.

Еден шофер има куќа од милион долари

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Кичево на изминатите избори, воедно и внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Фатмир Лимани во „Kлик плус“ на ТВ21 истакна дека членови, односно тесната структура на ДУИ направиле милиони, а во наредниот период ќе презентира и докази.

– Како може еден шофер да има куќа од милион долари, рече Лимани.

Меѓу другото, претходно го обвини и лидерот на ДУИ Али Ахмети дека е диктатор кој е 20 години на власт.

– Никаде во Европа нема таков пример, рече Лимани.

Како што е познато пред извесно време, односно по локалните избори Лимани одлучи да се приклучи на Беса.

Нарачал веб страна за општината за 75.000 евра и доби кpивична

Претходното раководство на Градот Скопје платило енормна сума над 75.000 евра за изработка на Официјален веб портал на Град Скопје кој никогаш не профункционирал во целост, односно Градот платил поголема сума од реалната за ваков тип на услуга која не била реализирана како што било предвидено, информираше Данијел Апостолоски, советник за односи со јавност во Град Скопје.

Град Скопје поднесува кривична пријава до Основното јавно обвинителство за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата за поранешни и сегашни вработени во град Скопје, и тоа против поранешниот генерален секретар на Град Скопје Викторија Аврамовска Мадиќ, поранешниот помошник раководител на сектор за поддршка на градоначалник Ваљон Салиху, раководителот на одделението за ИКТ инфраструктура Никола Трајковски, како и вишиот соработник во одделение за координација на активности на градоначалник Влатко Васиљ.

-Имено, Викторија Аврамовска Мадиќ од Скопје во својство на Секретар на Град Скопје, искористувајќи ја својата службена положба и овластување во периодот од 2018 до 2020 година, потврдила дека во целост е реализиран договор за Изработка на Официјален портал на Град Скопје со миграција на постоечките податоци и Дигитална платформа за интерконекција и управување со веб содржини и постапувајќи несовесно во вршење на своите овластувања и должности, потврдила дека е извршено предавање на платформа и прилагодување на порталот кои активности се предмет на реализација на склучен договор иако знаела дека не е испорачанo IBM ESB, истакна тој.

Посочи дека исто така не е извршена целосна миграција на податоци од постојната веб страна на Град Скопје и не е предаден порталот за што останатите пријавени со свои потписи потврдиле дека се извршени и предадени поединечните фази од наведениот проект, иако знаеле дека истите не се испорачани и иако им било познато дека договорот не е во целост реализиран.

-Пријавените Никола Трајковски, Ваљон Салиху и Викторија Аврамовска Мадиќ искористувајќи ја својата службена положба сепак потпишале и одобриле исплата на вкупната вредност на договорот во износ од енормни 4,717,640 денари или над 75.000 евра за услуга која не е целосно извршена и испорачана на Град Скопје согласно договорот, на кој начин пријавените прибавиле имотна корист за друг и нанеле штета на буџетот на Град Скопје, истакна Апостолоски.

Децата од “Лев Тахор” со сонцето од Кутлеш: Охриѓанец направи интервју со досега непознати факти за еврејската група (Видео)

Одличниот охриѓанец познат како WIK КАКАROTSKI, направи ексклузивно интервју со припадниците на религиозната група “Лев Тахор”, кои после престојот во Куманово и Скопје сега се наоѓаат во охридско.

WIK интервјуто го направи заедно со Гоце Вегета, а во него ќе слушнете досега непознати факти за оваа религиозна група чие доаѓање во Македонија беше проследено со бурни реакции од јавноста.

Во описот на видеото WIK пишува:

-Дополнително имав средба со представници од с.Лакочереј кој го организирале протестот за протерување на Лев Тахор…. мислам дека со ова видео ќе ја олабајме малку работата, бидејќи сепак гледаме деца и лица кој реално ДА ГИ ДУВНИШ ќе летнет, но не сум јас тука да му судам на некој за домаму шо да прајт и се трудам максимум да ги разберам на сите. Сакам, исто да испратам и голем поздрав до газдата на хотелот Прага кој е хуманист и буквално за егзистенција ги угостил евреите и до полицијата која се грижит цело време за нивната безбедност. Македонците се кроток народ, но сепак се си имат свои граници и како што им кажав и во Лакочереј нека мислет малку на нивниот соселанец од хотелот кој е ставен во нај жешкиот оган. Georgi Goce Cvetkovski Вегета докажа дека е хуманист и многу ми поможи ова да се остварит!

(Прв дел) Дваесет прилепски пензионери уживаат, а 16.000 преживуваат – Политички игри со многу пари?

Фрапантни сознанија за лицемерната борба на добро ситуираните пензионери за повисоки пензии, деновииве стасаа до нашата редакција од добро упатени “свиркачи”.

Целосната партизација на раководствата на здруженијата на пензионери, кадровските партиски решенија и координацијата со врвот на СДСМ, се мотивот за страшен револт кон раководствата во градовите.

Неофицијално координатор на овие преговори за повисоки пензии бил пратеникот Илија Николовски, кој има месечна плата од над 70.000 денари?

Еве некои факти за кои “свиркачите” тврдат дека се точни, а се однесуваат на прилепското здружение:

Наводно, во прилепско има околу 16.000 пензионери, кои месечно изделуваат по 160 денари за фондот, од кои дел се враќаат во здружението.

На сметката на прилепското здружение во 2018. год. имало фантастични 500.000 ЕВРА? Прашањето е каде се трошат тие пари? Зошто не се донираат за старскиот дом на пример, за изградба на нова ламела, или во друг проект во интерес на пензионерите?

Пред неколку години купиле објект во населбата “Точила” вреден 30.000 евра, кој не ја оправдал својата функционалност.

Едноставно 200 пензионери имаат бенефит, а другите 16.000 се чувствуваат изманипулирани. Зошто? Бидејќи неофицијално Претседателот на прилепските пензионери добива 15.000 денари месечен надоместок, а на платен список се и секретарот и благајникот…?

Плус овие средства, се добиваат и други надоместоци. Извршниот одбор на пензионерите брои 19 членови кои добиваат по 1.300 денари надоместок за состанок, кој пак не трае повеќе од еден час?

Претседателот на ИО добива 5.000 денари надоместок, иако тврдат дека е нестатутарно избран и самоволно му е зголемен паушалот….Неофицијално се работи за родител на прилепски политичар.

Во следниот дел од сторијата ќе ги потенцираме приходите од деловните објекти кои се огромни, како се исплаќале средства пред избори и други кадровски решенија во Прилеп, но и прилепчани на републичко ниво.

Македонски ве-це видео скрининг (Фото)

Не ни се верува и нас, ама ете…

Амepиканcката амбacaда во Kиев објави фотографија со скријана порака

Немаме ништо ни против Украинците, ни против Русите… напротив, на само 260 милиони православни христијани во светот … вojна ни најмалку не е решение.

Американската амбасада во Киев денеска на социјалните мрежи објави фотографија со скријана порака. Фотографијата предизвика спротивставени мислења, што мислите вие?

Го прашаа Каевски од СДСМ кои пpoекти ги сработиле нивните гpaдоначалници – одговорот не е за “машала” (Видео)

Новинар му постави прашање на Дарко Каевски од СДСМ, кои проекти ги реализирале нивните градоначалници во овие 100 дена владеење со општините.

„Голем број на капитални проекти продолжуваат во Струмица, Валандово, Центар“, вели Каевски заобиколувајќи да наброј еден конкретен проект.