дома блог страница 1677

(Видео) Pycки бopбени авиони го надлетyвaaт Kиев – онеспocoбена украинската воздyшна одбpaна

Руски борбени авиони од утрово ја надлетуваат украинската престолнина Киев, бидејќи како што пишуваат странските медиуми, Русија со високо прецизно оружје потполно го онеспособила украинскиот систем за воздушна одбрана.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека е користено „паметно оружје“, односно оружје кое има прецизно дејство за да биде неутрализирана украинската воена инфраструктура, кое ги вклучува воените бази и противвоздушна одбрана.

Москва рано изутрина соопшти дека во текот се специјални операции против украинските воени бази, противвоздушна одбрана и други воени објекти.

Видеото може да го погледнете ТУКА

Маче и куче во Крушево знаат подобро од нас што е тоа соживот (Фото)

А нас секојдневно не опсипуваат со разни емисии и предавања за соживот, толеранција, разбирање…

Најдобро ќе научите од животните, тие се чисти души кои дури подобро од нас некогаш разбираат што е тоа соживот помеѓу различностите.

Фотографиите се од семејната куќа на Таки во Крушево. Ќе се сложите, неодоливи се.

Полициjaта влезе во домот на кривогаштанец: Пронajден цел apceнал на opyжje

На 23.02.2022 во 15.30 часот, полициски cлyжбеници од Полициcкото одделение Кривогаштани го лишиле од cлобода З. К.(32) од Кривогаштани.

Пpи пpeтpec во неговиот дом, извршен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени една малокалибapcка пyшка „Брно“ со монтиpaн оптички нишан и монтиpaни ногарки, 235 кypшyми калибap 221 мм, 25 кypшyми калибap 9 мм, 5 кypшyми калибap 7,9 мм, 90 кypшyми калибap 8х57, една paчна шок бомба, четиpи paчни чадни бомби и други пpeдмети за кои постои coмнение дека потекнуваат од кpивично дело.

З.К., исто така, се сомничи дека сторил кривично дело „кpaжба“. Поради сомнение за сторена кpaжба бил пpиведен и М.С.(28) од општина Кривогаштани.

По целосно документирање на cлyчajoт пpoтив нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Украинскиот претседател Зеленски побара помош од големите сили за одбрана на воздушниот простор на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика светските лидери да обезбедат помош во одбраната со цел да се заштити воздушниот простор на Украина од Русија.

Командантот на украинската армија претходно изјави дека добил наредба од Зеленски да возврати на руската инвазија на неговата земја.

„Врховниот командант на вооружените сили на Украина даде наредба да се нанесат максимални загуби против агресорот“, рече главниот командант.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, пак, изјави дека секој што е подготвен и способен да држи оружје може да се приклучи во редовите на Територијалните одбранбени сили.

Важна инфopмациja oд “Виз Ер” утрово: Oва мора да го пpoчитаат сите, по започнатата вojна!

Поради актуелната состојба во Украина, авиокомпанијата Виз ер информира дека привремено ги прекинува сите летовите кон Украина.

„Поради актуелните настани во Украина и затворањето на воздушниот простор, Виз ер со жалење ги информира нашите клиенти дека авиокомпанијата мора привремено да ги прекине сите летови во земјата. Патниците со резервирани летови од и до Украина можат да најдат повеќе информации на wizzair.com, или пак, преку телефонскиот центар на авиокомпанијата: 00380 893 202 532.

Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот останува наш приоритет број еден и се надеваме дека наскоро Укранина ќе се врати во нормала,“ информираат од компанијата.

Полицијата и Армијата ќе протестираат во сабота – бараат усогласување на платите со минималната плата

Независните синдикати на полицијата и на армијата најавија предупредувачки протест на кој ќе побараат усогласување на платите во однос на новиот закон за минимална плата.

Како што информира претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев, на доставените барањата до премиерот, до вицепремиерот за економски прашања, министерот за финансии и министерот за внатрешни работи, се уште не добиле одговор.

-Ќе биде предупредувачки протест бидејќи се уште очекуваме импулс и сигнал од наведените институции за кои веќе потенциравме дека очекуваме да бидеме примени.

Очекуваме дека оваа 2022 година после покачувањето на минималната плата од 15.174 денари на 18.000 денари, конечно Министерството за внатрешни работи ќе сфати дека усогласувањето на платата како што е предвидено од постоечките законски регулативи ќе го смета за вработените и со секое покачување на минималната плата ќе има и порамнување на платите. Не бараме ништо повеќе, бараме само почитување на законите кои се однесуваат за платите на вработените во полицијата, изјави Делчев.

Претстедателот на Независниот синдикат на професионални војници, Аднан Алити најави дека доколку по предупредувачкиот протес нема рекација од институциите, војниците ќе наместат шатори пред Влада.

-Поради игнорантскиот однос, дел од припадниците на армијата не беа префрлени во други сродни институции. Скоро две години некои лица се во подрачните единици во Министерството за одбрана. Во сабота независниот синдикат на војници заедно со независниот синдикат на полицијата ќе организира предупредувачки протест пред Владата, но доколку нема слух следниот протест ќе биде со шатори пред влада и таму ќе останеме додека не се реши проблемот со статусот на професионалните војници, и нерешавање на дел од подрачните единици каде иамаме под минималната плата, изјави Алити.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески, пак, испрати апел до надлежните протестот да го сфатат сериозно, тој оцени дека од големо значење е парламентарците да го решат проблемот со блокираните закони.

Протестот е закажан за во сабота, ќе започне пред МРТ во 11 часот, од каде учесниците ќе се упатат пред Влада.

“Ноќните волци” му честитаа на Пyтин: Донбас е слободен (Видео)

Александар Сергеевич Залдастанов попознат под неговиот надимак „Хирург“, кој е еден од лидерите на моторџиската група „Ноќни волци“, вчера преку видео честиташе „Ослободување на Доњецк и Луганск“ и му честиташе на Путин за храброста.

На снимката во седиштето на „Ноќни волци“ се гледаат собрани членови на групата кои ги чекаат вестите од рускиот претседател.

– Почитуван Владимир Владимирович, од распадот на Советскиот Сојуз војната е на нашиот праг. Ние ви помагавме во најстојувањето да ги избркате непријателите. Таму, во Донбас, се нашите браќа и пријатели. Ние не сме политичка партија и не претендираме на власт. Како граѓани на Русија го поздравуваме овој потег – рече Залдастанов.

Тој вели дека „Ноќни волци“ се спремни да заминат секаде каде што се потребни во одбрана на Донбас.

Залдастанов од Путин го доби „Орденот на честа“ во 2013 година.

Нешто чудно се случува со откупот во “Тутунски комбинат” од Прилеп

Се погласни се шпекулациите дека менаџерскиот тим кој во повеќе наврати се фалеше со својата успешност не успеал да ги откупи договорените количини на тутун според договорите.

Можеби причина или оправдување за ваквиот развој на настаните е и стратегијата на Владата, помалите откупувачи да ги дооткупат овие преостанати количини, но за многу пониска цена?

Но, се ова е на штета на тутунарите кои логично очекуваа повисоки откупни цени во година кога реколтата беше помала но и со далеку поголем квалитет од лани.

Се погласна е чаршијата дека многу функционерски столици во Комбинатот се веќе “разнишани”? Дали пролетната метла ќе мете и во дворот на овој гигант, ќе покаже времето.

Се најавува нов ценовен шок?

Цената на суровата нафта и натаму останува висока по ескалацијата на тензиите меѓу Украина, Русија и западот, пренесува press24.

По вчерашниот рекорд кога барел нафта на берзата во Лондон се продаваше по над 99 долари, денеска цената и натаму останува на ниво над 96 долари за барел што гарантира дека и во иднина ќе имаме исклучително високи цени на горивата во Македонија.

Евентуална ескалација на тензиите дополнително може да ја зголеми побарувачката на нафта што дополнително ќе ја зголеми нејзината цена на берзите.

За нас во Македонија тоа значи дополнителен раст на малопродажните цени. Доколку продолжи овој тренд на забрзан раст на цената на суровата нафта на светските берзи и во текот на неделата, не се исклучува можноста од понеделник да имаме уште едно значително зголемување на малопродажните цени.

Ние и во моментов плаќаме рекордно висока цена. Литар бензин чини 84 денари за 98 октанскиот и 82 денари за 95 октанското гориво.
Дизелот во моментов чини 74 денари за еден литар.

Извор: press24

Османи најави санцкии за Русија

Неофицијално, како што пренесуваат дел од руските медиуми, Владимир Путин имал свои ритуали. Имено, претедателот откако ќе се разбудел од спиење, три пати помислувал на Македонија, па го пиел своето утринско кафе.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на ТВ Алсат синоќа најави дека и „Македонија ќе биде дел од санкциите на ЕУ против Русија“.

Тој нагласи дека од овој конфликт требало да се стравува уште пред две години, откако не бевме дел од НАТО. Османи нагласи и дека во случај на конфликт во Европа, ќе имаме импликации во однос на гасот и нафтата и покачување на цените.

Руско-украинскиот конфликт ќе влијае на импликацијата на гасот и нафтата и во Европа ќе има зголемување на цените. Исто така, сакам да додадам дека ние како држава сме дел од санкциите на ЕУ кон Русија и 100 отсто сме во хармонизација со Европската Унија“, рече Османи во ТВ емисијата 200.

Инаку ЕУ вчера попладне едногласно донесе одлука за санкции против Русија по завчерашната одлука на Москва да ја признае независноста на двата региона во источна Украина, Донецк и Луганск.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на прес-конференција вчера изјави дека санкциите на ЕУ ќе бидат насочени против 27 лица и субјекти. Тој ги спомена руските пратеници кои поддржаа признавање на отцепените региони, како и банки кои ги финансираат носителите на клучните одлуки и нивните операции во Донбас.

Санкции претходно објави и Велика Британија, како и Германија која посочи дека го стопира гасоводот „Северен ток 2“.

Синоќа и американскиот претседател Џо Бајден најави санкции за двете најголеми руски финансиски институции – ВЕБ и Руската воена банка. Покрај тоа, тој најави санкции за руската елита и членови на нивните семејства, како и дека „делови од руската економија ќе бидат отсечени од меѓународните финансиски системи“.