дома блог страница 1679

Родители со тyпаници делеа пpaвда на кошapкарски натпpeвар за деца – Ваква бpyка може да има само кај нас (Видео)

Срамен инцидент се случи на дуелот од кошаркарската М14 лига, пресметка меѓу „вечните ривали“ Работнички и МЗТ Скопје, откако родител на еден од гостинските играчи се симна на терен и се обиде физички да нападне дете од таборот на „центарци“.

На инцидентот претходеше мал конфликт меѓу кошаркарите на двата тима, но шокот настана кога неодговорниот родител ја прескокна оградата во салата „Градски Парк“ и тргна кон детето на Работнички.

Следеше и кратка физичка пресметка со едно од присутните лица на паркетот, по што настана хаос, пред состојбата конечно да се смири.

„На денешниот натпревар каде што нашите најмлади кошаркари остварија убедлива победа,имаше немили сцени.Каде што родители од спротивната страна (мзт скопје) се обидоа физички да нападнат малолетно дете, кошаркар од тимот на РАБОТНИЧКИ. Пред се ова е срам за кошарката, особено кога во прашање е натпреварување на малолетни деца до 14 години. Нашиот став и мислење е дека вакви непосакувани настани не треба да поминат неказнети и се надеваме дека надлежните органи ќе превземат соодветни мерки“, објави КК Работнички, крај видеото од овој немил настан.

ИЗВОР: ЕКИПА.МК

Објавена програмата за карневалот “Прочка 2022”

Oпштина Прилеп ја објави програмата за годинешното издание на карневалот “Прочка”:

Жена лавица: Вработена во обложyвалница во Скопје му се cпpoтиcтави на вoopyжен маж и го спacи пpoметот (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од обид за грабеж на спортска обложувалница во Скопје, кој можеше да заврши и трагично по животот на вработената која помина само со повреди.

Нејзината храброста беше пречка овој крадец да го испразни сефот. Жената му се спротивставила на крадецот кој во раката имал нож и ја повредил вработената во левата рака и и левата надлактица.

Повредена, вработената била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје каде што поради шок не можела ниту да даде изјава и да посведочи пред полицијата.

Сега е веќе алармантно: И Ковачевски ја ocyди Рycиja

Премиерот Димитар Ковачевски преку својот Твитер профил ја осуди одлуката на Руската Федерација да ги признае регионите Донецк и Луганск во Украина како „Народни Републики“.

„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики“. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015. Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат.“ – напиша Ковачевски.

Тачи не одел во Собрание оти ќе требало да му врзи шaмap на Апасиев (Видео)

Во Клан Дебатa, лидерот на ДПА, Мендух Тачи ја критикуваше соработката на албанските партии со партијата Левица. Според него, дискурсот на оваа партија покажува колку е антиалбанска.

„Левица не ја прифаќа независноста на Косово. Левица го искина документот на кој што пишуваше на албански јазик. “, изјави Тачи.

Потоа додаде дека не се појавува на дискусии во Собранието бидејќи ќе треба да го истепа лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Русите нека му ја мислат: Албанија го ocyди пpизнавањето на Доњецк и Луганск од страна на Рycиja

Официјална Тирана ја осуди одлуката на Русија да ги признаe самопрогласените „Доњецка народна република” и „Луганска народна република” и ја повтори подршката за Украина.

Прв реагираше претседателот Илир Мета, кој, откако ја осуди одлуката на Русија, во официјална реакција оценува дека овој униталатерален акт претставува “тежок прекршок на меѓународното право, договорот од Минск и го поткопува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина”.

„Албанија останува обединета со партнерите и сојузниците во подршката за Украина“, напиша Мета.
И министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, ја осудува руската одлука и наведува дека тоа е јасно кршење на меѓународното право, договорот од Минск, како и закана по територијалниот интегритет и независноста на Украина.

И таа, како и Мета посочува дека “Албанија останува обединета со партнерите и сојузниците во поддршката за Украина”.

Министерот за одбрана Нико Пелеши смета дека оваа одлука на Русија е опасно движење кое носи нејаснотии за мирот, безбедноста и стабилноста на европскиот континент.

– Ќе останеме цврсти во поддршката за нашите украински партнери, а НАТО Алијансата е пообединета од кога било, стои во објавата на Пелеши.

Во своето обраќање, Путин ја спомна и Македонија (Видео)

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин синоќа потпиша декрет со кој Русија ја призна независноста на сепаратистичките региони во Украина, Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск.

„Ситуацијата во Донбас повторно стана критична и директно ви се обраќам, не само да ја проценам ситуацијата, туку и да ја информирам јавноста за одлуките што ги донесовме и за можните понатамошни чекори“, посочи тој.

„Денешна Украина може да го носи името на Владимир Илич Ленин, тој ја создаде“, рече Путин во ТВ-обраќањето.

„Украина е геополитичка фикција создадена од Сталин во 1920-тите. Таа земја беше оштетена од распадот на СССР“, додаде тој.

„Украинските олигарси не се грижат за народот, тие им служат на геополитичките интереси на Западот“, рече Путин, додавајќи дека „Украина не успеа да развие стабилна државност“.

„Украина е сведена на статус на колонија со која владее марионетски режим“, рече Путин.

Путин ги нарече „Пуч“ настаните од 2014 година, кога Украинците го соборија прорускиот претседател.

Путин во обраќањето ја спомена и Македонија , која заедно со Црна Гора неодамна стана членка на НАТО и со тоа Алијансата се приближува кон границата со Русија.

Во Македонија работите ги тераме строго на мускули (Видео)

Прва македонска фудбалска лига, или како што практикуваат спортските работници да кажат, најелитното фудбалско друштво кај нас.

Натпревар помеѓу Борец од Велес и Шкендија од Тетово. За останатото погледнете го видеото во продолжение и ќе ви стане јасно:

Бујар Османи се налути на Русија и “ocтpo” реагираше на Твитер

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа потпиша декрет со кој Русија ги призна украинските самопрогласени републики Доњецк и Луганск за независни.

На ова “остро” реагираше македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој на Твитер напиша:

-Силно го осудуваме признавањето од страна на Русија на украинските области Доњецк и Луганск како независни. Ваквите дела претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Македонија ја повторува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина – напиша на Твитер министерот Османи.

Светот во шок: Путин потпиша декрет и ги призна Доњецк и Луганск како независни дpжави (Видео)

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин ја призна независноста на сепаратистичките региони во Украина, Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск.

Пред неколку минути тој го потпиша указот со кој се признава независноста на овој регион кој е дел од Украина, а се обврза на воена и економска соработка со истите.

Признавањето на овие региони како независни отвора правна можност за интервенција на Русија на де јуре украинска територија.

„Ситуацијата во Донбас повторно стана критична и директно ви се обраќам, не само да ја проценам ситуацијата, туку и да ја информирам јавноста за одлуките што ги донесовме и за можните понатамошни чекори“, посочи тој.