Градежна офанзива во Штип: Новиот градоначалник Јорданов од ден во ден ги исполнува предизборните ветувања (Фото)

Новата штипска локална власт предводена од градоначалникот Иван Јорданов работи со полн погон

Од самиот старт на неговиот мандат Штип секојдневно оди кон подобро. Се асфалтираат улици, се чистат депонии, светна и крстот на Исарот… се работи на сите страни.

Денеска пак се започна со асфалтирање на пет паркинг места и две пристапни улици во населба “8-ми Ноември”.

-Како што најавивме, денес започнавме со асфалтирање на пет паркинг места и две пристапни улици во населба 8ми Ноември. Местата од каде што беа отстранети времените лимени гаражи, добиваат нови паркинг површини со кои ќе се олесни функционирањето и секојдневието на тамошните жители. Освен во оваа населба, вакви паркинг локации ќе овезбедиме и во населбите Автокоманда и Сењак – напиша Јорданов на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.