дома блог страница 1659

Советник од Битола по трет пат по костум се спушти со сноуборд по Пелистер – еве која е причината (Видео)

Советниците од граѓанската иницијатива „Поинаку“ побараа Детското одморалиште „Пелистер“ да биде отстапено на користење на Општина Битола.

-Да ги вратиме децата на Пелистер, на зимување, летување, настава во природа, екскурзии, семинари, излети, апелираат тие.

Спуштајќи се по костум на Пелистер, иницијативата ја најави советникот од „Поинаку“ Иван Чулакоски, кој трета година по ред се спушта по костум од врвот на Баба планина со една цел – Пелистер да прерасне во врвен туристички центар.

-Како „Поинаку“ доставивме иницијатива за поднесување на барање до Владата за отстапување на Детско одморалиште Пелистер на Општина Битола, со цел негово рестартирање како јавно детско одморалиште со намена за одмор и рекреација. На следната седница на Советот на Општина Битола, која ќе се одржи на 15.03.2022 година ќе се расправа за оваа точка на дневен ред, но со оглед на тоа што станува збор за објект со огромно значење кој долг период е затворен и оставен да пропаѓа, очекуваме поддршка од сите колеги, порачаа од „Поинаку“.

Бензинот и нафтата ќе стигнат до стотка, а од СДСМ велат дека го штителе стандардот на граѓаните

Донесен е нов пакет со 26 економски мерки, во вредност од 400 милиони евра кои ќе обезбедат заштита на животниот стандард на граѓаните и финансиска поддршка за компаниите и одржување на нивната ликвидност.

Една од клучните мерки е укинување на повластената стапка на ДДВ за основните прехранбени производи. Лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата ќе бидат со нула отсто ДДВ, а маржата за овие артикли ќе биде замрзната во периодот април – јуни.

Повластената даночна стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата ќе важи до крајот на годината.

За најранливите категории воведуваме ваучер во вредност од 1000 денари месечно, за период од три месеци за околу 35.000 граѓани, и истите би се користеле за купување на основни производи. Иста таква субвенција субвенции ќе добијат и околу 330.000 пензионери.

Дополнително, ја намалуваме стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас и метан.

Ќе се намали и акцизата на горивата врз основа на берзанските цени, а со тоа се намалува и малопродажната цена на горивата, за дизел за 10,5 денари и за бензин 11,5 денари.

Поддршка ќе добијат и домашните компании преку финансиска поддршка преку директно кредитирање од Развојна банка, финансиска поддршка преку комерцијалните банки со бескаматни кредити за обртни средства кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, нова линија за поддршка на стопанството преку Европската инвестициска банка за зелена транзиција.

И во време на криза СДСМ го штити стандардот на граѓаните, минималната плата порасна на 18.000 денари, следува рекорден раст на пензиите, а стапката на невработеност е на историски најниски 15,2 отсто.

За два дена бензините поскапеа за 9, дизелот за 18,5 денари

Цената на горивата за два дена двапати се зголеми. Во понеделникот согласно новата одлука на РКЕ, бензините поскапеа за 5,5 денари, а дизелот за десет денари. Со новата одлука на Регулаторна донесена вчеравечер, горивата од полноќ повторно се продаваат по повисока цена, цените на бензините се зголемија за 3,5 денари, а дизел горивото поскапе за 8,5 денари.

За два дена, цената на бензините поскапе за 9 денари, а дизелот се продава по повисока цена од 18,5 денари.

Ова се актуелните цени на горивата во Македонија:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95- 93,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98- 95,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)- 94,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 90,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 59,165 (денари/килограм)

Од РКЕ велат дека ваквото зголемување се должи на зголемувањето на цените на светските берзи кај нафтените деривати, но и зголемување на курсот на доларот во однос на денарот.

Како дел од пакетот мерки кој го донесе вчера Владата, се намалува и стапката на ДДВ на 10 проценти за дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и акцизата врз основа на берзанските цени.

За да се применат дел од мерките ќе се менуваат законите за акцизата и за ДДВ, а како што порача премиерот Димитар Ковачевски, сите пратеници имаат одговорност и обврска пред граѓаните за да бидат изгласани. Измените на законите, според најавите од премиерот, уште денеска ќе се најдат пред пратениците.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата предложила комплициран модел кој не гарантира намалување на цените на горивата.

-Наместо да го прифати предлогот за намалување на акцизата кај нафтените деривати, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, со што цената на бензинот од утре би се намалила за 13 денари, а на дизелот за девет денари, премиерот Ковачевски денеска предложи комплициран модел за намалување на акцизата кој не само што не го разбра јавноста, туку и не гарантира дека ќе придонесе за намалување на малопродажната цена на горивата, рече на прес-конференција Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако мерката за намалување на акцизата е премалку, дополни, намалувањето на ДДВ сигурно доаѓа предоцна. Некои мерки кои одамна се во сила, беа промовирани како нови, како што е на пример додатокот за енергетска сиромаштија кај примателите на социјална помош и слично, посочи Славевски, коментирајќи ги владините мерки.

Претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимовски истакна дека сите мора да покажат солидарност.

-На овој начин, во крајната цена влијаеме делумно да се амортизира огромниот пораст. Дополнително олеснување врз притисокот на крајната цена ќе бидат и најавените измени во делот на ДДВ и акциза, кои апелираме побрзо да се донесат, изјави Бислимоски.

Поради рекордниот раст на сите нафтени деривати на светските берзи од РКЕ завчера најавија дека ќе носат одлуки на дневно ниво доколку има потреба.

Следните две недели се клучни

Премиерот најави намалување, Регулаторнa најави зголемување, а граѓаните најавија банкротирање.

Новите цени на гopивата не би требало да ви вознемируваат граѓаните, бидејќи се најниски во регионот. Нема простор за паника. Повторуваме, нема простор за паника!!!

Нема простор за паника доколку сте премиер или министер. Нема простор за паника и доколку сте сопственик на бензиска пумпа. Нема ниту простор за паника ако вашите фирми често “на регуларен начин” добиваат тендери. Но, доколку сте обичен граѓанин со просечна македонска плата, е тогаш, тогаш може малце да паничите.

Од вечерва малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 8,50 денари/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,50 денари/литар.

Следните две недели се клучни!

Нов yдap: Горивата повторно поскапуваат – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека цените на сите нафтени деривати на светските берзи во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај сите нафтени деривати и тоа : кај бензинот за 8,971 %, кај дизелот за 16,811%, кај екстра лесното масло за 14,445% и кај мазутот зголемување за 9,336%. Во исто време, курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 1,078%. Согласно овие податоци, РКЕ донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,88 % во однос на Одлуката од 7.3.2022 година.

“Донесовме одлука со која ја намаливме трговската маржа за 33% на сите трговците со нафтени деривати. Ова е единствен механизам кој на РКЕ му стои на располагање. И сега го активираме затоа што ова се вонредни услови, и мора сите да покажат солидарност. На овој начин, во крајната цена влијаеме делумно да се амортизира огромниот пораст. Дополнително олеснување врз притисокот на крајната цена ќе бидат и најавените измени во делот на ДДВ и акциза, кои апелираме побрзо да се донесат,“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 8,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 4,846 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,165 ден/кг.

Од 10.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95- 93,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98- 95,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)- 94,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 90,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 59,165 (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

(Фото) Нова ситуација на “Пане Талески”…турен е тампон

Откако вчера после апелот на граѓаните објавивме за состојбата во која се наоѓа улицата “Пане Талески” во населбата “Под Кули”, денеска надлежните се фатија за работа.

Веднаш се пополнети дупките со тампон, па веројатно следен чекор ќе биде целосно санирање на асфалтот.

Објавата следуваше откако граѓани се пожалија дека ги искршиле колите на бројните кратери на улицата.

Конечно се јави Миле Талевски и сега се’ е веќе полесно

Фејсбук статус на пратеникот од СДСМ Прилеп, Миле Талевски

-Одлични вести за граѓаните, премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски објави пакет од 26 мерки кои ги донесе Владата, вредни 400 милиони евра, за поддршка за граѓаните и стопанството во оваа глобална економска и енергетска криза.

Се укинува ДДВ за основните прехранбени продукти, го штитиме стандардот на граѓаните; Намалување на акцизите за горивата; Намалување на ДДВ за енергенсите од 18% на 10%; Дизелот ќе поевтини за 10 денари, а бензинот за 11,5 денари; Нова методологија за пресметка на цената на струјата за заштита на малите потрошувачи; Вредносни ваучери, 3.000 денари за 35 илјади граѓани од ранливи категории; Ослободување од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична и топлинска енергија – напиша Талевски на ФБ.

Црковниот одбор на „Св. Архангел Михаил”-Пустец упати апел за помош за изградба на камбанарија

Црковниот одбор на село Пустец по барање на македонските верници од Пустец, одлучи да изгради камбанарија за црквата „Свети Архангел Михаил” во Пустец, област Мала Преспа.

– Сите го знаеме, го гледаме и го имаме посетено убавиот божји храм (црквата) посветен на „Св.Архангел Михаил” во Пустец. Овој храм е во центарот на Пустец и со неговата убавина го разубавува плоштадот „Гоце Делчев”. Храмот е во тек на доградување од внатре и градежните работи се во тек. Но, на овој наш свет храм му недостасува камбанарија. За жал, камбаната ја имаме, обесена е на едно железо, кое не е соодветно за тоа, вели намесникот на парохијата, отец Алексо Темелко.

Тој во име на црковниот одбор на село Пустец упати апел до сите верници, според нивните можности, да донираат за изградба на камбанаријата.

-По молба и барање на нашите верници од Пустец, да се изгради камбанарија за црквата „Св. Архангел Михаил” која навистина му е потребна, се потрудивме и со Божја помош успеавме да добиеме, убав проект на камбанарија која и одговара на црквата. Камбанаријата ќе биде висока 15 и широка 4 метри. Но, за нејзина изградба неопходна ни е помош и затоа упатуваме апел за донирање средства. Од напред искажуваме голема благодарост и се надеваме на Ваша поддршка. Господ секому да му помогне и „Свети Архангел Михаил” да ги заштити, апелира отец Темелко во име на Црковниот одбор.

Секој кој сака да донира, вели тој, тоа мо е да го направи на следните жиро сметки: за донации од Република Албанија на жиро сметката 410590037010117, додека за донации надвор од Република Албанија на жиро сметката AL89214411030410590037010117.

Ердоган: “Турција нема да преземе никакви мерки против рускиот народ и култура”

Претседателот на Турција рече дека „фашистичките практики“ против Русите фрлаат сенка врз легитимната борба на Украина, пренесува Ал Џезира.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата изјави дека земјата ги отфрла сите потези на “лов на вештерки” против рускиот народ, уметност, научници или уметници.

„Како што не би ја напуштиле Украина, не прифаќаме практики слични на лов на вештерки против рускиот народ, литература, студенти или уметници“, рече тој во обраќањето до Клубот на претставници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Потсетувајќи дека германската филхармонија од Минхен го отпушти рускиот диригент поради неговата поддршка на рускиот претседател Владимир Путин, Ердоган рече дека таквите „фашистички практики“ фрлаат сенка врз легитимната борба на Украина да им се спротивстави на руските војници.

Турскиот претседател ги критикуваше и меѓународните организации дека не преземаат акција околу воените зони, особено Советот за безбедност на Обединетите нации.

Нови цени за лебот, маслото, месото и јајцата

Владата денеска донесе мерки за ублажување на ефектите од економската криза и зголемувањето на цените кои произлегоа по руската инвазија на Украина. Ковачевски на прес-конференција рече дека по состанокот на Економскиот совет во Владата донесен е пакет од вкупно 26 мерки.

Мерките се поделени во две категории – мерки и препораки за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите и мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка.

-Во делот на мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите се следните: Ја намалуваме повластената стапка на ДДВ за основните производи за исхрана од 5 на 0%. Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се леб, шеќер, брашно тип 300, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Ги замрзнуваме маржите на основните производи за исхрана. Со оваа мерка спречуваме на наднормален профит,а ќе се влијае на ублажување на влијанието на ценовиот шок врз одбрана категорија на прехранбени производи. Предвидуваме субвенции, односно ваучери за најранливите категории на граѓани за основни производи за исхрана. Тоа се ваучери од 1.000 денари месечно за период од три месеци за околу 35.000 граѓани. Истите би се користеле за купување на основни производи. Воведуваме автономна мерка за увоз на основни прехранбени производи и суровини кои имаат царински давачки од сите земји, рече Ковачевски.