дома блог страница 1658

Петровска: Зеленски не го оставивме сам

инистерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека тие не го оставиле украинскиот претседател Володимир Зеленски сам.

„Не би рекла дека го оставивме сам заради тоа што со сите механизми, кои во изминатиов период ги видовме, ги преземаме сите мерки и активности за спротиставувањето на агресорот во Украина. Мислам дека покажавме прилично голема солидарност“, вели Петровска.

(Видео) Петровска: “Jовано, Јованке” ми е омилена песна

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ гостува министерката за одбрана Славјанка Петровска, која зборуваше околу нејзината посета во Обединетото Кралство каде беше пречекана со поздрав на македонски јазик и изведба на песната „Јовано, Јованке“ од страна на британскиот воен оркестар.

Министерката вели дека ова е нејзина омилена песна, а настанот го оцени како добар гест на домаќините.

„Не знаев дека на толку добар начин и со ваков пријатен гест ќе бидам изненадена“, вели Петровска.

Инаку, Петровска подоцна истакна дека неколку дена претходно му соопштила на британскиот колега за омилената песна, а потоа тој се погрижил оркестарот да ја научи и интонира.

Уште малку и стотка: Вечерва ново изненадување од Регулаторна

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека се исполнети предусловите за корекција на цената на поголем дел од нафтените деривати поради тоа што продолжува трендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи и во исто време курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 0,49%. Во споредба со претходната пресметка се бележи зголемување кај следните нафтен деривати и тоа во просек : кај дизелот за 3,616%, кај екстра лесното масло за 2,984% и кај мазутот зголемување за 2,265%. Согласно овие податоци, РКЕ донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67 % во однос на Одлуката од 9.3.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,404 денар/килограм и сега ќе изнесува 60,569 ден/кг.

Од 11.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 95,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 60,569 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прилепски професор вложил 17.000 работни часови и креирал над 800 презентации за своите ученици

Професорот по хемија при гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп, Блаже Димески, го направи неговиот предмет интересен за сите ученци.

Димески вложил над 17.000 работни часови за да го креира сајтот ehemija.mk, каде се содржани над 800 презентации, користени во наставата по хемија ширум Македонија.

Професорот Блаже Димески, со 24 годишно искуство во наставата по хемија е еден од најтрофејните професори по хемија во Македонија, со многу освоени награди на неговите ученици на различни државни или меѓународни натпревари по хемија.

Проектот кој ја добилижи хемијата до учениците го започнал во 2013 година, па денеска тоа што го започнал пионерски е најголема енциклопедија по хемија кај нас и ги заслужува сите пофалби.

Презентациите се професионално изработени, современо обликувани, со многу визуелни и звучни ефекти, на разбирлив начин прифатливи за сите, со доза на хумор и со интересни факти.

Во презентациите опфатени се сите наставни содржини по предметот хемија од основно одделение, до високо образование.

Еден навистина интересен проект кој со сигурност ќе ги заинтересира и оние на кои некогаш хемијата им била слаба страна.

СЕКОЈА ЧЕСТ! КОЛКУ ПОВЕЌЕ ВАКВИ ПРОФЕСОРИ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ ПИСМЕНИ ГЕНЕРАЦИИ! Се надеваме дека трудот на Професорот Димески ќе мотивира и други професори по други предмети да се посветат и да креираат нешто слично.

За крај само ќе потсетиме дека Проф. Димески за постигањата и придонесот во образованието во Прилеп, во 2014 година ја доби престижната градска награда „Трети ноември“

Османи: “Зошто толкава хистерија за Бесмира Ејупи, зошто е млада, зошто е Албанка?”

Министерот за надворешни работи Бујар Османи тврди дека не го знае името на Бесмира Ејупи, дека никогаш нема запознаено човек со тоа име и презиме, во интервју за Макфакс.

„Ова го сметам повеќе како шпекулација и врз основи на разговори во Влада, иако никогаш немало одобрена одлука за тоа прашање во Влада. Јас не ја познавам, не сум ја сретнал во животот. И да постоело, зошто е реакцијата? Затоа што е жена, затоа што е млада, затоа што е Албанка? Таа госпоѓа јас не ја знам и немало одлука. Сега повеќе го коментирам ефектот на оваа дебата во јавноста кој се создаде и создаде недобар вкус, рече Османи.

Прашува зошто се прејудицирало и вели дека не можеме да ги отфрлиме младите. Додава дека Македонија имала премиер на тие години, а тој бил министер за здравство на 28 години.

„Таа беше чудна дебата, беше затворена седницата, но немаше таква одлука. Сепак дебатата беше чудна и треба да се анализира од каде таа хистерија. Јас освен на телевизија таа госпоѓа не сум ја видел. Вчера и премиерот Димитар Ковачевски тврдеше дека за Бесмира Ејупи слушнал на вести.

Уапceн 34-годишен прилепчанец: Полицијата му пронашла две пакувања со бела грутчеста материја

Уапceн 34-годишен прилепчанец- полицијата му пронашла две пакувања со бела грутчеста материја.

На 09.03.2022 на ул.„11 Октомври“ во Прилеп од полициски службеници на ОВР Прилеп лишен е од слобода Д.С.(34) од Прилеп, бидејќи кај него биле пронајдени две пакувања со бела грутчеста материја – aмфeтaмин.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава поради сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.

Сообраќајна нecpeќа на патот Прилеп-Битола: Со автомобил удриле во животно и излетале од патот

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.

На 09.03.2022 во 22.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А3 Битола-Прилеп, патничко возило „опел“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(41) од Демир Хисар удрило во животно и излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повpeди се здобила 17-годишна сопатничка, а со телесни повpeди М.П.(65), и двете од Демир Хисар, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Нема простор за паника! Регулаторна најавува ново поскапување на горивата вечерва

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски бара од трговците да имаат разбирање во однос на намалувањето на маржата на 33%.

„Тоа е што ние можевме како Регулаторна да го направиме. Ќе дојдат мерките од Влада, барам разбирање од страна на трговците“, велат од РКЕ.

Речиси сите трговци реагирале на последните измени кои ги воведе РКЕ, но во овој момент никој не информирал дека ќе прекине да точи гориво во знак на протест.

Инаку малопродажната цена се утврдува со просек од последните 5 дена на цените на светските берзи.

Според берзата, денеска се очекува ново зголемување на цените на малопродажба кај нас, тоа официјално ќе го објави вечерва регулаторната комисија.

Регулаторна објавува нови цени само ако поскапувањето или поевтинување е поголемо или еднакво од 2 денари.

Taлент: Kpaдел, па работите ги продавал преку „Фејсбук“

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба при Секторот за внатрешни работи Скопје денеска го лишиле од слобода М.Б.(33) од Скопје.

При претрес на неговиот дом на подрачјето на Лисиче, извршен по добиена наредба од Кривичен суд Скопје, пронајдени се поголем број предмети кои потекнуваат од кривично дело кражба, извршена во периодот од 5 до 28 февруари 2022 во деловен субјект лоциран на подрачјето на Илинден, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информиарат дека М:Б е приведен во полициска станица и при извршениот службен разговор го признал делото и појаснил дека украдените производи ги нудел на продажба преку социјалните мрежи.

По комплетирање на службениот материјал против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, наведоа од МВР.

Уште еден кој почна да слуша од телевизија: Ковачевски за несудената конзулка Бесмира Ејупи прв пат слушнал на вести

Јас немам потпишано одлука Бесмира Ејупи да биде генерален конзул во Њу Џерси, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

-Ние таму имаме конзул кој е дипломат од кариера и таму ќе остане веројатно до крај на мандатот – рече Ковачевски на ТВ 24.

Во однос на прашањето дали одлука за Ејупи била донесена на затворена владина седница, тој рече дека за одлуките на вакви седница не може да коментира, бидејќи информациите со класифицирани.

-Јас не ја познавам Ејупи, ниту станала конзул – посочи Ковачевски, додавајќи дека за нејзиното име првпат слушнал на вести.