дома блог страница 1660

Предлог мерки на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на цената на гopивата

Фејсбук статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Во крајната цена 89,5 ден/литар на БС95 се содржани:
⁃ 53 денари/литар (во оваа цена се вклучени цената на горивото, маржата и дистрибуцијата); ⁃ 22 денари/литар (во оваа цена е вклучена акцизата); ⁃ 1 денар/литар (во оваа цена се вклучени надомест за животна средина и надомест за резерви на нафта); ⁃ 13,5 денари/литар (ДДВ).

Доколку се намали на 50% акцизата на горивата како што предлага ВМРО-ДПМНЕ и наместо 22 денари/литар биде 11 денари/литар, тогаш вкупната цена ќе биде околу 13 денари/литар поевтина.
Во крајната цена 85,5 ден/литар на дизелот се содржани:
⁃ 56,5 денари/литар (во оваа цена се вклучени цената на горивото, маржата и дистрибуцијата); ⁃ 15,5 денари/литар (во оваа цена е вклучена акцизата); ⁃ 0,5 денар/литар (во оваа цена се вклучени надомест за животна средина и надомест за резерви на нафта); ⁃ 13 денари/литар (ДДВ).

Доколку, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, се намали на 50% акцизата на горивата и наместо 15,5 денари/литар биде 7,75 денари/литар, тогаш вкупната цена ќе биде околу 9 денари/литар поевтина.

Се намалува акцизата и ДДВ-то за горивата: Oва се новите цени

Владата денеска донесе нови мерки за ублажување на ефектите од економската криза и зголемувањето на цените кои произлегоа по руската инвазија на Украина. Ковачевски на прес-конференција рече дека по состанокот на Економскиот совет во Владата донесен е пакет од вкупно 26 мерки.

Мерките се поделени во две категории – мерки и препораки за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите и мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка.

-Ја пролонгираме примената на повластена даночна стапка од 5% за прометот со електрична енергија кој домаќинствата. Како и досега, со оваа мерка го ублажуваме ценовниот удар од растечката цена на електричната енергија на светските берзи и го штитиме животниот стандард на граѓаните. Оваа повластена даночна стапа ќе важи до декември 2022 година. Препорака за менување на методологијата за утврдување на цената за домаќинствата и мали потрошувачи кои се на регулираниот пазар за електрична енергија е следната мерка. Нова методологија која ќе обезбеди пониска цена за електричната енергија за домаќинствата кои се најпогодени и за малите потрошувачи. Ја продолжуваме програмата за енергетска сиромаштија. Оваа мерка вклучува субвенции за потрошувачка на енергија за сите домаќинства корисници на електрична енергија, вели Ковачевски.

-Субвенциите за пензионерите се во вредност од 1.000 денари за три месеци или вкупно 3.000 денари кои би се користеле на купување на основните производи што произлезе од Социјалниот дијалог којшто го имавме со Сојузот на здруженија на пензионери. Го продолжуваме субвенционирањето на цената на електрична енергија за регулираниот пазар за домаќинствата и за малите потрошувачи. Со оваа мерка ги штитиме потрошувачите во периодот на значителен ценовен пораст на електричната енергија која во моментот е со рекордни цени на светските берзи. Мерката ќе е активна до јучи 2022 година. Ја субвенционираме цената на топлинска енергија. Со оваа мерка овозможуваме навремено и квалитетно снабдување со топлинска енергија за потрошувачите на делови од Град Скопје, вели Ковачевски.

Една од мерките е и финансирање на проектите за енергетска ефикасност за општините преку користење на поволен кредит од Светска банка спроведен од Министерството за финансии.

Ковачевски рече Владата дала и препорака за менување на методологијата за усогласување на цените на дериватите врз основа на промената на берзанските цени од неделна на дневна основа.

-Препораката е цените да се менуваат на дневна основа, барем во периодот додека трае енергетската криза во Европа и на тој начин да се избегнат големи ценовни промени од една до друга одлука. Го пролонгираме воведувањето на еколошката такса за енергенси. Со оглед на големиот пораст на берзанските цени на нафтата Владата ќе го пролонгира воведувањето на т.н. еколошка такса за енергенти која е во собраниска процедура. Ја намалуваме стапката на ДДВ од 18 на 10 проценти при промет на енергенсите, дизел, безоволен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан. Оваа мерка ќе ја заштити куповната моќ на крајните потрошувачи, граѓаните, вклучително и земјоделците кои произведуваат во мал обем, односно не се регистрирани. Со намаленото ДДВ практично се намалува цената на енергенсите за граѓаните, со што имаме заштита на животниот стандард од една страна, а од друга страна преку мерката се зголемува ликвидноста и солветнтноста на фирмите. Ја намалуваме акцизата врз основа на берзанските цени. Намалување на акцизата за 1, односно 2, односно 4 денари по литар на безоловниот бензин, на гасното масло, како погонско гориво дизел и на гасното масло како гориво за греење, екстра лесното масло за греење во случај средната дневна берзанска цена предметните енергенти за аконтација да е повисока од 800 американски долари за тон, но пониска или еднаква на 1.000 американски долари за тон, односно од повисока од 1.000 американски долари за тон, но пониска или еднаква од 1.200 американски долари за тон, односно да е повисока од 1.2000 американски долари за тон. Мерката се предлага со цел ублажување на влијанието на зголемените цени на енергентите на светските берзи и со тоа заштита на куповната моќ на потрошувачите, рече Ковачевски.

Според него, мерката ќе има директно влијае врз малоппродажната цена на овие енергети и тоа за околу 1,2 денари, односно, 2,3 денари, односно 4,7 денари, вклучувајќи го и ефектот за намалениот ДДВ за износот на намалена акциза.

-Би се применале акцизи намалени за 2 денари, дизелот наместо 85,5 денари би се намалил за 10,5 денари и би изнесувал 75 денари. Бензин наместо 91,5 денари би се намалил околу 11,5 денари и би изнесувал 80 денари, рече Ковачевски.

Владата пронајде нафтени полиња во Пехчево?

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Битиќи ги смирува граѓаните во однос со нафтата, и вели дека не увезуваме од Русија.

„Нема простор за паника за недостиг на нафта, изворот не ни е од Русија“, рече Битиќи, додавајќи дека во текот на последните два дена пред покачувањето, се продадени 200 тони нафта, а вообичаено се продаваат 40 тони.

Со насловот на статијата немаме намера да ги навредиме граѓаните на Пехчево. Името на градот беше избрано по случаен избор. И кој знае, можеби токму на овој начич ќе ја придвижиме и “пехчевската економија”.

Пајакот товарел градежни материјали и е прекршен? Затоа е хаосот со паркирањето?

“Се паркираш сред улица, пушташ четири жмигавци – твоето возило станува невидливо и не пречи никому”

Ако пајаците во Скопје знаат боречки вештини, дали во Прилеп истите се користат како кранови за товарање на градежни материјали?

– Моментално имаме мал технички дефект на пајак возилото кој за многу брзо време ќе биде отстранет. ЈП за ПУП нема надлежност да подигнува криво паркирани возила, таа надлежност ја има единствено ОВР Прилеп. Така што, доколку ни се јави полицијата ние веднаш излегуваме на терен, како со “пајак возилотот”, така и со блокаторите.

Без одобрение на полицијата “пајак возилото” ги отстранува автомобилите кои се непрописно паркирани на паркинзите со кои стопанисува ова јавно претпријатие. Но и таму гледаме овој проблем да го решаваме само со налепници за доплата, вели директорот на ЈП за ПУП, Зоран Јовески за Инфо компас.

Како и да е, сообраќајниот хaoc е секојдневие во Прилеп и овој проблем мора да биде решен што е можно побрзо.

Каква утеха: Странските државјани кои ќе се борат во Украина ќе добијат украинско државјанство

Заменик украинскиот министер за внатрешни работи Јевхен Џенин изјави дека странските државјани кои доброволно ќе се борат за Украина ќе имаат право на украинско државјанство, пренесе украинската национална новинска агенција Укринформ.

-Украина формира меѓународна легија за територијална одбрана составена од странци кои сакаат да се приклучат на отпорот против руските агресори и да ја одбранат глобалната безбедност, објави Укринформ.

Чекаат 16.000 борци.

-Овие луѓе ќе потпишат договор, ќе добијат воен пасош, кој потоа ќе им ја замени дозволата за престој. Во иднина, ако некој од овие странски државјани сака да стане украински државјанин, нашето законодавство ќе му го дозволи тоа, рече Џенин.

Украина заплени 2 македонски камиони вредни 200.000 евpa

По речиси две недели чекање на границата меѓу Украина и Полска, возачите на валандовска фирма добиле дозвола да излезат од државата, меѓутоа без нивните камиони.

Сопственикот на фирмата кажа дека 2 камиони биле запленети без никакво објаснување и документ. Украинските гранични служби синоќа им соопштиле на возачите дека имаат околу пет минути да ги земат личните работи и да си заминат од државата.

Освен македонските камиони, биле одземани и неколку руски и белоруски камиони кои во претходните две недели беа заглавени на украинската граница.

Газдата на валандовската фирма бара помош од институциите за да може да си ги врати возилата кои чинат повеќе од 200.000 евра.

Двата камиони биле товарени со јаболко кое патувало кон Русија, а во Украина влегле пред да почне воената операција на руската армија на територијата на Украина.

Момче од Богданци пред 6 месеци ја предвиде иднината во Македонија

-Да ве потсетам на еден мој пост од 12 НОЕМВРИ 2021, пред Ковачевски да излезе заедно со Бесими и Бектеши од најавениот Економски совет со кој ќе ублажуваат цени и ќе превенираат хиперинфлација како достојна Харвард -Оксфордска коалиција, која поим нема од економија освен 10% од тендер за нив,
Читнете… да не кажете не ви кажав
– напиша на ФБ Михаил Тодоров од Богданци.

Во продолжение и неговиот ФБ статус од ноември минатата година:

Дали е во право и дали погодил се’, проценете сами…

Како да паднале руски гpaнати: Кpaтepи во центарот на Прилеп, граѓаните гневни (Фото)

Фотографијата е од улицата “Kире Пајмакоски” во центарот на Прилеп, позади “КАМ” и “Футура”.

Жителите од оваа улица апелираат и бараат поголема ажурност од надлежните за итно санирање.

Крушево затрупано под снег: Над половина метар снежна покривка го направи градот целосно непрооден (Видео)

Снежните врнежи го затрупаа Крушево. Улиците се непроодни, а граѓаните се жалат на ваквата состојба и неажурноста на надлежните.

Недај Боже на некој да му треба брза помош – вели жител на Крушево за “Алфа ТВ”.

Според УХМР снежната покривка во градот достигнала 66цм.

“За Солуна, за Стамбола, Битола не давам” – Чкембари грмеа на цел глас (Видео)

Еурофарм Пелистер го декласираше грчки АЕК во Битола и се искачи на првото место во групата Д во Европската лига.

Дури 11 гола разлика, или конечни 30:19 за битолската екипа која вечерва имаше огромна поддршка од навивачката група “Чкембари”.

Ваква атмосфера има само во салата “Боро Чурлевски” во Битола: