дома блог страница 1651

(Фото) Беше најдобриот снајперист во светот се додека не им се замеша на Русите: Во Мариупол издржа само 20 минути

Канадскиот снајперист, кој важи за најопасниот на светот, загинал за време на бopбите во Украина, објавуваат руски медиуми.

Според извештаите, Канѓанецот, познат само како Вали, бил ybиен во Мариупол.

Вали својата слава ја стекна како член на елитниот 22-ри кралски канадски полк со кој стекна борбено искуство во Авганистан помеѓу 2009 и 2011 година.

Уапceн 20-годишен прилепчанец за поседување мapиxyaна

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.03.2022 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Ќ.(20) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена мapиxyaна.

На 15.03.2022 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Д.К.(21) од Битола и К.А(47) од Прилеп затоа што кај нив била пронајдена и одземена мapиxyaна.

Радоста кратко траеше: Скок на цената на нафтата на светската берза

Утрово пораснаа цените на нафтата откако во претходните денови паѓаа, па сега на американскиот пазар барел чини околу 98 долари за барел, додека на лондонскиот пазар е околу 101 долар.

Се случи и пад на вредноста на доларот во однос валутите. Тој се движи на околу 98,89 поени, додека вчера во овој период беше 98,87 поени.

Во исто време, курсот на доларот се „лизна“ во однос на јапонската валута од 118,30 на 118,15 јени, но се засили во однос на еврото, па така сега е 1.0965, додека вчера беше 1.0980.

(Фото) Крушевска снежна миризлива идила

Kрушевчани на социјалните мрежи се жалеа за неисчистениот снег, а сега и за чистотата во градот.

Велат дека ова е секојдневие во градот кој треба да биде туристички центар во Македонија.

Тие бараат поголема ажурност од надлежните во чистењето и собирањето на отпадот, со цел да не се остава грда слика пред гостите.

Мицкоски: Ковачевски може и на чело да се тетовира двојазично

Јас ќе се изненадев ако некој од нив донесеше нова фабрика, ова не ме изненадува. Како да ви кажам, Ковачевски може и на чело да напише двојазично, тројазично, петтојазично нели, јас ќе се изненадев ако донесеа нова фабрика, да креираа нови работни места, да пораснеше економијата, да имаше повеќе пари, тоа ќе ме изненадеше. Да немаше скандали, тоа би ме изненадило, тоа не го очекувам, би ме изненадиле ако направиле нешто добро. Колку автобуси денеска спречија да заминат од Струмица, од Виница од Тетово и од Гостивар? Млади кои ја напуштаат државата, тоа мене ме интересира, дали имаме нова фабрика која денес отвори 500-600. 700 или 1000 работни места како што е тоа случај во соседството. Тука ќе ме изненадат, да реализираат некој проект нешто добро да направат, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата „Само вистина” коe синоќа се емитуваша на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде воопшто не се изненадува на ваквите работи затоа што се махери во тоа, инаку би бил изненаден доколку реализираат некој проект од оние кои цело време ги најавуваат.

Утре во ЦК “Марко Цепенков” ќе се одржи манифестацијата “Поетски бранувања”

На 17 март/ четврток/ 2022 г. од 18.00 часот во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи манифестацијата „Поетски бранувања“.

На поетската манифестација ќе се претстават 20 поети од Клубот на литературни творци – Прилеп, кои ќе презентираат дел од своето творештво.

Манифестацијата „Поетски бранувања“ е дел од сопствената програма за 2022 година на ЦК „Марко Цепенков“.

Груби се пофали: Уште една успешно завршена мисија – Албанскиот јазик ќе се најде на полициските униформи!

Албанскиот јазик официјално ќе се најде и на полициските униформи, информираше преку својот Фејсбук профил, Артан Груби.

– Уште една успешно извршена задача. Албанскиот јазик официјално и во полициските униформи. На денешната седница на Владата ја усвоивме измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик во униформите на полициските служби согласно законот, напиша Груби.

Од љубомора со “отровни стрели” кон Бумбароски? A какви кадри вработуваше СДСМ во Прилеп? (Видео)

Еден од најистакнатите советници на СДСМ во Советот на општина Прилеп, Александар Ѓорѓиоски, на денешната седница се обиде да го дискредитира назначувањето на одделенскиот наставник Гоце Бумбароски за Советник за млади на градоначалникот Борче Јовчески.

Се чини дека СДСМ во Прилеп е со кратко помнење и забораваат како и на кој начин се вработуваа и ангажираа кадри само до пред 5-6 месеци.

Одлуката за ангажирање на Бумбароски наиде на големо одобрување и поддршка од јавноста, па токму затоа денешната дискусија на Ѓорѓиоски е оквалификувана како евтин популизам.

Регулаторна одлучи: Цената на дизелот падна под бензините, ова се новите цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Тие стапуваат во сила од полноќ.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: – Моторен бензин

– ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар)

– ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 59,299 (денари/килограм)

Само во Влада нема поскапување: Телешко 160 ден, бифтек 180, сланина само 85денари (Фото)

Новинарот Јанко Илковски го објави дневното мени на Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија.

Еве што јадат и за колку пари функционерите: