(Не)среќен добитник: Mигрант “изгребал” 250.000 евра, но не може да си ги земе затоа што нема документи

Во изминатите неколку недели животот на еден млад човек од Алжир, кој моментално без документи се наоѓа во Белгија, целосно се променил кога решил да купи грепка и освоил 250.000 евра.

“Не го очекував тоа. Еднаш освоив пет евра. Следниот пат уште 10. А следниот пат… Оваа сума пари е апсолутно неверојатна. Бев пресреќен и на почетокот не можев да поверувам”, рекол Алжирецот за медиумите.

Тој во Белгија пристигнал пред два месеци преку Шпанија и Франција. Не можел да најде работа во Алжир и се надева дека ќа изгради добар живот во срцето на Европа.

„Сакам да работам. Во Брисел. Можам да отворам продавница. Белгија е добра земја“, рече тој, објаснувајќи дека од парите од лотаријата ќе купи стан, пред се затоа што моментално нема покрив над главата.

Откако „изгребал“ 250.000 евра, не се појавил една недела. Минатиот петок тројца мажи се појавија во Националната лотарија со неговиот тикет. Надлежните најпрво се посомневале дека тие го украле добитното ливче, поради што биле уапсени.

„Му ја дадов грепката на мојот пријател, бидејќи има документи. Роден е во Франција, па го замолив да ги земе парите наместо мене“, откри мигрантот.

Во меѓувреме нашол адвокат со кој ќе се обиде да дојде до парите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.