Попладнево околу 17ч. на патарината кај Велес, при претpec во возило била пpoнајдена дpoга, при што yaпceно е најмалку едно лице.
Повеќе информации подоцна.
Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) за сабота (19 март) најави протест, со кој бараат усогласување на минималната плата во пресметката на плата согласно колективните договори. Собирот започнува од 10:30 до 11 часот од паркингот кај хотелот „ВИП“ (спроти East Gate) со правец на движење кај Владата, каде е најавен синдикален камп, пренесува Радио Моф.
Претседателот на НСОН, Томислав Гиевски за Радио МОФ вели дека репрезентативниот образовен синдикат СОНК најавил штрајкови и порадикални активности доколку до 15 март не се усогласи минималната плат со колективните договори. Но, вели тој, досега не виделе припрема за штрајк, па НСОН како втор најголем синдикат ја продолжува борбата.
„Почетната плата на наставник, на стручен соработник во секторот образование изнесува 24.800 денари, што е за околу 5.200 денари под моменталната просечна плата. Значи, почетната плата е многу пониска од републичкиот просек“, посочува Гиевски.
Целата статија можете да ја прочитате на РАДИО МОФ.
На 14.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола.
На 14.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 32 возачи, од кои 14 на територија на Ресен, 4 на територија на Битола, 6 санкции на територијата на Прилеп, 3 во Македонски брод и 5 во Демир Хисар.
Во прилепскиот основен суд денеска почна судењето на прилепчанец кој е обвинет за нарушување на јавен ред и мир. Станува збор за случајот од празникот 11 октомври лани, кога при прославата на 80-годишнината од почетокот на Народното востание, прилепски активист во криптата на Могилата на непобедените вербално, со зборови, навредливи според обвинението, се обрати до тогашниот премиер Зоран Заев. Обвинението е поднесено од прилепската полиција.
Судијката, кој ја води прекршочната постапка Јованка Јованоска, ни изјави дека процесот денеска почна и не може да коментира за текот на постапката.
-Започна судската постапка за прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир за случај од 11 октомври 2021 година. Подносител е СВР-Битола, ОВР Прилеп. За овој вид прекршок е предвидена парична глоба, рече Јованоска.
Обвинетиот, прилепчанецот Иван Јованоски, како што изјави пред прилепскиот основен суд, не се кае за изречените зборови, ниту дека е виновен за обвинението. Вели дека има повикано сведоци, а меѓу другите е повикан да сведочи поранешниот премиер, Зоран Заев.
-Денеска беше првото рочиште. Јас сум обвинет од полициски службеник за нарушување на јавен ред и мир и за омаловажување на „некојси“ премиер и за „некоја“ фиктивна Република која практично не постои, неуставна, „некоја си“ Северна Македонија. Ова е за случката на Могилата на непобедените што се случи на 11 октомври 2021 година. За мене е спорно што моите зборови во изјавата се малку испревртени, и не се тие што ги кажав. Цитирам како службеникот од МВР ги има напишано: „Немаш лице да се појавиш овде, му се п….а на сите што се починати, треба да си славите уште еден празник, таму во Бугарија, не овде, ова не е веќе територија. Јас не реков „ова не е веќе територија“, туку реков „ова не е ваша територија“. Не се чувствувам виновен, стојам зад овие зборови. Истото ова лице, Зоран Заев, ги прави пријатели нашите тогашни непријатели, бугарските фашисти. Јас не се каам и стојам зад реченото. Значи, полициски службеник констатира прекршок. На наредното рочиште, од моја страна, е повикан Зоран Заев дали се чувствува омаловажен. Повикани се и полицискиот службеник и мои сведоци дека овие наведени зборови не се токму така кажани. Постојат видео-снимки. Мене не ми е јасно во кој дел има омаловажување. Го искористив прилепскиот жаргон, изјави Јованоски.
За овој вид прекршок, според Законот е предвидена парична глоба. Судскиот процес продолжува на 15 мај.
Инаку, Иван Јованоски е локален модератор на партијата „Левица“ во Прилеп и е член на советот на општина Прилеп
Детската градинка во населбата “Точила” во Прилеп, чија изградба започна во април минатата година, а требаше да биде завршена до крајот на годината, најпосле се чини влегува во завршна фаза.
Се работи за објект кој се простира на површина од 5.030 м2, кој треба да згрижива 252 деца.
-Објектот е проектиран да има приземје и кат, партерно уредување, функционално поделен на два дела, од кои едниот дел со 10 простории за занимални и 3 за детски јасли, а другиот дел во кој ќе бидат сместени стручниот кадар и администрацијата. Покрај партерното уредување, од особена важност е тоа што покривот е предвиден како зелена покривна тераса со ниска природна вегетација. Зелениот покрив овозможува одлична изолација преку целата година и заштеда на енергија. На покривната тераса ќе има сончеви колектори и фотоволтаична постројка за производство на електрична енергија за потребите на самата градинка, а ќе биде инсталирана и воздушна топлотна пумпа, со што значително ќе се намалат трошоците за греење и ладење. Објектот ќе има централно подно греење и ќе ги исполнува сите современи стандарди за енергетска ефикасност – беше истакнато при почетокот на изградбата на градинката.
Украинскиот град Мариупол беше еден од најбомбардираните од руската армија, па од него останаа само рушевини, како што може да се забележи во снимките кои беа направени со дрон.
Руските воени сили почнаа инвазија во Украина на 24 февруари, а од почетокот на војната досега загинаа 2.500 жители во градот.
На 14.03.2022 во 14.00 часот на патот за с.Оревоец, прилепско, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп пронашле огревни дрва без документи натоварени на две запрежни возила, кои ги управувале С.Ш.(27) и Е.А.(33) од Прилеп.
Лицата биле приведени во полициска станица, а дрвата и возилата биле предадени на Шумска полиција Прилеп за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.
Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до денеска, информира Автомотосојузот на Македонија.
Задолжителното поседување зимска опрема беше во сила од 15 ноември лани.
АМСМ соопштува дека е се уште непрооден регионалниот пат R-2248 село Ранковце – село Герман, на потегот од с. П’ клиште до село Герман, Општина Ранковце, блокиран од 10 месецов поради снежна покривка.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Цените на нафтата утрово дополнително паднаа, додека пред една недела беа над 130 долари за барел.
Утрово цената на барелот на лондонскиот пазар потона за 4,05 отсто, на 102,60 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 4,10 отсто, на 98,80 долари.
На девизните пазари, пак, падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 98,87 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 99,22 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 117,80 на 118,30 јени, што е ново највисоко ниво во последните пет години.
Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1.0980 долари, додека вчера во овој момент беше 1.09935 долари.
Негативното влијание од падот на Волстрит
Пазарите се лошо погодени од вчерашниот пад на индексот S&P 500 на Волстрит, како и индексот Nasdaq.
Третата недела влезе трендот на лизгање на индексот S&P 500, што е последица на неизвесноста на инвеститорите поради војната во Украина, но и неизвесноста во однос на заострувањето на монетарната политика во САД.
Денеска започнува дводневната седница на челниците на ФЕД, а нивните одлуки ќе бидат објавени во среда.
Речиси е сигурно дека ФЕД за прв пат по три години ќе ги зголеми клучните каматни стапки, имајќи предвид дека инфлацијата во САД со месеци е на највисоко ниво во последните 40 години, близу 8 проценти.
Повеќето аналитичари очекуваат ФЕД да ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени. Сепак, поради високата инфлација, која може дополнително да се зајакне во наредниот период поради неодамнешниот силен раст на цените на енергијата и суровините, можно е поагресивно зголемување на каматните стапки.
Падот на индексот S&P 500 во голема мера се должи на притисокот врз акциите во технолошкиот сектор. Повисоките каматни стапки негативно влијаат на технологијата и другите акции засновани на раст, бидејќи нивните вреднувања се повеќе зависни од идните парични текови.
„Сведоци сме на ротација од сектори базирани на раст во сектори базирани на вредност, а многу од тоа е поврзано со движењето на каматните стапки. Берзата се соочува со предизвици, а денешното тргување е пример за тоа“, рече Пол Нолте, портфолио менаџер во Kingsview.
Пад на азиските берзи
Цените на акциите на азиските берзи паднаа во вторник, втор ден по ред, а кинеските пазари се под најголем притисок поради новиот бран на коронавирус.
Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, беше во минус за повеќе од 2 отсто околу 7 часа, втор ден по ред што бележи силен пад.
На токиската берза индексот Nikkei зајакна за 0,2 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Австралија, Шангај и Хонг Конг паднаа меѓу 0,5 и 4,2 отсто.
Како и вчера, цените на акциите на кинеските берзи утринава паднаа најмногу, како резултат на најголемиот број новозаразени со коронавирус од почетокот на пандемијата во 2020 година.
Како резултат на тоа, 17-милионскиот град Шенжен е затворен, па инвеститорите стравуваат од слабеење на економската активност.
Дотолку повеќе што Централната банка на Кина ги остави каматните стапки непроменети, така што надежите за нови стимулативни мерки беа уништени.
Дополнително, неколку технолошки гиганти сè уште се под притисок од акциите, бидејќи на Tencent му се заканува рекордна казна поради непочитување на правилата за спречување на перење пари.