дома блог страница 1650

Повисоки пензии ама понатаму – Дотогаш 340.000 пензионери на преживување

Собранието синоќа ги изгласа Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Предлог на закон за изменување на Законот за Собранието на Република Македонија.

Со измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се усогласува движењето на индексот на трошоците на живот во висина од 50 проценти и пораст на просечната плата исто така од 50 отсто, а дополнително, како дел од антикризните мерки секој пензионер три месеци по ред ќе добива и по 1000 денари.

-Со новата методологија добиваме решение каде што усогласувањето на пензиите се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 проценти и порастот на просечната плата на сите вработени во државата, во висина од 50 отсто. Според ова, пензиите понатаму ќе се усогласуваат на 1 март и 1 септември, секоја година според процентот што се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие, изјави Илија Николовски претседателот на Партија на пензионери.

Николовски додаде дека ова е голем успех за пензионерите бидејќи се задржува принципот на пензијата како економска категорија, а не социјална и се добива одржливо решение кое нема да зависи од власта.

Од септември 2022 година околу 330.000 пензионери ќе добијат зголемување на пензиите, што во просек ќе растат по околу 900 денари.

Законодавниот дом, едногласно го донесено и усогласувањето со износот за минимална плата на вработените во македонскиот Парламент, а скратената постапка беше поради потребата претстојната исплата на плата да биде во месец април.

Сега им текна: Ковачевски им порача на институциите да штедат, најави санкции за непочитување

Кризата предизвикана од руско-украинскиот конфликт се одрази и врз буџетите на државните институции. Владата во вторникот донесе мерки за штедење во јавниот сектор, а секој што нема да ги почитува овие одлуки, ќе биде санкциониран.

Премиерот Димитар Ковачевски неколкупати досега изјавуваше дека се соочуваме со најтешката економска криза по Втората светска војна, но дека со добри мерки и штедење ќе се надминат сите предизвици.

Тој вчера изјави дека секоја набавка на мебел и возила од страна на државните институции, ќе мора да биде одобрена од Владата, а контролата за трошоците за стоки и услуги и за репрезентација и реклами ќе ја врши Министерството за финансии кое има увид на дневна основа во работењето на државните институции. Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост, пак, ќе имаат обврска на три месеци да поднесуваат финансиски извештаи до Комисијата за економски систем, за потоа тие да бидат разгледани и одобрени од Владата.

– Секој што нема да ја почитува таа одлука ќе биде санкциониран согласно законите за трговски друштва и за работни односи, предупреди Ковачевски, при посетата на поранешната фабрика „ОХИС“.

Ковачевски ќе го намали и бројот на советници и според најавите ќе има најмал број на советници од сите негови претходници. Тој вчера откри дека со реорганизација на неговиот Кабинет, дел од советниците повеќе нема да ја имаат таа задача, а дел од нив ќе работат на линиски работи во организациски единици за кои се специјализирани според нивните квалификации.

-Бројот на советници којшто јас планирам да го имам е помал од бројот на советници што ги имале досегашните премиери. Тие советници ќе извршуваат работи во нивната професионална област, сите имаат дваесет и повеќе години професионално искуство, академско и професионално, изјави Ковачевски.

Мерките за рационализација предвидуваат забрана за започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, а буџетските корисници и правни лица основани од државата ќе треба за 50 проценти да ги намалат и расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користењето на службени возила. Се намалува и бројот на службени патувања и бројот на членови на делегации при патувања во странство.

За 15 проценти се намалуваат и тековните расходи на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост и согласно тоа, тие ќе треба да ги преработат своите финансиски планови и инвестициони програми и во рок од 15 дена да ја информираат Владата.

И на регулаторните тела, единиците на локалната самоуправа, локалните јавни претпријатија и останатите установи под надлежност на општините им се препорачува да ги следат овие владини мерки и да преземат активности за рационализација на нивните расходи.
Претходно, Владата донесе пакет од 26 антикризни мерки со цел да се сочува животниот стандард на граѓаните и ливидноста на компаниите во услови кога има раст на цените на основните прехранбени производи и нафтените деривати. За дел од основните прехранбени производи се намалени маржите, а од денес без ДДВ ќе се продаваат лебот, брашното, млекото со масленост од 2 проценти, 3,2 и 3,5 проценти масленост, белиот шеќер, сончогледовото масло, месото, белиот ориз и јајцата.

Цените на горивата, пак, се носат на дневно ниво врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати со кој РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката се зема просекот од претходните петдневни котации на берзата и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.

– Ние мора да бидеме свесни дека Европа се наоѓа во војна. Во Украина се води војна, Русија изврши воена агресија врз Украина и сето тоа влијаеше исклучително негативно и со далекусежни последици на цените на храната, на вештачките ѓубрива, на цените на суровините, особено на железото, на јагленот и на другите основни суровини. Сите 26 мерки што Владата ги донесе во изминатата недела се токму за справување со овие предизвици со кои се соочуваме ние, но и целата светска економија, истакна вчера Ковачевски.

Од друга страна, опозицијата обвинува дека Владата доцни со мерките и дека Владата од 1 ноември потрошила два милиони евра за луксуз иако знаела дека ќе има криза.

– Само за пет месеци, Владата потроши 2 милиони евра за непродуктивни трошоци. Тие потрошија 250.000 евра или 15.400.000 денари за набавка на мебел во министерството за внатрешни работи. СДСМ и ДУИ не го прифаќаат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за да трошат пари на луксуз. Само за кафе, Владата ќе потроши 3 милиони денари, наведе ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното соопштение.

Влијанието на руско-украинскиот конфликт врз домашната економија внимателно се следи и од страна на Народната банка од каде најавуваат дека ќе продолжат со реоценување на поставеноста на монетарната политика, имајќи ги предвид најновите информации за конфликтот, како и фискалните мерки и последиците врз домашната економија.

– Во првите два месеца од 2022 година е остварена просечна годишна стапка на инфлација од 7,1 отсто. Забрзувањето на инфлацијата е главно одраз на растот на светските цени на примарните производи (храна и енергија), но и општо на увозните цени. Ова доаѓа до израз особено во економиите коишто зависат од увоз, односно каде што значителен дел од потрошувачката е увезен, како што е случајот и со нашата економија, како една од трговски најотворените економии во регионот, појаснија од централната банка.

Конфликтот во Украина поттикна и дел од инвеститорите да размислуваат за трансфер на нивните инвестиции во други држави. Така, веќе две компании побарале нивните фирми ќерки од Украина целосно да ги преселат во земјава. Доколку нема промена во нивните барања, трансферот на капацитетите, според директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски, би можел да се реализира брзо во рок од три до шест месеци. Според Деспотовски, се зголемува и интересот странските инвестиции кои првично биле планирани за Централна и Источна Европа, сега да се префрлат во Северна Македонија.

Точете гориво: Од полноќ нови пониски цени на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе нова одлука за цените на нафтените деривати што ќе важат од полноќ.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 79,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 56,749 (денари/килограм), објавија од РКЕ.

Николоски со моќен говор во Стразбур ја шокиpaше Европа и поранешната бугарска министерка (Видео)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ја шокираше Европа, но и светот со својот говор во Стразбур пред Советот на Европа.

Имено Николоски покрена паралела помеѓу бугарскиот став за Македонија и рускиот за Украина и запраша каде е разликата.

Путин во своето обраќање во кое ја оправдуваше инвазијата на Украина спомена дека Украина е творба на Ленин, а Бугарите редовно обвинуваат дека Македонија е творба на Тито.

На ова во шок реагираше екс министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захарова која не штедеше навреди за македонскиот народ.

Откако започна агресијата и анексот на Крим во 2014, секогаш сум ја поддржувал Украина и Украинците во нивната борба за слобода, самоопределување и демократија. Во 21виот век кога светот разговара за нови технологии, зелена агенда и развиток на вселенското истражување, никој не можеше да замисли војна. Војна во Европа е најстрашната работа која што можеше да се случи. Затоа, силно ја поддржувам Украина и затоа треба вечерва да го усвоиме овој извештај за последиците на руската агресија кон Украина, рече во своето обраќање во Стразбур, Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Изминатите два дена, слушам од нашите украински колеги за страдањата со кои се соочуваат. Слушајќи ги овие шокантни сведочења, можам само да направам паралела со судбината и негирањето на македонскиот народ, и вековните спорови со нашите соседи кои биле и се поголеми и помоќни. Со векови нашите соседи ги оспоруваа Македонците како посебна нација, култура и посебен македонски јазик. Ние бевме жртви и протерувани за време на балканските војни и за време на грчката граѓанска војна, и конечно оспорувани во 21виот век. Негирањето на украинскиот јазик и тезата дека Украинската нација се творба на Ленин и комунистите е слична со тезата за негирање на македонската нација и јазик и тезата дека Македонците се творба на Тито и комунистичката коминтерна. Оспорувањето и омаловажувањето на двете нации и јазици има многу сличности и симболика, дури се употребуваат и истите зборови. Ова не беше случајно, што дури и големиот филозоф Францис Фукујама, авторот на легендарната „Крајот на историјата и последниот човек“ вели дека има многу сличности во наративите користени против Македонија и Украина и негирањето на Македонците и Украинците, истакна Николоски.

Основната вредност на демократијата е дека луѓето одлучуваат за самите себе, но исто така и за тоа кои се и што се. Тоа е цивилизациска придобивка од која нема враќање и кој ниту една војна или блокада можат да ја спречат. Со тоа, слободно можам да им кажам на Македонците дека нашата борба и судбина е слична со украинската и затоа мораме да ги поддржиме со сето наше срце. Ние сме мали и не можеме многу да направиме, но и најмалата поддршка значи многу во овој виор на војна. Во историјата, македонскиот народ секогаш бил на правата страна, ќе бидеме на страната на вистината и во оваа криза и воена агресија, во ова страдање и несреќа што се случува во Украина. Украина ќе победи. Вистината и демократијата ќе победат, додаде тој.

Погледнете го целиот инспиративен говор на Николоски:

Вучиќ излезе од фрижидер во најновиот предизборен спот (Видео)

Во Србија во тек е предизборна кампања, а се појави и најинтересниот предизборен спот кој досега е виден на Балканот и пошироко.

Во него Вучиќ излегува од фрижидер, а пораката на овој невообичаен политики спот е следна:

Најблиската бензиска му е на 30км, па нафтата ја заменил со зејтин: Драган вели тракторот мириса како да се готви ручек (Фото)

Високата цена на нафтата го натерала земјоделецот Драган Јовановиќ од Топола во Србија, сончогледовото масло наместо во кујна да го користи на нива.

“Сега цената на литар нафта и литар зејтин е речиси изедначена, но најблиската бензиска пупма од моето е село е оддалчена речиси 30км, така да повеќе ми се исплаќа да ставам масло, наместо нафта во резервоарот. Го купувам во најблиската продавница и машината се движи на тоа. На тој начин на мојата змја ги извршувам првите пролетни работни и подготовки за сеидба”, вели за РИНА земјоделецот Драган Јовановиќ од Топола”.

“Машините успешно се прилагодија на новиот енергенс, работата на моторот е иста, само наместо непријатната миризба на нафтата за време додека тракторот работи, сега се шири миризба на загреан зејтин, исто како за време на подготовка на ручек дома”, вели тој.

Фото/kurir.rs

Организацијата “Гули Млади” и Црвениот крст во Крушево со хуман проект насловен како “Торба Зелен Код” (Видео)

Почнувајќи од јануари 2022 година, двете организации Гули Млади – Крушево и ОО на Црвен крст Крушево остварија средба на која се роди идеја за соработка на полето на млади, прва помош, климатски промени и помош на загрозени семејства.

Проект Торба ЗеленКод> е самоиницијативен и самофинансиран проект од двете организации. Идејата на проектот е да се исполнат повеќе цели за кои се залагаат и двете организации. Новите санкции за платика и поскапување на кесите за пазарење од еден или два денари на петнаесет денари, беше мотив за изработка на торби за пазарење кои ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства од Крушево.

Во ООЦК Крушево постои облека која е донирана и не е подигната повеќе од една година, бидејќи е застарена и оштетена. Истата со овој проект е рециклирана и реискористена. Подготвена е официјална веб страница за целиот проект и е достапна следниот линк: www.guliyouth.org/project-greencode-bag. Достапни се и дополнителни блог објави на официјалните социјални медиуми од двете организации.

Работилниците се комбинирани со прва помош на работно место и една од следните теми: моделирање, шиење и брендирање. На крај беа доделени сертификати.

Опожapeно возило на ул. “Јоска Јорданоски” во Прилеп

Фото/илустрација

На 16.03.2022 во ОВР Прилеп било пpиjaвено дека на ул. “Јоска Јорданоски” во Прилеп настанал пожap во патничко моторно возило „фолксваген” со прилепски регистарски ознаки, во сопственост на С.С.(37) од Прилеп.

Пожapoт бил локализиpaн од екипа од Територијалната пpoтивпожapна единица Прилеп, а yвид извpшила yвидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од МВР.

“Стоби Флипс” и “Брилијант” на “Витаминка” избрани за најпознати брендови на македонскиот пазар

Стоби Флипс во категорија флипсови и Брилијант во категорија сончогледово масло се најпознатите брендови меѓу македонските потрошувачи во годинешното истражување „Најпознати брендови според потрошувачите 2021-ва”.

Според истражувањето Стоби флипс на Витаминка, го има највисокото учество кај потрошувачите во споредба со сите останати брендови во оваа категорија и предводи со 80% препознатливост, а во категоријата сончогледово масло доминантното учество наспроти другите брендови е на Брилијант со 53% препознатливост.

Со одговарање на прашањето кој според нив е најпознатиот бренд во одредена категоријата, потрошувачите можеа да одговорат за сите брендови присутни во малопродажбата и маркетите.

Истражувањето на македонскиот пазар како независно е спроведено од специјализираната агенција за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, на репрезентативен примерот од 1250 активни потрошувачи на територијата на целата држава и со фокус на 18 категории производи за широка потрошувачка. Освен за препознатливоста на брендовите, Инсајдер ИД веќе пет години по ред спроведува истражување и за преферираните ланци на маркети.

За 5% ќе скокнат платите на полициjaта – еве од кога

Министерството за внатрешни работи информира дека платата на вработените ја исплатува врз основа на Закон за внатрешни работи и Колективен договор. Согласно новиот Закон за минимална плата, минималната бруто плата изнесува 26.422,00 денари.

Платата за вработените во МВР, за најниското работно место, согласно систематизацијата на МВР, со статус на овластени лица и полициски службеници е над предвидената минимална плата, што дополнително би се зголемила со покачувањето од 5%, што ќе отпочне да се исплатува од Септември 2022г.

За вработените во МВР, на кои им се исплатува плата по Закон за работни односи е извршено усогласување со минималната плата и почнувајќи од месец март, сите вработени по овој Закон ќе имаат усогласени плати односно зголемени плати.

Процесот на исплата на плата, како и сите активности кои што се спроведуваат во МВР, подлежат на проверки и од тие причини МВР и МПС побараа и добија мислење од Министерство за труд и социјална политика со кое мислење е потврдена законската поставеност на процес на исплата на плати за вработените во МВР. Овој начин на исплата, е во интерес на вработените и со основна компонента на плата, вредноста на часови прекувремена, ноќна, викенд, празник е поголемa во однос на основна плата.

МВР и МПС во наредниот период ќе се залагаат, за доследно почитување на претходно договорениот процес на усогласување на плати во соработка со Влада на Република Северна Македонија и Министерство за финансии ќе обезбеди средства за натамошно покачување на плати за вработени во МВР.