дома блог страница 165

Просечната плата порасна за 9,3% во септември, вели Државна статистика

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,9 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,6 и Транспорт и складирање за 11,5 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Преработувачка индустрија за 3,5 отсто, Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 1,8 и Рударство и вадење на камен за 1,1 отсто.

Просечната, пак, месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември годинава изнесува 68.392 денари и исто така е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец од минатата година.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование за 15,1 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,8 и Транспорт и складирање за 10,6 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Преработувачка индустрија за 3,6 отсто, Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 1,9 и Рударство и вадење на камен за 1 отсто.

Организирајте незаборавна предновогодишна прослава во „КАЛАБАЛАК“ – Богато мени, одлична цена и амбиент!

Во населбата “Точила” позади маркетот “Тобако”, веќе некое време вистинските гурмани во Прилеп ги пречекува едно ново гастрономско катче – место каде вкусот и традицијата се спојуваат во едно, ресторан кој за кратко време почна да го бие добар глас за одлична храна и услуга.

Ако не сте биле, редно е да ги посетите, ресторан “КАЛАБАЛАК” нуди вистинско гастрономско уживање со традиционална прилепска скара и традиционални прилепски специјалитети.

Во пресрет на Новогодишните празници, ресторанот нуди богато мени по пристапни цени за секого, за одлично уживање и расположение заедно со пријателите, семејството, колегите од работа….

Резервирајте на време, првата убава прилика за добар помин е на 28.11. (петок) заедно со прекрасниот глас на младата талентирана пејачка од Прилеп, Благица Калева.

Телефон за контакт: 078 282 559

 

 

Млади момчиња претепале свој сограѓанин на плоштад во Прилеп, двајца од осомничените се тинејџери

-ОВР Прилеп поднесе известување против К.С.(19), А.Р.(24) и двајца 17-годишници, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда. На 25.09.2025 на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, пријавените физички нападнале едно лице и му нанеле тешка телесна повреда – информираат од МВР.

Приведен прилепчанец – продавал метафетамин

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.Г.(37) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.11.2025 на влез во Битола, полициски службеници извршиле преглед на такси возило во кое се превезувале две лица, при што кај нив е пронајден и одземен метамфетамин, кој претходно го набавиле од пријавениот – информираат од МВР.

ФЛИП донесе радост за дечињата во Детското одделение во прилепската болница (Фото галерија)

20.Ноември – Светскиот ден на детето, Витаминка и омилениот Флип го поминаа со дечињата во Детското одделение во прилепската болница, на кои им донесоа радост, насмевки и подароци.

-Ден исполнет со насмевки, дружење и многу радост за најмалите херои кои секојдневно ја покажуваат својата сила и храброст. Посебна благодарност до д-р Тавчиоска и тимот од одделението за иницијативата и за топлиот пречек. Горди сме што можевме да придонесеме за нивниот ден да биде посветол и посреќен. Во Витаминка веруваме дека секое дете заслужува здравје, среќа и љубов. Продолжуваме да ги поддржуваме иницијативите кои носат насмевки и создаваат вистинска добрина во заедницата – напишаа од компанијата.

(Фото) Целата шаховска надеж на Прилеп на едно место – Се одржа Третото општинско екипно првенство

На 19. ноември во ООУ “Гоце Делчев” се одржа Третото oпштинско екипно првенство на Прилеп во ШАХ. Продефилира севкупната надеж на прилепскиот шах. Најдобри во одделенска настава беа учениците од ООУ “Климент Охридски” пред ООУ “Кочо Рацин” и ООУ “Кире Гаврилоски”.

Во предметна настава прв пат победи ООУ “Гоце Делчев” пред минатогодишните шампиони ООУ “Кочо Рацин”, додека трети беа учениците на ООУ “Климент Охридски”.

Првенството помина во одлична атмосвера и дружење на учениците од Прилеп, со желби за почести вакви настани. Организатори беа Сојузот на училишен спорт и шаховскиот клуб Прилеп.

Се гледаме на државното училишно првенство во декември.

Ако се прашувате кога да ја украсите елката: Овие 5 датуми се верува дека носат пари, љубов и среќа во вашиот дом

Вистинското време за украсување елка зависи од традицијата, обичаите и расположението.

Изборот на датум за украсување елка зависи од многу работи, традиции, обичаи, а исто така и од вашето расположение. Некои луѓе сакаат да го почувствуваат празничниот дух уште во првите денови од декември, додека други чекаат посебен датум. „Новогодишното лудило“ наскоро ќе започне, што значи празнична еуфорија во полн сјај.

Некои семејства веќе се подготвуваат да ја украсат елката, додека други чекаат крајот на годината за да ја украсат новогодишната елка.

Езотерични експерти тврдат дека датумот на украсување на елката е многу важен. За да привлечете љубов и просперитет во вашиот дом, обрнете внимание на овие посебни датуми…

18 декември – Свети Никола

Овој датум се смета за вистинско време за украсување елка. Украсувањето елка на овој датум привлекува просперитет и финансиска стабилност во вашиот дом и живот. Идеално е да поставите мал подарок за деца до елката, што укажува дека е од Свети Никола. Ова ќе ѝ даде на целата атмосфера дополнителен празничен карактер.

22 декември – Зимска краткоденица

Ако сте уморни од животните проблеми и маки, идеално би било да ја украсите вашата елка на 22 декември. Оние кои веруваат во езотеризам велат дека овој датум ќе донесе просперитет и заштита за вас и вашето семејство во текот на целата година.

24 декември

Бидејќи оваа вечер е Бадник според Грегоријанскиот календар, се смета за време на чуда. Се верува дека луѓето кои имаат градина или зеленчукова градина треба да ја украсат својата елка на оваа вечер, со што ќе привлечат богата жетва за пролет и лето, здравје и хармонија во своето семејство.

25 декември – Католички Божиќ

Четвртата опција е да ја украсите вашата елка на денот на Христовото раѓање, со што ќе привлечете просперитет, здравје, среќа и љубов во вашиот дом.

28 декември

Се верува дека луѓето кои ја украсуваат својата елка на 28 декември ќе го заштитат својот дом од зло. Добро е да се прочита молитва за здравјето на целото семејство на овој ден.

Стрела од Ерековци прелета преку сите противници – 7 од 7 победи на полусезона!

Заврши есенскиот дел од двете општински лиги на Општинскиот фудбалски сојуз Прилеп, а во Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп, екипата на Стрела од Ерековци ги прегази сите противници.

Стрела има 7 победи од 7 одиграни натпревари, 22 постигнати голови и 9 примени. Зад нив е Кадица, на кои единствен пораз им е токму од Стрела.

На последниот натпревар екипата од прилепско Ерековци триумфираше над Кадино со 5:1 – стрелци на головите беа Зоран Секирски, Влатко Петрески и Зоран Тасески, кој постигна хет-трик.

Табелата е следна:

Го празнуваме Св. Архангел Михаил, водачот на небесните војски: Честито име Михаил, Михаела, Михо, Ангел, Ангела…

Православните христијани денес го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.

Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.

На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.

Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.

Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе- не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.

Се слави наесен на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.

Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.

На овој ден преданијата велат дека треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.

Инаку, Св. Архангел Михаил е најголемата куќна слава која христијаните ја празнуваат во месец ноември.

Славата оваа година е мрсна бидејќи 21 ноември се паѓа во недела. Со оглед на тоа дека датумот е фиксен, дали славата ќе биде мрсна или посна се одредува според денот од неделата. Па така, ако е среда или петок, славата ќе биде посна, додека во останатите денови може да се прославува и со мрсна храна.

Не Универзална, сега прво ќе се реновира салата “Македонија” (ФОТО)

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска официјално го пушти во употреба новиот современо уреден мултифункционален спортски центар кој се наоѓа во населбата Точила.

Во рамки на овој спортски комплекс изградено е: фудбалско игралиште, игралиште за кошарка, игралиште за одбојка и фитнес зона опремена со современи реквизити.

Со оваа инвестиција на Министерството за спорт, Прилеп се приклучува на мапата на локалните самоуправи во државата кои добиваат современи и функционални простори за спорт и рекреација. Новиот спортски центар обезбедува услови за развој на спортот, рекреацијата и здравите навики кај граѓаните, со посебен фокус на младата популација.

-Со ваквите инвестиции и успешно реализирани проекти испраќаме јасна порака дека спортот е приоритет и дека вложуваме во подобра иднина за младите. Нашата заложба како Министерство за спорт е инвестициите во спортската инфраструктура да бидат рамномерно распоредени низ целата држава и спортот да биде достапен за сите – изјави министерот Ристовски.

На новинарско прашање до каде е постапката за ставање во употреба на спортските сали “Македонија” и Универзалната сала, Ристовски со одговор:

– Почната е веќе постапка за раскинување на договорот со концесионерот од спортската сала Македонија, договорот ќе биде раскинат ќе биде преземена од Министерството за спорт, ќе биде реконструирана. Разговарано е со една локална компанија која што е заинтересирана да ја стопанисува, да вложи дел во таа сала и да биде предадена да се користи со заштита на јавниот интерес. Условот ќе биде салата до 13 или 14 часот да биде на располагање на сите кои сакаат да рекреираат бесплатно, за училиштата, за децата, а потоа по 15 часот да биде ставена на користење на концесионерот. Прашање е на месеци, можеби во почетокот на наредната година ова прашање би било решено.

Во однос на Универзалната сала, Ристовски рече дека проблемите се поголеми од првичното видување, односно дека објектот има проблеми со статиката.

– Универзалната сала не е во надлежност на Министерството за спорт, таа е под надлежност на ПУИК, ние сме во улога на медијатор со компанијата Комфи Ангел за стопанисување со истата. Ја прифаќам одговорноста во интерес на спортот и на Прилеп да ги седнам на состанок сите заинтересирани страни и да најдеме заеднички јазик. Дојдено е времето двете работи ги туркаме паралелно и што е можно побрзо градот да добие спортски сали, рече Ристовски.