Чонески домаќин на голема кинеска делегација: Кинезите воодушевени од убавината на Крушево (Фото галерија)

Градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, домаќин на голема делегација од Амбасадата на Народна Република Кина, која престојуваше во градот.

Според Чонески, посетата претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу Македонија и Кина, но и можност за отворање нови перспективи за развој на Крушево. Тој нагласи дека градот, со својата богата историја и силен македонски дух, бил соодветен домаќин за ваква средба.

Во својата објава, градоначалникот потенцира дека двете земји ги поврзуваат заеднички антифашистички вредности и борбата за слобода, кои претставуваат темел за градење на пријателските односи.

Чонески изрази уверување дека соработката и пријателството меѓу двата народа ќе продолжат да се развиваат и во иднина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.