Утре, понеделник (04.05) нема да сообраќа автобус на линија 1, објавија на ФБ од Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, под чија надлежност се наоѓа градскиот превоз во Прилеп.
Притоа од претпријатието не откриваат зошто на стартот од новата работна недела нема да сообраќа оваа линија, а тоа предизвика гнев кај граѓаните.
























