дома блог страница 1647

Оттогаш наваму суша: Ова беше една од последните радосни вести за прилепчани

На денешен ден 2015 год. се склучи договорот со странската компанијата АKOМПЛАСТ -(Инџекшн молдинг Прилеп)”, која денес е дел од технолошко-индустриско развојната зона-ТИРЗ во близина на Прилеп – напиша на ФБ поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески.

-Како една од битните инвестиции, заедно со другите компании во зоната(ГЕНТЕРМ и ВИК), многу придонесе во одржувањето на локалната економија во овие тешки економски времиња за Македонија… За жал оваа фабрика требаше да расти овој период со нови погони и вработени, но како и сè друго во државава во овие 4-5 години исто и таа инвестиција стагнира – пишува во својата објава Ристески.

Двајца пациенти од Прилеп починaa oд кopoнавиpyc во изминатото деноноќие, помладиот на 43 години

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.799 тестови, а регистрирани се 273 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 161, Битола – 21, Прилеп – 16, Кавадарци – 12, Охрид -11, Куманово – 10, Струмица – 6, Тетово и Гостивар – по 5, Кичево – 4, Велес, Штип и Струга – по 3, Кочани, Радовиш и Богданци – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Виница, Крушево и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (273), регистрирани се 45 реинфекциии.

Регистрирани сe 233 оздравени пациенти од: Скопје – 139, Битола – 15, Велес – 11, Куманово – 10, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Гостивар и Гевгелија – по 5, Кичево – 4, Тетово, Сруга и Виница – по 3, Струмица, Штип, Кратово и Демир Хисар – по 2, Кочани, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Дебар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (68г и 43г) и по едно починато лице од Битола (79г), Куманово (81г) и Охрид (73г). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје (1), Струмица (1) и Тетово (1), на возраст од 60 до 78 години. Пријавените лица се починати во период од 18.02. до 05.03.2022 година. Од починатите лица две се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови.

Кај сите починати лица (8), се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.799 тестови преку: ИЈЗ-210, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-72, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–137, Жан Митрев (Филип Втори)-29, Авицена-82, Биотек-76, Систина-32, лабораторија Лаор-117, Синлаб-17, Ремедика-16, Плодност-27, Генеа-13, Никоб Лаб-228, ВФВ Медикал-68, Ели Медика Плус-28, Ројал Медика–12, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.401.

Досега во земјата се направени вкупно 1.933.837 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.140, бројот на оздравени пациенти е 291.952, на починати е 9.172, а бројот на активни случаи изнесува 2.016.

Две во едно: Mаслото веројатно ќе поскапи – шишињата ќе намалат на литража

Зависно од производителот, зависно од тоа дали имаме пакувања од 0,8 литри, 0,9 или еден литар, цената на маслото за јадење во наредниот период очекуваме да се движи максимално до 110 денари, рече директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска-Димоска, во интервју за „360 степени“ кое вчера се емитуваше на Алсат ТВ, а во врска со движењето на цените на маслото за јадење во малопродажба.

– Во моментов, цената на зејтинот е формирана врз основа на тоа што Владата донесе одлука продажната цена на маслото кај трговците на мало да е еднаква со набавната цена кај трговците на големо, така што таа цена што денес е на рафтовите или, како што кажувате 94 денари, всушност, е набавната цена што ја даваат трговците на големо, објасни директорката на ДПИ.

Како што рече Симеска-Димоска, ова најверојатно се резерви што трговците ги имаат направено од претходно и затоа маслото за јадење во моментов се продава по набавна цена од 94 денари по литар, но, како што посочи и самата, смета дека со одмрзнувањето на цените од 1 март трговците на големо имаат можност да ги пресметаат и оперативните трошоци во набавната цена, а кои се сега повисоки поради поскапувањето на енергенсите.

– Според нашите информации и сознанија што ги имаме и она што го утврдивме, цената на маслото за јадење нема да е многу повисока од онаа што е сега, значи околу десетина проценти од ова што е сега утврдено, бидејќи само дополнително на ова ќе се вкалкулираат трошоците, рече Симеска-Димоска и додаде оти цената на маслото би достигнала максимална цена од 110 денари.

На прашањето зошто во одредени маркети во некои места немаше масло за јадење на рафтовите, директорката на ДПИ посочи дека тоа е најмногу поради шпекулативната паника што настанала помеѓу граѓаните, а која главно се должи, како што рече, на растот на цените на енергенсите и одмрзнувањето на цените на основните прехранбени продукти.

Во однос на тоа дали постои и манипулација од страна на трговците, Симеска-Димоска посочи оти при инспекциските надзори кај некои трговци наишле на залихи во магацините, но не и на рафтовите.

– Во одредени ситуации, таму каде што најдовме во магацинот залиха, а немаше на рафтовите, во такви ситуации имаме и казна, меѓутоа имаме и ситуации во коишто големите трговци ни кажаа дека во ситуација каде што имаат голема потрошувачка која дотогаш била незапамтена кај нив, немаат можност за толку брза дистрибуција или набавка на голема количина на такви производи, додаде таа.

Извор: РЕПУБЛИКА.МК

Турција појде пред сите: Отворен за сообраќај најдолгиот висечки мост во светот (Видео)

Мостот „Чанаккале 1915“ е долг 4.608 метри и го има најдолгиот распон на светот, кој меѓу два главни столбови, високи 318 метри, се протега до должина од дури 2.023 метри.

Тоа е и првиот мост што го премостува морскиот премин што ги поврзува Егејското и Мраморното Море.

Трошоците за изградба изнесувале 2,5 милијарди евра.

Самото име на мостот оддава почит на битката кај Галиполи од Првата светска војна, која Турците ја нарекуваат Чанаккале Савашлари по местото каде што се случила.

Во неа, на 18 март 1915 година, турската војска ги поразила вооружените сили на Антантата, главно од тогашната Британска империја.

Борбите траеле до јануари 1916 година, кога Отоманската империја ги поразила британските и француските трупи.

„Овој мост е траен спомен на мачениците од Чанакале“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган при отворањето на величествениот мост.

Бил Гејт е успешен поради оваа навика

„CEO Magazine“ пишува дека Бенџамин Френклин е првиот кој го применувал ова правило. Фокус на овој концепт е едночасовно учење во текот на денот. Освен тоа, Френклин бил посветен и на експерименти за да оствари личен прогрес.

Основачот на консултанстката компанија „Импакт“, Мајкл Симонс, инспириран од Френклин го разработил правилото „пет часа“. Тој порача дека за човекот е штетно да не учи најмалку пет часа неделно во 21-от век.

Со оглед на големото знаење, не изненадува тоа што многу бизнисмени го прифатиле ова правило. Еден од нив е мултимилијардерот Бил Гејтс, кој годишно чита повеќе од 50 книги. Уште еден милијардер е Ворен Бафет, кој дневно чита по шест часа, додека полнолетните Американци читаат во просек по 20 минути.

Примената на ова правило подразбира дневно да се чита по еден час или неделно околу пет часа да се учи некоја нова вештина, пишува „CEO Magazine“.

Kpиминалец ocyден на 15 години фатен и донесен во прилепскиот затвop

На 18.03.2022 во 13.30 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за потраги при СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Ц.(50) од Куманово.

Тој бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од 4 години и 6 месеци казна затвор, а бил осуден на 15 години и 4 месеци за сторени повеќе кривични дела по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп за доиздржување на казната – информираат од МВР.

Николоски со одличен предлог за помош на земјоделците: Владата да ги откупи сите земјоделски производи и да ги подели во училиштата

Од ВМРО-ДПМНЕ не можат да очекуваат ништо друго освен да сме жестока опозиција на оваа сиромаштија и на оваа пљачка која му се случува на народот затоа што нас ни се повторуваат сцените од 90-тите. Јас бев дете и убаво се сеќавам кога се чекаше ред за леб, за млеко и масло и кога на бензинските пумпи се чекаше за да се стави гориво, еден ден возеа тие со парна регистрација, друг ден тие со непарна и истите тие сцени ни се повторуваат 30 години подоцна – празни рафтови, тоа што има е екстремно скапо и бензин или нема или е екстремно скап.

Така што, СДСМ во 90-тите и СДСМ на власт сега се истите проблеми. Во однос на регионот, во Србија ситуацијата не е таква, во Црна Гора не е таква, во Хрватска не е таква и во Грција не е таква. Еве четири примери само од регионот да не одиме подалеку, така што власта мора да си најде одговори на овие прашања како што треба на пример да им одговори и на земјоделците од мојата четвртата изборна единица, што ќе се случува со раноградинарските производи, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во гостувањето на Тема на денот во дневникот на телевизија Сител.

Во однос на тоа, Николоски даде предлог, наместо владата да троши нерационално, да ги откупи сите земјоделски производи и да им ги подели во средните и основните училишта, посочувајќи дека на тој начин и учениците ќе добијат здрав и бесплатен оброк, а ќе им се помогне и на земјоделците нивниот род да не биде фрлен.

– Имаат доволно пари во буџетот ако рационално го трошат, нека го откупат целокупното земјоделско производство и нека го поделат во средните и основните школи, ем учениците да добијат здрав и бесплатен оброк, ем земјоделците да не треба родот да го фрлат, ем да заработат нешто. Еве еден предлог малку да намалат со расипништвото и крадењето, многу бенефит ќе види народот, порача Николоски.

Кpyшевската полициja му пронашла мapиxyaна на прилепчанец и му поднесе кpивична

Надворешната канцелapиja за кpиминалиcтички работи Крушево поднece кpивична пpиjaва пpoтив Д.П.(27) од Прилеп пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за сторено кpивично дело „неовлacтено пpoизводcтво и пyштање во пpoмет на нapкотични дpoги, пcиxoтpoпни cyпcтанци и пpeкypcopи“.

На 01.01.2021 во Крушево, полициcки cлyжбеници извpшиле преглед над пpиjaвениот, при што пpoнашле и одзеле мapиxyaна – информираат од МВР.

Возете внимателно, влезот за Прилеп од страната на Битола е вистински xopop (Видео)

Веќе некое време не свети клучката на влезот во Прилеп од страна на Битола. Нека ова биде апел до сите возачи кои управуваат со возилото во текот на ноќните часови.

Возете внимателно и прилагодете ја брзината пред Прилеп, ако сакате безбедно да влезете во градот.

Дрвокpaдците не миpyвaaт: Во еден ден фатени 8 лица на три различни локации во околината на Прилеп

На 17.03.2022 Секторот за внатрешни работи Битола, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Полициска станица Прилеп во координирана акција, на повеќе локации запленија нелегално исечени огревни дрва.

Имено, на м.в.Песјобарци, прилепско затекнати се три лица М. А (43), П. В. А(40) и И. Д (48) сите од Прилеп, со три запрежни коли натоварени со огревни дрва без соодветна дозвола за истите.

Одземената дрвна маса со околу 4.5 метри кубни е предадена на шумска полиција Прилеп.

На место викано „Пештерица“ и Дата Центар во Прилеп запленети се три запрежни коли натоварени со огревни дрва без документација и тие се одземени од лицата С.А.(37), С.Б.(49), А.Ш.(41) сите од Прилеп.

Во с.Ореовец, прилепско, запленети се две запрежни коли натоварени со три метри кубни огревни дрва од малолетник од Битола.

Одземената дрвна маса е предадена на шумска полиција Прилеп.

Против лицата, по документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна пријава.