дома блог страница 1648

И денеска корекција: Еве колку ќе чинат гopивата по полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 17.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,362 денар/килограм и сега ќе изнесува
53,159 ден/кг.

Од 19.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
-Мазут М-1 НС 53,159 (денари/килограм).

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,622%, кај дизелот има зголемување за 0,663%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,867% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 2,989%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,002%.

Охрид асфалтира, Прилеп кулира

Активности за асфалтирање на дел од Булеварот „Македонски Просветители“ се одвиваат денеска. Се асфалтира делот кој беше опфатен во првата фаза од реконструкцијата на Булеварот. По целосното завршување на овој дел, активностите продолжуваат на делот опфатен во втората фаза од реконструкцијата на Булеварот „Македонски Просветители“, напиша на Фејсбук охридскиот градоначалник.

– Согласно проектот предвидено е комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас.

(Видео) И руската државна телевизија го “пресече” говорот на Путин?

Руската државна телевизија неочекувано го прекина преносот на говорот на рускиот претседател Владимир Путин на митингот по повод осмата годишнина од руската анексија на Крим што се одржува денеска на стадионот „Лужники“ во Москва и продолжи да емитува снимки од публиката како пее руски патриотски песни.

Руската телевизија на тој начин го прекина говорот на Путин на половина реченица.

Во своето обраќање Путин ја поздрави руската „специјална операција“ во Украина, тврдејќи дека нејзината цел е да се спаси локалното население „од страдање и геноцид“.

„Русија напред“, им порача тој на насобраните.

Фатена на дело: Уапсена инспекторка во Прилеп, примила поткуп од 64.000 денари (Фото)

Денеска (18.03.2022) во 09.30 часот во угостителски објект во Прилеп, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ја лишиле од слобода В.В. – земјоделски инспектор во Државен инспекторат за земјоделие поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од Кривичниот законик.

Таа била затекната при примање поткуп од 64.000 денари од лице од Прилеп, по што веднаш била лишена од слобода, а парите ѝ биле одземени.

В.В. била приведена во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нема сигурен бизнис во Македонија: Кавадарчани огpaбyвале кафемати

Двајца кавадарчани добиле кривични пријави за девет тешки кражби.

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против кавадарчани на возраст од 31 и 26 години, поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела „тешки кражби“.

Пријавените во периодот од 27 февруари до први март, користејќи погоден алат, отварале каси на кафемати, самоуслужни автоперални и одземале пари во различни апоени – информираат од СВР Велес.

Уaпceни малолетници, yкpaле автомобил

Денеска (18.03.2022) во 03.00 часот на ул.„Тодор Чангов“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје поради сомнение дека сториле две кривични дела „тешка кражба“ на дрзок начин на 01.03 и 08.03.2022 и едно кривично дело „одземање на моторно возило“.

Тие биле приведени во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници, во присуство на нивни родители, ги признале делата.

По целосно документирање на случаите против малолетниците ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Maрта не попушта: Пролетта ќе почека, од утрово без престан вее на овие места низ Македонија

Утрово снег врне во неколку градови и повисоки места во земјава.

Имено прогнозата на метеоролозите се поочигледно е дека се остварува, па така според видео камерите поставени во неколку ски центри во земјава покажуваат дека таму врне снег.

Снег врне во Маврово, Попова Шапка, Крушево, Пониква како и Нижо поле и Копанки на Пелистер.

УХМР инаку во наредните денови најавува слично време, додека стабилизација се најавува од следната недела.

Тандемот Пачешкоски-Кузмановиќ е иднината на СДСМ Прилеп

Заврши изборот за Претседател на ОО СДСМ Прилеп и огромно е изненадувањето и загриженоста за иднината на партијата во Пелагонија.

Голем дел од членовите се спремаат да го “замрзнат” своето партиско членство и партискиот дрес да го обесат на клин.

Можеби иницајлната ваква реакција е односот на партијата кон градот херој (кој тие го направија двојазичен) е претставникот во ИО неодамна назначен, а капак на се беше и нетранспарентниот избор на Претседател на ОО.

Наводно едни биле резултатите од теренската и телефонската анкета, а изборот сосема седми….

Ова за жал е вистинската слика за политиката во Прилеп која не можеа да ја замислат ни најголемите скептици и основачи на СДС од градов.

Дурловски за приведувањето на Борисов: Имаме среќа што Заев беше чесен политичар

Оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски се потсмева со бившиот претседател на Владата, Зоран Заев, по приведувањето на експремиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Да се надеваме дека трендот ќе продолжи: Цените на гopивата со нов пад од полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 3,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 72,50 ден.