дома блог страница 1646

Од утре се препорачува четврта доза против KOBИД-19

На милиони луѓе во Англија ќе им биде понудена четврта доза од вakцината против кopoнавиpyc од утре, соопшти денеска службата за јавно здравје НХС.

Таа доза ќе се препорачува за лица над 75 години и за лица со слаба имунолошка заштита над 12 години.

Вкупно околу пет милиони луѓе ќе бидат опфатени со препораката за примање на четвртата доза од вakцината, а 600.000 ќе добијат покана оваа недела да закажат вakцинација.

Позитива на денот: Во болницата “Плодност” пациентка стана мајка на 51 година (Фото)

Животната желба да има дете, беше пресудна за нашата пациентка, која и покрај возраста, со својата упорност, верба и надеж, на свет донесе машко бебе на 51 година во Болница Плодност – Hospital Plodnost Со оглед на возраста, ова е храбар потег на гордата мајка, но и голем успех за ИВФ тимот на „Плодност“. Над 10-тина претходни обиди со ин витро постапки, не ја обесхрабрија мајката во намерата да има свое дете.

“Пресуден момент за бременост на нашата пациентка беше тестот за ендометријална рецептивност, односно ЕРА- тестот, за да ја утврдиме рецептивноста на ендометриумот. На овој начин ја имавме информацијата за точниот час од прозорецот на имплантација на ембрионот, кој беше најважниот момент за бременоста на нашата пациентка. Успехот во цел овој процес навистина предизвика огромна радост и кај пациентката, но и кај нашиот ИВФ тим, кој покажува дека упорноста и знаењето, даваат врвни резултати.

Ова не е прв случај пациентки кои имаат над 50 години, преку ин витро постапки да станат мајки кај нас. Досега, три пациентки на 50 години, две на 52 години и една на 51 година, преку ИВФ постапките во нашата болница, забремениле и донеле на свет свое дете“ рече прим. д-р Таше Трпчевски, по големиот успех кој го постигнаа заедно со ИВФ тимот на Болница „Плодност“.

Среќната мајка, која ја сподели својата радост со јавноста, истакна дека желбите навистина стануваат реалност, но за тоа е потребна упорност, верба и секако, добар медицински тим. Таа изрази посебна благодарност до ИВФ тимот на Болница Плодност – Hospital Plodnost, кои беа со неа во текот на целата фаза во процесот, од забременување до породување.

18-годишно момче со тешки повpeди донесено во прилепската болница – излетало со автомобил на патот Ропотово-Лажани

На 19.03.2022 во 14,45 часот на локален пат Ропотово-Лажани, прилепско, се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа во која Б.П.(18) од село Лажани, yпpaвyвajќи патничко моторно возило „форд галакси“ со прилепски peгиcтapcки ознаки, излетал од патот.

Б.П. се здобил со тешки телecни повpeди конcтатиpaни од доктop во Градска болница-Прилеп.

Увид на местото на нacтанот извpшила yвидна екипа на ОВР-Прилеп – информираат од МВР.

(Видео) Пачешкоски ја загреши од првиот ден – Пензионерите биле презадоволни, а тие едвај преживуваат

Прва прес конференција на новиот претседател на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Во време на економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ ги поддржува пензионерите преку зголемување на пензиите.

Благодарение на СДСМ со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од септември 330 илјади пензионери во просек ќе добиваат по 900 денари повеќе на своите сметки.

Пензиите ќе се усогласуваат како збир од 50% од порастот од трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата во државата.

Како што се зголемуваат трошоците за живот, така ќе растат и пензиите. Како што се зголемува просечната плата во државата, така ќе се зголемуваат и пензиите.

Во септември пензионерите ќе добијат историско највисоко зголемување на пензиите!

Како дел од антикризните мерки за месеците април, мај и јуни секој пензионер на својата пензија ќе добие плус илјада денари, или вкупно 12.000 денари повеќе за оваа година.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, докажува дека навистина се грижи за пензионерите, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кое на пензионерите им делеше ваучери за скијање”.

Спектакуларен концерт на балканскиот шармер Жељко Самарџиќ во Прилеп: Прилепчани во еден глас пееја за малиот Дејан (Видео)

Синоќа во Универзалната сала во Прилеп се одржа голем хуманитарен концерт на кој настапија македонските пејачи Филип Николоски и Јоце Панов, а главната ѕвезда беше единствениот Жељко Самарџиќ.

Универзална беше исполнета до последно место како во најдобрите времиња, а целта беше да се соберат шо повеќе средства за лекување на малиот Дејан Најдоски од Прилеп кој боледува од аутизам.

Прилепчани покажаа дека имаат големо срце и ги искупија сите влезници за концертот. Кулминацијата на вечерта ја направи неповторливиот балкански шармер Самарџиќ кој приреди концерт за паметење.

Покрај своите огромни хитови, Самарџиќ пееше и македонски песни, а го развиори и македонското знаме.

Сега нашите мисли се со малиот Дејан на кого му посакуваме успешен третман и подобрување на неговото здравје.

Од Белград до Нови Сад за 36 минути: Србите пуштија во употреба супер брз воз, ние чекаме редици за леб (Видео)

Пругата Белград-Нови Сад, во рамки на меѓународната пруга Белград – Будимпешта, пуштена е во сообраќај, а во првиот брз воз на оваа релација, кој го носи името “Соко”, се возеа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Возот на оваа линија ќе сообраќа со максимална брзина од 200 километри на час, а според најавеното ќе има пет линии дневно.

Новиот воз има сјуарди и стјуардеси, кои ќе послужуваат кафе, чај и храна, а возот има и бесплатен интернет.

“Ова дополнително ќе ги зближи Србите и Унгарците, Будимпешта ќе ни биде на два до два и пол часа. Неверојатно е каква врска ќе биде тоа. Пресреќен сум, ова е за нас историја”, изјави српскиот претседател.

Во Нови Сад Вучиќ и Орбан ги пречекаа илјадници граѓани.

Битола: Очyв ја натепал својата малолетна поќерка

На 18.03.2022 во 19.15 часот во СВР Битола, од страна на претставници од ЈУМЦСР заедно со оштетеното лице, 17 годишна малолетничка било пријавено дека истиот ден околу 11.30 часот додека била во семејниот дом во Битола, настанала расправија помеѓу малолетничката и нејзиниот очув С.М., по што физички ја нападнал.

Известен бил Јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.

Не бидете мангупи без возачка дозвола: Идеална можност за сите вљубеници во адреналинот од Прилеп (Фото)

Aвто школа “Семафор” е вистински лидер во градот под Марковите Кули. Современи возила, подготвени, трпеливи и внимателни инструктори, единствена авто школа во Прилеп со сопствен полигон… се само мал дел од предностите кои идните возачки ги имаат во “Семафор”.

Секој еден кој им дал довербата ќе го каже истото, едноставно НАЈДОБРИ!

Во авто школа “Семафор” нудат обука за сите категории на возачки дозволи и располагаат со најнови и најсовремени возила во градот.

Доаѓањето на пролетта е идеално време за возење мотор и мопед, па доколку сте љубители на адреналин, во “Семафор” ви нудат обуки за А, А1, А2 и АМ категорија со нови одлични мотори.

АМ” категорија 16 години (само теоретска настава)

“А1” категорија 16 години – Обука со MONDIAL 125cm3

“A2” категорија 18 години – Обука со CF 400cm3

“A” категорија 24 години (или 21 година со положена А2) – Обука со KAWASAKI Z 650cm3

Вашата доверба доверете им ја на најдобрите! Побарајте ги на телефонскиот број: 075 414 836, или посетете ги на улица “Мице Козар” бр. 87.

Ни доаѓа летното сметање на времето: Стрелките на часовникот ќе одат еден час понапред

Летното сметање на времето ќе почне идната недела во недела, на 27 март во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред на 3 часот.

Летното сметање ќе заврши на 31 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад.

Европскиот парламент уште пред 2 години го поддржа предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија.

Ова ќе стапи на сила оваа година, кога секоја членка ќе може да избере дали постојано ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

Тоа значи дека за некои земји кои планираат да останат на летно сметање на времето, ова ќе биде последното поместување на стрелките на часовникот.

Она што е добро во летното сметање на времето е што денот трае подолго. Веќе може да се забележи дека се стемнува околу 18 часот, што значи дека пред крајот на месецот, вечерта ќе ни доаѓа некаде по 19 часот а во летните месеци, сонце ќе имаме и по 20 часот.

(Видео) Објавена снимка од употреба на хиперсонично opyжje – Русите погодија хангар со мунициja

Русија денеска соопшти дека ја искористила својата најнова хиперсонична кама (Dagger) во Украина за првпат да уништи складиште за opyжје на западот на земјата, а сега на Твитер профилот на руското Министерство за одбрана се појави видео.

– Авијацискиот ракетен систем „Кама“ со хиперсонични аеробалистички paкети уништи големо подземно складиште на пpoeктили и авионска мунициja во селото Дељатин во Ивано-франковската област, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.

Министерството исто така соопшти дека руските сили го користеле противбродскиот ракетен систем Бастион за да ги уништат украинските воени објекти во близина на пристаништето на Црното Море во Одеса.