дома блог страница 1638

Градежна офанзива во Штип: Новиот градоначалник Јорданов од ден во ден ги исполнува предизборните ветувања (Фото)

Новата штипска локална власт предводена од градоначалникот Иван Јорданов работи со полн погон

Од самиот старт на неговиот мандат Штип секојдневно оди кон подобро. Се асфалтираат улици, се чистат депонии, светна и крстот на Исарот… се работи на сите страни.

Денеска пак се започна со асфалтирање на пет паркинг места и две пристапни улици во населба “8-ми Ноември”.

-Како што најавивме, денес започнавме со асфалтирање на пет паркинг места и две пристапни улици во населба 8ми Ноември. Местата од каде што беа отстранети времените лимени гаражи, добиваат нови паркинг површини со кои ќе се олесни функционирањето и секојдневието на тамошните жители. Освен во оваа населба, вакви паркинг локации ќе овезбедиме и во населбите Автокоманда и Сењак – напиша Јорданов на ФБ.

(Видео) Нападите продолжуваат: Русите објавија видео од уништувањето на украинскиот БУК систем

На видеото на руската армија се гледа моментот на уништување на системот „Бук“ на вoopужените сили на Украина од рускиот „Искандер“.

Министерството за одбрана на Руската Федерација прикажа видео од уништувањето на противвоздушната одбрана со високопрецизно ракетно opyжje во регионот на Киев.

Забележано е дека оперативно-тактичкиот комплекс Искандер истрелал проектил кон извидувачката позиција на украинскиот ЗАМ. Руското Министерство за одбрана исто така додаде дека контролата на ударот ја извршила БПЛА. Со точен удар е уништен противвоздушниот ракетен систем.

Кичевчани му го истурија ѓyбpeто на градоначалникот на Д У И пред општина: Обединети без разлика на вера, нација и партија го кренаа гласот (Фото/Видео)

Денеска пред општинската зграда во Кичево се одржа голем сенароден граѓански пpoтecт, на кој граѓаните со различна вepoисповест им порачаа на општинските власти дека нивната неспособност и неажурност повеќе не се трпи.

Кичевчани побараа во најкраток можен рок општина Кичево предводена од градоначалникот на ДУИ, да започне со решавање на проблемите кои секој кичевчанец го засегнуваат.

– Кичево единствен град во државата скоро 3 месеци без улично осветлување
– Кичево единствен град со огромна депонија во центарот на градот наместо парк како и сите нормални градови

– Кичево рекордер по нападнати граѓани и дечиња од кучиња скитници


– Кичево единствен град со раскопани и непроодни најпрометни улици во центарот на градот и многу други – стоеше во најавата на протестот на социјалните мрежи.

(Видео) Прилепски бизнисмен влезе во музичко студио и плени со својот глас

Познатиот прилепски бизнисмен Миле Даскалоски покажа дека покрај доброто менаџирање, располага и со одлични гласовни способности.

Пред два дена во студиото на Славко Ристески, тој сними преработка за песната “Није ми ко теби” од Енес Беговиќ.

Слушнете во продолжение:

Прилепски пишманаџија семафор (Фото)

Прилепчани мака мачат со семафорите низ градот кои на моменти работат, на моменти не работат. А дури и кога работат можат да ве збунат. Затоа внимавајте кога возите и прилагодете ја брзината низ градските улици.

Уште еден прилепски новинар незадоволен од функционирањето на надлежните

Пишува : Зоран Момироски, новинар

Деновиве мојот колега Дарко Штаргоски преку социјалната мрежа Фејсбук отворено ги повика и постави прашања но и дилеми за игнорантскиот однос на локалната и централната власт кон новинарите.

Притоа тој вели ,,сами си се снимаат сами си даваат изјави и сами ги праќаат по порталите, телевизиите и радио станиците”. И констатира дека ниту на едните ниту на другите новинари не им требаат. Тогаш му порачав дека за тоа е виновна фелата. А сега му порачувам и него и на останатите дека одговорот можат да го најдат по ново формираниот еднонаменски портал ,,Котлина.МК”. Како и ,,Станица.МК”.

Тука е одговорот на прашањат зошто прилепските професионални новинари и партиски поединци ги игнорираат и зошто градот остана без професионални медиуми радио станици и телевизија во градот кој го имаше најстаро и најдобро опременото Радио Прилеп и првата регионална телевизија ТВ Прилеп во Македонија.

По овој најнов портал на кој му посакувам успех станува јасно дека на локалните власти во име на граѓаните а за свои потреби да ја дефокусираат јвноста не им треба критички ,,прозорец” кон нашата подобра иднина. Таквите треба финансиски, етички, морално и професионално да се уништат. А ,,моето јас да не биде посилно и по вистинито од вашето јас”, што ќе рече гледајте со наши очи во она што и ние не го гледаме. Бидејќи објективно во изминативе 5 месеци чесно и спокојно си ги одспавте.

Епа наши прилепски функционерчиња и ,,функционеришта”, народот не ви даде доверба со 7.500 гласа за вакво недоквакан однос. Во интерес на вистината проекциите беа 2.500 разлика. Добиените плус 5.000 се од незадоволните од предходната локална власт и од поделеното членство на СДСМ помеѓу Сугарески и Талески од една страна и екс градоначалникот Илија Јованоски од друга страна.

Ете ова треба да ви биде поука, ако ви биде во иднина. А не да ја дефокусирате јавноста со етикетирања на луѓе или со тоа кој бегал од страв. Демек од јаката локална власт или од победничката ВМРО-ДПМНЕ. Пролетта во Охрид во Битола и некој скопски општини одамна е дојдена. Таму се работи. Општините добиваат нов лик, а овде во Прилеп сеуште е кочан зима. Граѓаните чекаат, новинарите чекаат, јавноста очекува, а времето минува.

Стоилковски и денеска го побара младиот милионер од СДСМ, него го немаше но јавноста мора да добие одговори на овие прашања (Видео)

Денеска од омилено место на младиот милионер, пратеник и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски, ќе му поставувам директни прашања: Дали пратеникот и портпарол од СДСМ Дарко Каевски во 2020 година купил стан во Скопје? Дали истата година изградил луксузна хациенда на местото на стара куќа во скопско Волково? Дали има документи за градба на луксузната вила во Волково? Овие прашања денес му ги постави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Cтоилковски на портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

-Дали хациендата во Волково е изградена на местото коешто во Анкетниот лист е пријавено како градежно НЕИЗГРАДЕНО земјиште во Волково? И последното прашање, како со директорска плата од Агенцијата за Млади и Спорт, тукушто избран пратеник, на 30 години, успева во една година да се стекне со стан во Скопје и да изгради луксузна вила во Волково? СДСМ 5 години се на власт, 5 години во коишто народот осиромаши, цените се дуплирани, државата тоне, а функционери од СДСМ го намножија контото, истакна Стоилковски.

Секој еден ден поминат со СДСМ на власт е поскап од предвремени избори! Додаде тој.

Kaква чест: Во Скопје пречекан првиот лет од Софија со воден мост во форма на виножито

На Меѓународниот аеродром Скопје, утринава во 5 часот и 48 минути, со воден мост во форма на виножито, ТАВ Македонија го пречека првиот лет од Софија на бугарската авиокомпанија „Гуливер”.

Со авион од типот ATR 72 – 600 , којшто може да превезе 70 патници, авиокомпанијата го имаше својот прв редовен лет на Меѓународниот аеродром Скопје, означувајќи го почетокот на нивното официјално комерцијално работење на македонскиот пазар.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски утрово ги пречека патниците кои пристигнаа со првиот комерцијален лет на релација Софија – Скопје, со што започна да се реализира редовната авиолинија Софија – Скопје што произлезе од договорот меѓу мешовитите владини комисии на двете земји.

-Ме радува што во многу брзо време најдовме согласност и заеднички со Република Бугарија ја воспоставивме оваа линија. Работите се движат во посакуваниот правец и веќе ги гледаме резултатите од работењето на мешовитите групи со колегите од Бугарија. Летот Софија – Скопје од денеска почнува да сообраќа и првите патници веќе пристигнаа во Скопје. Им посакувам добредојде во нашата држава и испраќам порака дека нашата земја има што да понуди во делот на туризмот. Остануваме посветени со нашите пријатели и во наредниот период во изнаѓање на решенија со кои ќе ги зацврстиме пријателските односи и кои ќе донесат економски бенефит за двете држави, изјави министерот Бочварски од аеродромот во Скопје.

Министерството за транспорт и врски, како што посочи Бочварски, продолжува со креирање политики за развој на авиосообраќајот во земјата и отворање на нови дестинации за нашите граѓани.

-Како ТАВ возбудени сме да го одбележиме и прославиме влезот на „Гуливер” на македонскиот пазар, со денешниот лет на новата авиолинија од Софија до Скопје. Македонскиот главен град ќе биде поврзан со бугарскиот главен град, со авиолинија, два пати неделно, секоја сабота и секој понеделник, од денес, 26-ти март. Авиокомпанијата ќе сообраќа до Меѓународниот Аеродром Скопје првпат, па така можеме да ја додадеме „Гуливер” како нова авиокомпанија, а летовите на релација Софија-Скопје-Софија како нова авиолинија во портфолиото на Меѓународниот Аеродром Скопје и во портфолиото на македонскиот воздухопловен пазар воопшто, по подолг период. Среќни сме што авиокомпанијата почна да лета до и од скопскиот аеродром и покрај тековната криза со ковид-пандемијата. Авиолинијата Софија-Скопје-Софија сега ги поврзува двата главни града за само 30 минути. Веруваме дека оваа авиолинија има огромен потенцијал, како и за туристички,така и за деловни патувања. Бугарските и македонските патници може да сметаат дека оваа авиолинија е корисна за посета на главните градови на двете земји и во исто време тие можат да го продолжат своето патување до други подалечни дестинации во други странски земји. Оваа авиоконекција ќе придонесе не само за развојот на македонското воздухопловство, туку и за економската соработка меѓу двете земји, изјави генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

Од ТАВ Македонија во денешното соопштение истакнуваат дека оваа нова авиолинија ќе овозможи на патниците и од Македонија и од Бугарија да уживаат и да ги откријат убавините на двата града – живописните градски паркови на Софија или центарот на градот, или богатите културни знаменитости на Скопје и шармантните природни локалитети.

-Авиокомпанијата „Гуливер” е среќна да го најави воведувањето на нов редовен лет меѓу Софија и Скопје. Портфолиото на редовни летови на „Гуливер” сега се зголемува до 3 нови авиолинии (Бургас, Скопје, Тирана), додека во средината на летото очекуваме да ги претставиме нашите нови редовни прекуокеански летови до Њујорк и Њу Делхи. Ова ќе им овозможи на граѓаните на Северна Македонија и нивните гости да истражуваат нови дестинации кои се достапни само со лет од 30 минути до Софија и поврзување со Црното Море – или до аеродромот во Бургас. Летовите на релација Софија-Скопје ќе летаат два пати неделно, или понеделник и сабота, со авион со 70 седишта во економска класа. Летот ќе трае само 30 минути, со што се создава погодна врска меѓу двата главни града, на кои во последните 15 години им недостигаше директна воздушна линија. Придобивките од овие летови ќе бидат суштински за нашите луѓе и ќе придонесат за зајакнување на добрите односи меѓу нас. Веруваме и очекуваме плодна соработка со ТАВ Македонија и скопскиот аеродром. Посебна благодарност до министрите за транспорт и на Северна Македонија и Република Бугарија, изјави извршниот директор на „Гуливер”, Георги Колев.

Резервациите и продажбата на авиобилети се достапни на веб-страницата на „Гуливер” https://gullivair.com/ Летовите се закажани од денеска, 26.03.2022 година, секоја сабота и понеделник.

Од ТАВ Македонија посочуваат дека првите два месеца од 2022 година (јануари и февруари) ги заврши со вкупно 215.227 патници, на двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што претставува 107 отсто пораст споредено со истиот период во 2021 година, додека споредено со 2019 година, којашто се смета за референтна година за воздухопловството, има пад од 29 проценти.

Италијанците ја грешија работата од страт: Трајковски на истиот стадион се има изнадавано голови од слични позиции (Видео)

Дека голот на Александар Трајковски против Италија не е случаен, стои фактот дека на истиот стадион тој има дадено неколку голови од таа позиција.

„Ренцо Барбера“ е како домашен стадион на Александар Трајковски, тој таму помина четири сезони во дресот на Палермо.

Се појави видео во кое се гледа дека Трајковски има дадено неколку голови за Палермо од слична позиција на која им даде гол на Италијаните.

Нашиот фудбалер си имал свое место на стадионот од каде дава голови.

Tурски навивач со пиштoл го paзнece телевизopoт откако Јилмаз пpoмаши пенал за израмнување пpoтив Пopтyгалија (Видео)

Турција имаше шанса за израмнување на резултатот во Португалија, со пенал во 85 минута, но среќата не беше наклонета на нејзината страна.

Бурак Јилмаз го постигна голот за намалување на 2:1, но во 85 минута не стрелаше добро од белата точка за 2:2. А во Турција, работите не беа мирни за еден навививач кој со пиштол го разнесе телевизорот по промашувањето.