И пред празник и по празник во Битола се работи: Коњановски доследен на ветувањата (Фото)

Започна реконструкцијата на коловоз на главниот уличен крак во село Логоварди, во должина од 744 метри.

Градоначаланикот на општина Битола Тони Коњановски изврши увид во теренските активности на улицата, чија реконструкција е од огромно значење за жителите на Логоварди.

Улицата ќе биде со просечна ширина на коловозот од 3,5 метри, надополнета од секоја страна со гранитна коцка во ширина од 0,5 метри, со што целосната ширина ќе изнесува 4,5 метри.

Паралелно ќе се врши изработка на бетонски одводни канали и пропусти, како и прилагодување на влезовите од објектите кон новата нивелета.

Вредноста на реконструкцијата на улицата, која е дел од проектот „Изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици“, од програмата на градоначалникот Тони Коњановски е над 7.000.000 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.