дома блог страница 1639

Tурски навивач со пиштoл го paзнece телевизopoт откако Јилмаз пpoмаши пенал за израмнување пpoтив Пopтyгалија (Видео)

Турција имаше шанса за израмнување на резултатот во Португалија, со пенал во 85 минута, но среќата не беше наклонета на нејзината страна.

Бурак Јилмаз го постигна голот за намалување на 2:1, но во 85 минута не стрелаше добро од белата точка за 2:2. А во Турција, работите не беа мирни за еден навививач кој со пиштол го разнесе телевизорот по промашувањето.

Дизелот пак ги замина бензините: Еве по кои цени ќе се вози од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на одлуката од 24.03.2022
година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,044 ден/кг и ќе изнесува 56,207 ден/кг.

Од 26.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 56,207 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,322%, кај дизелот за 3,210%, кај екстра лесното масло за 2,933% и кај мазутот за 2,240%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,016%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Важно соопштение од општина Прилеп до сите физички и правни лица

Им се соопштува на сите физички и правни лица дека согласно член 29, став 1 од Законот за даноци на имот кои до сега немаат поднесено даночна пријава, а притоа имаат промена во нивната имотна состојба, должни се да поднесат даночна пријава во просториите на Одделението за администрирање на приходи на општина Прилеп, во најкраток можен рок а најдоцна до 31.03.2022.

Неподнесувањето на даночна пријава предизвикува дополнителни постапки и трошоци на даночните обврзници согласно законската регулатива. Во спротивно општината ќе постапува согласно член 90 од истиот Закон.

Чаршиски муабети: “Зошто “трокира” oпштина Прилеп?”

За да не се дефокусираме од темата ќе наброиме само неколку фактори кои според прилепчани “неофицијално” се причината за ова, а вие во коментари набројте ги и вашите гледишта.

1. Ниту еден раководител на сектор не е променет?

2. Бивш директор на ЈП во времето на СДСМ кој 24 часовно барал “криминал” за Ристески е назначен за потписник во даночно одделение?

3. Дел од кадрите вработени од СДСМ идат на работа во 8 часот и си одат за да си работат приватните бизниси?

4. Слабата креативност на Пи-Ар тимот кој креира впечаток за локалната?

5. Ниту една поднесена кривична пријава за криминалите читани по пресови во предизборието?

6. продолжи го набројувањето…

Им пyкна филмот: Утре земјоделска блокада на влезот во Прилеп (Видео)

Разочарани од игнорантскиот однос на власта, утре од 11 до 13 часот, тутунарите од Прилеп и прилепско ќе го блокираат патот Прилеп – Градско на самиот влез во Прилеп.

Повеќе во прилогот на Каролина Дурло за “Алфа ТВ” во продолжение:

Битолчанка се претставувала дека работи во МВР и земала пapи за вpaбoтyвање

Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен до Основното јавно обвинителство Ресен до Основното јавно обвинителство Ресен поднесе кривична пријава против М.Л.(39) од Битола, поради постоење на основано сомнение дека извршила кривично дело „измама”, казниво по член 247 од Кривичниот законик.

Пријавената, во периодот од ноември 2021 до 14.01.2022, лажно претставувајќи се дека е вработена во Министерството за внатрешни работи, ја довела до заблуда оштетената 44-годишна жителка на Ресен дека ќе ѝ овозможи вработување за сопругот за надомест од 3.000 евра.

Откако ветувањето не било реализирано, оштетената сфатила дека е измамена и го пријавила случајот – информираат од МВР.

Влатко Ѓoрчев оригинален: “Победивме во Палермо”

Твитерџиите направија шега со победничките прес конференции на Влатко Ѓорчев, па во неговите набројувања го додадоја и Палермо, а тој си го сподели твитот и напиша:

“Да, победивме во Палермо”.

Koга ќе те пуштат да држиш партиски прес неспремна, па ќе излезе градоначалникот и ќе те направи “попара” пред медиуми (Видео)

Советничка на СДСМ во општина Ѓорче Петров излегла да одржи партиски прес, па неочекувано и’ се појави градоначалникот Бобан Стефковски.

“СДСМ мора да и погледне на вистината во очи. По најавите за прес конференција на СДСМ пред општина Гази Баба излегов надвор со цел пред јавноста да ги соочиме фактите и аргументите во интерес на вистината.
Вистината е дека:

Околу 750.000 евра се потрошени за привремени вработувања во времето на мојот претходник од СДСМ. Покрај ова склучувани се договори на дело со надоместок од 91.500 денари по лице.

СДСМ манипулира, а граѓаните имаат право да ја знаат вистината. Општина Гази Баба ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните. Времето на недомаќинско трошење на народните пари во Гази Баба заврши”, напиша Стефковски на ФБ.

Во 2 дена запленети 40 кубици: Дрвокpaдcтвото во Прилеп и прилепско во целосен расцут (Фото)

И покрај тоа што во изминатите 2 недели зачестија акциите на полициjaта за сузбивање на дрвокрадците во Прилеп и прилепско, се чини дека на пустошењето на шумите им нема крај.

Само во изминатите два дена во атарот на село Гостиражни запленети се над 40 кубни метри со огревно дрво.

Совесни жители и доцна синоќа пријавиле за нов обид за дрвокрадство, но за жал сторителот на сечата останува непознат.

Дрвата биле преземени од подружницата на ЈП Македонски шуми “Црн бор” од Прилеп, од каде апелираат граѓаните и жителите на населените места да ги пријавуваат ваквите појави со цел да се зачува шумскиот фонд.

Важно соопштение до жителите од овие прилепски населени места – Водата од овие чешми не е исправна за употреба

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место Плетвар – крајпатна чешма Че – водоводна мрежа, локален водоснабдителен систем Беловодица – јавна чешма – водоводна мрежа, л.в.с. Плетвар – јавна чешма – водоводна мрежа, л.в.с. Ореовец – јавна чешма сред село – водоводна мрежа и водата од л.в.с. Алинци – Петрески Киро – водоводна мрежа не одговара за употреба.

Исто така водата од л.в.с. Канатларци – бензинска – водоводна мрежа, л.в.с. Ерековци – Кочоски Пецо – водоводна мрежа, л.в.с. Лагово – Петрески Тоде – водоводна мрежа, л.в.с. Веселчани – Мојсоска Ѕ. – водоводна мрежа и водата во локален водоснабдителен систем Загорани – Ѕвездакоски одговара за употреба.