дома блог страница 1637

Битола лежи на гpaнати: Вчера пронајдени две кај “Германски гpoбишта” и “Под Тумбекафе”

На 26.03.2022 во СВР Битола било пpиjaвено дека на магистралниот пат А3, кракот Прилеп – Ресен, во близина на тунелот кај место викано „Германски гpoбишта“ биле пpoнajдени три apтилepиcки гpaнати со калибap 75 мм, кои потекнуваат од Првата cветcка вojна, а во близина на северната трибина на Градскиот стадион „Под Тумбекафе“ била пpoнajдена уште една apтилepиcка гpaната со ист калибap, која исто така потекнува од Првата cветска вojна.

Гpaнатите биле безбедно подигнати од пиpoтexничap од Диpeкциjaта за заштита и cпacyвање – информираат од МВР.

Еве го лекот за спречување на дрвокpaдcтвото во Прилеп (Фото)

Култното место на генерации прилепчани, планинарскиот дом Дервен кој е изгоре во пожap во далечната 1997 година, според голем број граѓани е лекот за спасување на шумскиот фонд.

И додека секојдневно се пустошат шумите над Дервен, а цели конвои натоварени со дрва се движат по патот од манастирот Св. Ѓорѓија до Прилеп, на никого не му текнува дека токму Дервен може да биде спасот од дрвокрадците и зачувување на белите дробови на Прилеп.

Кога би се обновил би можел да се користи покрај од планинарските друштва и од полицијата, па така со постојана контрола на теренот дрвокрадците не би се осудувале да продолжат со пустошењето на шумите.

Инаку изградбата на домот е започната 1951 година, а завршена во 1955 година, со доброволна работа на прилепските планинари и со помош на органите на власта.

Во 1955 година предаден е на управување на Планинарското друштво – „Козјак” од Прилеп, кое заедно со Планинарскиот сојуз на СРМ и најмногу учествувало во неговата изградба.

Граден е од цврст материјал: камен и малтер со приземје и кат. Има две големи простории во кои се сместени околу 50 кревети.

Домот имал кујна и трпезарија опремени со потребната опрема кои може да им служат на посетителите. Имал и помошни простории и соба за домарот на домот.

На 1 март 1997 година, домот е опожарен и целосно руиниран. Останати се само камените руини од домот. Од 2013 година планинарското друштво Козјак е во преговори со општината Прилеп за возобновување на домот и ставање во функција.

Традиционалното искачување „Козјак ’97“ за првпат е одржано во 1997 година. Името на ова искачување „Козјак ’97“ е во спомен за планинарскиот дом Дервен кој изгоре во март истата година.

Искачувањето се организира една недела после православниот христијански празник Дуовден (Духовден).

(Видео) Каевски чудо од дете милионер во СДСМ? Вие скенирајте фискални!

Дарко Каевски, најмладиот милионер во СДСМ, неколку дена молчи и не одговара на прашањата, како на 30 години и со административна плата за неполни 3 години директорување успева во иста година да се стекне со нов стан и да изгради луксузна куќа во Волково, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Но, уште поинтересно е што Дарко Каевски, во стилот на неговите сопартијци, не одговори ниту дали има документи за градба на луксузна вила, хациенда со базени во Волково. Интернет алатката Гугл мапс покажува многу повеќе од тоа што Каевски сака да го сокрие од очите на јавноста. Ова почитувани е парцелата во Волково, имот на семејството Каевски до септември 2020 година кога Дарко Каевски од директор на Агенција за млади и спорт, преминува во пратеник на СДСМ. Ова е објект којшто е легализиран, се работи за скромна куќа од неполни 40 квадрати како и гаража. И тоа било легализирано во 2014 година. И така е се до септември 2020, кога сателит ја има снимено токму оваа состојба. Ова е политувани тоа што го покажува алатката односно дека настанува промена во октомври 2020 година кога се претходно исчезнува а цела парцела станува градежна зона со машини, а легалните објекти ги нема. За да ги нема, мора да има одобрение од општина за рушење, а тоа одобрение е дел од одобрение за градење. За одобрение за градење, неколку пати директно го прашавме Каевски, но тој не одговори. И, одиме на следната сцена снимена од сателит. Ова почитувани е истата парцела, во 2021 година. На местото на скромно легализираното куќиче никнува луксузна хациенда, никнува уште еден објект на местото на гаража, ископан е базен во должина на новоизградената куќа, за што повторно е потребно одобрение од општина. А такво одобрение нема! Уште поинтересно е што во својот анкетен лист до ДКСК, јавен документ, Дарко Каевски, сега пратеник а порано директор, најмладиот милионер и портпарол на СДСМ, не навел куќа, туку, празен плац, градежно неизградено земјиште во Волково!? Почитувани, дали причината за тоа што не е наведена куќа е тоа што во истата година кога е изградена луксузната хациенда на крајот на 2020-та година, Дарко Каевски во својот анкетен лист има наведено дека купил стан од околу 65 метри квадратни во Скопје? Залудно Каевски, како и сите голтари, а сега милионери се обидуваат да ги сокријат имотите со високи огради, кога со години постојат алатки како Гугл мапс кои што ги следат сите промени на теренот! Истата парцела, добиена како наследство во октомври станува градежен плац за потоа да никне како луксузна, одморалиште, базен во медитерански стил. СДСМ 5 години се на власт, 5 години исполнети со кризи заради негрижа на власта, народот во тие 5 години е се посиромашен, државата е во долгови, ама затоа функционери од СДСМ градат хациенди со базени за уживање и прашање е дали за тоа имаат документи! Истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Секој еден ден минат со СДСМ на власт чини поскапо од предвремени парламентарни избори! Додаде Стоилковски.

(Фото) Најубавиот излог во Македонија се наоѓа во Прилеп

Ако не сте подготвени за натпреварот во вторник против Португалија, тогаш трк во Лукас по нов рес од македонската фудбалска репрезентација.

Да навиваме обоени во црвено-жолта боја за нашите момци! Одиме на Светско првенство!

(Видео) Пачешкоски тврди дека денескa се живее одлично и дека платите се високи?

Успешните економски политики на СДСМ даваат резултат, што е особено важно во време на глобална економска и енергетска криза, за поддршка на животниот стандард на сите наши граѓани – истакна на денешната прес конференција новиот претседател на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Печешкоски.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Двојно ја зголемивме минималната плата, од 8.800 денари во времето на ВМРОДПМНЕ до 18.000 денари а примената започнува со мартовската плата што ќе се исплати на почеток на месец април. Дополнително, на чекор сме до остварување за клучното изборно ветување за просечна плата од 30.000 денари.

• Економските политики на СДСМ и владата што ја предводи, даваат резултат. Со СДСМ платите растат многу побрзо и значително дури и во криза.

• Што е особено важно во време на глобална економска и енергетска криза за поддршка на животниот стандард на сите наши граѓани.

• Платите растат во сите сектори. Тоа значи повеќе пари во семејните буџети на работниците, повеќе пари во семејниот буџет на граѓаните.

• Со најновото покачување на минималната плата, над 80.000 работници ќе добиваат по 3.000 денари месечно повејќе со мартовската плата која се исплаќа во месец април.

• Покрај покачување на пензиите и платите пример за тоа е и пакетот антикризни мерки од 400 милиони евра со кои им се помага на граѓаните, но и на компаниите.

• За време на ВМРО ДПМНЕ минималната плата изнесуваше 8.800 денари а СДСМ веќе ја покачи на 18.000 денари. Тоа јасно кажува кој се грижи за работниците и својот народ”.

Опepиpaл во куќа и yкpaл разни пpeдмети: Полициjaта фати млад битолчанаец, yкpaденото вратено на сопственикот

На 26.03.2022 во 22.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.И.(24) од Битола.

Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 25 и 26.03.2022 со употреба на сила влегол во куќа на ул.„Девеани“, сопственост на А.О.(35) од Битола и одзел повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прилепчани победија во Скопје, а скопјани во Прилеп – Како ќе биде денеска? Будимир или Таста кој ќе биде подобар?

Иако плеј-аутот од машката ракометна Супер лига стартуваше пред три недели, за екипата на Прилеп првиот меч е денеска.

Тимот од тренерот Горан Кузманоски го очекува дуел со Скопје, предводено од Андријана Будимир. Претстои неизвесен натпревар ако се има предвид дека во оснониот дел од лигата прилепчаните победија во Скопје, а скопјаните во Прилеп.

Денешниот меч во салата „Борис Трајковски“ ќе го судат Глигор Ќаев и Спаско Ќаев, делегат е Лери Мирчески, сите од Скопје.

Светот фаќа сеир со Италијанците, а врвот го достигнаа навивачите на Швајцарија (Фото)

Италијанците втор пат по ред нема да играат на едно Светско првенство. Ако пред 4 години се сопнаа на Шведска, пред два дена капитулираа и со Македонија.

Додека во Италија врие и веќе се шпекулира со нови имиња за селекторската позиција, светот фаќа сеир со нивната мака, а најјаки во тоа испаднаа навивачите на Швајцарија, чија репрезентација синоќа играше пријателски дуел со Англија.

Токму Швајцарија ги донесе Италијанците до дуел со Македонија, откако на последниот натпревар од квалификациската група во Рим, Италија одигра само 1:1 со нив, па голот во гости и’ го донесе првото место на Швајцарија во групата.

Еве како се пошегуваа швајцарските навивачи синоќа на трибините на “Вембли”:

Мирољубива пелагониска пријателска денеска на “Гоце Делчев” во Прилеп

По убаво и сончево време попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ пред околу 1.500 гледачи во пријателски меч Победа и Пелистер одиграа 1-1, полувреме 0-0.

Стрелец за Победа Мазари (69 мин), а за гостите од Битола Здравески (77 мин).

Тренерот Капинковски на денешниот пријателски меч им даде шанса на 19 играчи, а не настапија единствено капитенот Карчески и Тофилоски.

Наредната сабота на 2 април од 15 часот во меч од 21-то коло на ВМФЛ Победа ќе биде домаќин на Братство.

Во времето кога Прилеп имаше 6 ноќни клубови, па се правеа вакви забави

На популарната Фејсбук група “Машки домаќински муабети” e oбјавен интересен флаер од студентска забава во Прилеп во 2006. година.

Носталгичарите од тоа време во коментари се потсетија на ова време кога во Прилеп успешно работеа дури 6 ноќни клубови: “Студио 54”, “Тhe End”, “Холивуд”, “Ера”, “Пирамида”, “VIP”.

Се било поинаку, дури и пивото за “пеесче” се продавало…

Koj се сеќава како се одвивал ноќниот живот пред 15-20 години во Прилеп, нека напише во коментари.