дома блог страница 1631

Димовски: 21,49% од граѓаните не се попишани, пописот е некомплетен, статистички погрешен и неточен!

Пописот е некомплетен, статистички погрешен и неточен, реагира поранешниот пратеник Илија Димовски, кој потенцира дека 21,49% од граѓаните на Република Македонија не се попишани.

– 537.833 граѓани или 21,49 % воопшто не се попишани во графата етничка припадност, религиска припадност и мајчин јазик.

– Од нив: 405.573 воопшто не се попишани (ниту административно), 132.260 не се попишани лично (нема податок за етничка, религиска и јазична припадност).

– 2.502.892 државјани има Република Македонија (според податоци објавени на ТВ Телма од МВР како посочен извор на 20.11.2020 година), а се попишани само 2.097.319 граѓани

– Пописот е некомплетен, статистички погрешен и неточен!, пишува Димовски.

Беше трет град во Македонија – Според новиот попис падна на 6 место, бројот на населението во Прилеп се намалил за над 10%

Вчера после 6 месеци од одржувањето беа објавени бројките од спроведениот попис на населението.

Бројките покажаа дека Прилеп има 69.025 жители, што сега го сместува на шестото место во Македонија. Ако во минатото учевме дека Прилеп е трет најголем град по бројот на жители, сега пред него се Куманово со 98.104 жители, Битола со 85.164, Тетово со 84.770, како и скопските општини Аеродром со 77.735 и Гази Баба со 69.626.

Според оваа бројка населенито во Прилеп за разлика од пописот во 2002 година се намалило за нешто над 10%, или од 76.768, бројката на жители се намалила на 69.025.

Тоа значи дека за 20 години градот загубил 7.743 жители.

He е мит, виcтина е: Лyѓето се здебелyвaaт кога ќе ги остават цигapите, а еве зошто е тоа така

Сигурно сте забележале од лично или од туѓо искуство дека поголемиот број од луѓето ја зголемуваат нивната телесна тежина откако ќе ги остават цигарите.

Грчките научници потврдиле дека кај лицата кои неодамна престанале да пушат е потребно повеќе време да се намали нивото на грелин (односно хормонот на глад) во желудникот.

По оброкот, кога сме јаделе доволно, доаѓа до намалување на овој хормон и тогаш мозокот добива сигнал дека сме најадени.

Меѓутоа, доколку нивото на грелин останува покачен подолго време, подолго ќе јадеме и на тој начин ќе внесеме поголема количина на храна.

Токму поради ова откако ќе се престане со пушење се зголемува апетитот и со самото тоа дневното внесување на калории, поради што најчесто доаѓа до зголемување на телесната тежина.

Трајанов: Албанците во Македонија ги има само 20 %

Според Павле Трајанов, претседателот на Демократски сојуз, околу 90 отсто од 132.269 граѓани кои не биле попишани како резидентно население, што претставува 7,3 отсто од вкупниот број евидентирани 1.836.713 лица, се етнички Македонци. Според анализата на неговата партија, Трајанов во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 вели дека излегува дека Албанците во Македонија ги има само 20 отсто и за тоа одговорност треба да превземат нивните политички лидери.

– Се радуваа на тоа што успеале 30 отсто да презентираат дека се Албанци. Но, ако 90 отсто се Македонци од оние околу 130.000 непопишани, тогаш колку ќе биде процентот на Албанци? Ќе биде околу 20 отсто, правевме анализа, но не треба да се радуваме на тоа. Албанците ги имаат сите права. Која е одговорноста на алабанскиот политички врв нивните граѓани што се иселиле од Македонија, Донесоа ли они фабрики да работат младите, да има единствено и меѓусебно разбирање меѓу сите граѓани?, прашува Трајанов.

Трајанов рече дека неговата парија имала инсајдерски информации уште за време на статистичката операција дека Македонци не сакаат да се попишат и дека пописот нема да биде одраз на фактичката состојба. Дополнителен проблем ќе биде и тоа што Бугарија ќе има уште еден мотив да ја блокира Македонија во евроинтеграциите.

– Пописот го користат да ја блокираат повторно Македонија Пописот ќе се политизира и ќе биде на штета на националните интереси. Сега Владата треба да излезе и да признае дека има пропусти кои треба да се коригираат, изјави Трајанов.

Од вкупниот број попишани резидентни жители, 58,44 отсто се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци. Како Бугари се изјасниле 3.504 лица, што е 0,19 отсто од вкупното резидентно население. Од вкупно попишаното население, 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи.

Mладиот милионep од СДСМ pacпали по Левица

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев смета дека партијата Левица водела кампања за бојкот на пописот за денес да може да ги оспорува резултатите и да ги подрива темелите на државата.

Тој ја праша партијата „кој и колку ве плаќа за ова да го правите“.

-Ги лажеа граѓаните дека ќе се заразат од Ковид доколку ги примат попишувачите дома, а при пописот немаше ниту еден таков пријавен случај. Обидот не успеа, но се поставуваат неколку прашања:

-Кој ја финансираше кампањата за бојкот и во која валута?

– На која држава и е од интерес Македонија да е нестабилна?

-Дали Левица одработува против македонските граѓани, а во интерес на друга држава?, стои во објавата на Богоев.

Знае помладиот, ама знае и постариот: Даскаловски се распеана фамилија, но кој пее подобро? (Видео)

Познатиот прилепски бизнисмен Миле Даскалоски покажа дека покрај доброто менаџирање, располага и со одлични гласовни способности.

Пред неколку дена во студиото на Славко Ристески, тој сними преработка за песната “Није ми ко теби” од Енес Беговиќ.

Реакциите од публиката беа главно позитивни и речиси сите го пофалија Даскалоски за неговите гласовни способности.

Но, кога е фамилијата Даскалоски во прашање мораме да се потсетиме и на братот на Миле, Пеце Даскалоски, прилепчанец кој живее во Америка и во минатото има издадено неколку песни. Една од нив е и “Нашинска свадба”, па препорачуваме да ја слушнете во продолжение.

Тајните на старите бурекџии: Најдобриот рецепт за домашен бурек, како од пекара!

А уште подобро е кога знаете да го направите сами.

Со овој едноставен рецепт ќе успеете и затоа што е погоден за почетници.

Состојки:

1/2 кг подебели кори, 500 гр сирење, 250 ml вода, 125 мл масло, по потреба сол

Подготовка:

Во длабок сад измешајте вода и масло и посолете (ако сирењето ви е премногу солено, внимавајте да не претерате). Ќе биде неопходно оваа течност да се промешува пред секое прскање на кората, бидејќи маслото се одвојува. Намачкајте со масло округла тавче и ставете 2 кори чии краеви треба да ги преминат рабовите на тавата, или да висат од страна. Попрскајте со мешавина од масло и вода. Остатокот од кората поделете го во групи од по 3 кори.

Земете 3 кори и ставете ги во тавче една врз друга, гужвајќи ги да стојат, па третата попрскајте ја и посипете со рендано сирење. Повторете го ова со останатите кори освен последните три. Во тавче ставете ја првата од овие три стуткани и посипете. Се става претпоследната кора. Посипете ја и неа и ставете го остатокот од сирењето. Се става последната кора и се посипува со мешавина од вода и масло.

Сега преку последната кора префрлете ги краевите кои висат од страна, затворајќи го бурекот и посипете со течност. Се пече во рерна загреана на 180 степени додека ситно порумени.

И Ромите се побунија: Не ги признаваат резултатите од пописот на населението

Граѓанската иницијатива Аваја преку реакција до јавноста вели дека не ги признава резултатите од пописот. Ви ја пренесуваме во целост:

Штотуку објавените резултати од пописот кажуваат дека од вкупниот број на попишани граѓани, резидентно население, 58, 44% се Македонци, 24,3% се Албанци, 3,86% се Турци, 2,53% се Роми, 1,3% се Срби, 0,47% се Власи и 0,87 % се Бошњаци. Покрај резидентното население, на овој попис се попишуваше и дијаспората и според резултатите нерезидентното попишано население е со следните проценти, 24,45% Македонци, 66, 36% Албанци, 4,79% Турци, 1,02% Роми, 0,19% Власи, 0,35% Срби и 0,81% Бошњаци.

Според нашите проценки базирани на официјалните државни податоци, од 2002 година до 2020 година вкупниот број на родени Роми изнесува 32.000 Роми, додека бројката на умрени изнесува 8,500. Според овие податоци, природниот прираст изнесува околу 24.000 Роми. Споредбено со другите заедници, без етничките Албанци, Ромите имаат најголем експоненционален природен прираст. Покрај податоците на родени Роми, податоците за Роми во образовниот систем укажуваат на во просек 15.000 Роми ученици во текот на една училишна година. Земајќи го во предвид и податокот дека околу 5.000 Роми не се дел од образовниот процес поради различни причини, произлегува дека во државата имаме околу 20.000 деца на училишна возраст Роми. Доколку се земе во предвид дека едно ромско семејство брои во просек 5 члена, бројката укажува на 100.000 Роми во државата. За бројката на Роми во државата говорат и податоците од АВРСМ, каде што во текот на 2020 година имаме 14.401 активен барател на работа и 3.410 пасивни баратели на работа. Воедно, според нашите податоци постојат околу 10.000 Роми кои не се регистрирани во системот на баратели на работа. Проекцијата и на овој збир укажува дека во државата треба да имаме околу 100.000 Роми.

Процентот од 2,53% Роми или 46.367 Роми резидентно население не е ниту 50% од бројката на Роми која живее во државата. Потсетуваме дека во текот на пописот се затекнаа манипулации на терен со ромското население, се репортираа попишувачи кои попишуваа Роми под друга етничка припадност и се истакнуваа неправилностите во време на траењето на пописот. Во Велес попишувач велел дека нема Ром/Ромка во пописниот прашалник – попишувачот бил отстрането, но по неколку дена попишувачот бил повторно вратен на терен. Во Дебар, Кичево, Радовиш, Струмица, Виница ромските семејства не беа прашувани за етничка припадност. Во овие градови, особено во Струмица и во Радовиш, статистичката операција беше претворена во операција на манипулација на ромското население. Покрај тоа, постојат и населени места кои поради краткиот временски период не беа попишани.

По забележувањето на манипулациите и неправилностите на терен реакциите на Ромите беа дека податоците од овој спроведен попис нема да бидат признаени од страна на ромското население. Тоа се докажа и со објавувањето на денешните резултати, процентот на Роми во државата не е 2,53%. Гледајќи ја бројката и нотираните неправилности и манипулации, овој попис го сметаме за невалиден. Целта на спроведувањето на пописот е генерирање на статистички податоци за креирање на политики, меѓутоа со оглед на тоа што овој попис не ја прикажува вистинската слика за процентот на Роми сметаме дека спроведениот попис нема да помогне во креирањето на политиките во државата. Во овој период дополнително сме во процес на тестирање на податоци од базите на податоци од државата кои го имаат податокот на етничка припадност. Пописот како статистичка и политичка операција не завршува со објавување на податоците.

Пандев му врати на Панчев: На човекот му е многу мака што Македонија играше на Европско и бараж за Светско

Дарко Панчев во изјава за германските медиуми го „чепна“ најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, истакнувајќи дека со струмичанецот, Македонија губела и од Андора.

Запрашан за коментар, Пандев за „Фокус“, само кратко порача:

„Нема што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европското првенство и бараж за СП““, кратко ни изјави Пандев.

Целата негова изјава прочитајте ја ТУКА

He останаа мажи, според пописот во Прилеп има повеќе жени, а еве колку вкупно прилепчани не’ има

Државниот завод за статистика денеска ги објави бројките од ланскиот попис на населението.

Според објавените табели на stat.gov.mk во Прилеп во моментов има 69.025 жители, а од нив 34 817 се жени, додека 34 208 се мажи.

58 349 се изјасниле како Македонци, 127 како Албанци, 1060 Турци, 3966 Роми, 30 Власи, 113 Срби, 117 Бошњаци, 284 припаѓаат на други неспомнати националности, а 9 лица одбиле да се изјаснат.