дома блог страница 1632

Панчев во интервју за германски весник: “Со Пандев во тимот губевме од Андора”

Дарко Панчев во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алемајне Цајтунг“ зборува за моменталните достигнувања на македонската фудбалска репрезентација, но искористи и прилика да го прокоментира и нашиот најдобар фудбалер на сите времиња Горан Пандев.

“Придонесот на Горан Пандев за Македонија е неспорен. Не може да се заборави дека тој го даде голот во Тбилиси против Грузија за пласман на Европското првенство, но не може да се заборави дека и со него во тимот губевме од Андора. Мислам дека фудбалерите како Барди, Алиоски, Адеми може уште повеќе да се развиваат, а тоа ќе биде одлично за нашите резултати во иднина. Победите над Германија и Италија не може да се споредуваат, првата беше во квалификации, додека другата во бараж, но како и да е тие двете се голем белег и пресвртница во историјата на македонскиот фудбал. Да сум претседател на ФФМ веднаш би го продолжил договорот на Милевски, би му дал четиригодишен договор. Јас сум импресиониран од неговата работа и од концептот, особено што и претходно имаше одлична работа со младата селекција. За мене тој е најдобриот селектор кој го имала Македонија” – истакна Дарко Панчев.

Голема акција на МВР во околината на Прилеп: Фатени автомобили и запрежни возила натовapени со дрва, пpиведени најмалку 5 лица

На 29.03.2022 во периодот од 07 до 18.00 часот, полициски службеници од СВР Битола, Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Полициска станица Прилеп извршија засилени контроли на повеќе локации во Прилеп за откривање на случаи на бесправно сечење огревни дрва – информираат од МВР.

Притоа, во повеќе возила биле пронајдени и одземени околу 11 метри кубни огревни дрва, кои биле предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, а лицата кои ги управувале биле лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На патниот правец Плетвар – с.Царевиќ биле затекнати четири патнички возила натоварени со бесправно исечени огревни дрва и тоа: патничко возило „фолксваген поло” со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.С.(35) од Прилеп, а сопатник бил Т.Р.(32) од Прилеп, патничко возило „опел астра” со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(45) од Прилеп, патничко возило „сеат толедо” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(47) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.П.(45) од Прилеп.

На патот кон Вештачкото езеро, во близина на с.Дервен, биле пронајдени две оставени возила „лада нива”, од кои едното било натоварено со дрва.

Над манастирот Св.Ѓорѓи биле пронајдени и подигнати бесправно исечени огревни дрва, додека на место викано „Борила“ и место викано „Леково“ биле пронајдени две, односно четири запрежни возила натоварени со огревни дрва.

Мицкоски вечерва гостин на Алфа ТВ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва ќе гостува во емисијата „Што не е јасно” на Алфа ТВ.

-Следете го моето гостување во „Што не е јасно” на Алфа ТВ, со почеток од 18:15 часот, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Милошоски: Бројките од пописот се поразителни, а операцијата некомплетна

Прес конференција на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ

Би сакал денешната прес конференција да ја искористам по однос на темата попис.

Пописот ваков каков што е во Република Македонија покажува алармантни бројки кои што се поразителни за сите општини освен за градот Скопје, и за целата држава, особено со тоа што имаме преголемо иселување. Пописот власта сака да го покаже како успех, иселувањето покажува дека истиот е неуспех, а бројката од 7.2% неизјаснети покажува дека овој попис е некомплетен.

Пописните бројки се показател за неуспех бидејќи има силен бран на иселувања, имаме операција спроведена со низа забелешки, и со многу политика и затоа сметаме дека ваквите бројките секој има право во истите да се сомнева.

Не сакавме да коментираме додека не излезат официјалните бројки, но она што со сигурност може да се констатира дека и пред објавата на резултатите и за време на самата објава на резултатите партиите од власта се играа со проценти и се уште го прават тоа што пописот многу го политизира.

Во Македонија денес беше објавено колку има население, како е тоа население дистрибуирано по региони, општини, по градови, и како е тоа население по етничка припадност изјаснето. Но, за првпат во Македонија имаме една сериозна бројка од 7.2% или повеќе од 132.000 за кои што ДЗС и покрај тоа што ги има на располагање сите механизми од образование, до лични карти, матични броеви, изјаснување, по други институции, не успеал да ја дефинира припадноста на овие 132.000 македонски граѓани, жители на државата.

Затоа сметаме дека Државниот завод за статистика не се потрудил да ги искористи податоците за да го направи овој попис да изгледа комплетен. Ваквите податоци, пописот го прават некомплетен.

Имаме 7,2% коишто го бојкотирале пописот тоа се повеќе од 132.000 граѓани, а живеат во државата. Имајќи предвид дека дел од Македонците овој попис го бојкотираа. Бројките на ДЗС требаше да се соопштат откако ќе се дефинираше припадноста на секој жител кој не се попишал или не се изјаснил на пописот. Затоа денес имаме некомплетен попис во овој дел.

Како може тоа да се заклучи. Едноставно е, ќе споменам неколку средини и општини каде што е поголема бројката на граѓани кои не се попишале или не се изјасниле по етничка основа, а според нашите податоци добиени од најмногу секторот образование можеме да заклучиме дека нивниот број во најголем дел се работи за Македонци.

Во општина Аеродром имаме 5.247 Македонци кои не се попишани, во општина Ѓорче Петров имаме 4.450 Македонци кои не се попишани, во општина Центар 5.000, исто и во Битола повеќе од 5.000, во општина Велес 4.700 Македонци, Кавадарци 2.500, во Кочани 2.400 Македонци не се попишале, во Охрид 4.300 Македонци коишто не се попишале, во Прилеп 5.000 Македонци, во Струмица имаме рекордни 6.640 Македонци кои не се попишан, во Штип околу 4.400 Македонци кои не се попишале на оваа статистичка операција. И со тоа сметаме дека оваа статистичка операција неуспевајќи да ги дефинира сите параметри на овие присутни жители во државата го прави пописот некомплетен.

Само овие неколку општини кои ги набројав има повеќе од 60.000 неизјаснети коишто стојат во таква графа, жители во Македонија неизјаснети по национална основа. И затоа според нас, овој попис во тој дел е некомплетен и грешката, недостатокот е во ДЗС.

ВМРО-ДПМНЕ и покрај многуте забелешки повика на масовно попишување за време на овој попис и со тоа го дадовме нашиот придонес, но за жал имаше и одредени актери кои што повикуваа на бојкот и бојкотот нанесе одредена штета на податоците на овој попис, на комплетноста на овој попис и на штета на Македонците.

Споредбено со пописот од 2002 година има околу 200.000 граѓани кои што се иселени и сметаме дека оваа бројка е поразителна на државата, за сите општини, а особено за неуспешните економски политики на актуелната влада.

ВМРО-ДПМНЕ сметајќи дека овој попис е некомплетен се обврзува по смената на власта да спроведе чисто електронски попис по сите европски стандарди кои што може да биде и комплетен, и веродостоен и да ги нема фалинките и недостатоците кои што ги имаат овие пописни бројки.

Бетмен има нешто да ви каже за пописот

Фејсбук статус на Богдан Илиевски – Бетмен

– Според пописот, на вкупно население од 2.097.319 лица, 29,52% или над 620 000 се Албанци. На резидентно население од 1 836 713, процентот на Албанци е 24,3% или 446 321. Тоа значи дека 174 илјади од вкупно 258 илјади лица кои се попишани во дијаспора, се Албанци. А сите други 80-тина илјади се Македонци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи и останатите. Односно во дијаспора живеат дупло повеќе Албанци отколку сите други жители на Македонија. Дополнително, за 20 години сме 300 000 жители на Македонија помалку. Едноставно ова броење е невозможно да е точно.

Ахмети задоволен од бројките на пописот: Не беше лесно, но успеавме, ова е голем успех

Денес, Република Македонија по 20 години има појасен увид во однос на вкупното население и процентот на заедниците во државата, напиша на својот Фејсбук, лидерот на ДУИ Али Ахмети, откако јавно беа објавени резултатите од страна на ДЗС, од Пописот 2021 година.

-Албанците се 29,5% во општата популација и 24,3% во резидентното население, додека во градот Скопје 22,8% (од 20,04% во 2002 година).Им честитам на сите институции кои се вклучија и помогнаа Регистрацијата како процес кој започна во март минатата година со дијаспората од земјава кој заврши во септември со регистрирање на населението во државата, процес и предизвик не е лесен, но успеавме да го завршиме со успех, напиша Ахмети.

Пописот ги стопи Македонците, ги накоти Албанците? Oва се бројките

Државниот завод за статистика ги објави резултатите од пописот. На церемонијата одржава во Македонската филхармонија присуствуваше целиот државен врв.

Од вкупниот број попишани граѓани, резидентни и нерезидентни, Македонци се 54,21 %, Албанци, 29,52 %, 3,98 % Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи. Само 3. 500 граѓани се изјасниле како Бугари.

– Ја изразувам својата огромна благодарност за огромниот труд на сите вработени во Државниот завод за статистика, Комисиите за пописните реони и до сите реонски инструктори и попишувачи, до медиумите, донаторите, државните институции, невладините организации, агенцијата за медиумска промоција на Пописот, но, пред сè, огромна благодарност до сите граѓани кои ја препознаа важноста на Пописот, ја остварија својата законска обврска и со попишувањето дадоа придонес за својата иднина и за иднината на своите поколенија. Затоа што, всушност, Пописот зависи од сите нас и е за сите нас. – рече директорот на Државниот завод за статистика.

И сега за податоците што ги прибравме во текот на попишувањето:

Со Пописот во земјата се попишани вкупно 1 832 696 лица, 568 175 домаќинства и 837 255 станови.

Со примената на комбинираниот пописен метод и со користењето на новите техничко-технолошки алатки, се овозможи ефикасно следење на попишувањето и опфатот на единиците на попис на терен.

Изразено во бројки, тоа значи дека:

Од опфатените објекти за живеење, 91 % беа предмет на попис;
9 % се објекти кои не беа предмет на попис;
Сите објекти кои беа предмет на попис беа посетени по неколку пати. Онаму каде што по неколкукратните обиди не се оствари контакт со граѓаните, тие беа повикани да се попишат во седиштата на општините. Оние кои и тоа не успеаја да го направат, сепак ќе бидат дел од Пописот бидејќи се очекува да ги има во некоја од базите кои ќе се користат при обработката на податоците, така што со сигурност знаеме дека целосно и успешно го опфативме населението кое во овој момент живее во државата.

Овие показатели укажуваат на фактот дека целата активност е спроведена во рамките на очекуваното особено со оглед на тоа дека 20 години немаме пописни податоци и немавме точна претстава со што ќе се соочиме на терен.

Во однос на попишувањето на дијаспората, вкупно се самопопишаа 204 805 македонски државјани и тоа најмногу од западноевропските земји, а многу помал број од прекуокеанските земји.
Вкупно резидентно население според изјаснувањето за етничка припадност.

Македонци 58, 44%

Албанци 24,30% – соошти Симовски.

Руската рубља почнува да ја враќа вредноста на меѓународните пазари

Руската валута зајакна на повеќе од едномесечен максимум за време на тргувањето во вторникот, зголемувајќи се за над 10% поради знаците за напредок во мировните преговори меѓу руските и украинските преговарачи. Крајниот рок за носење одлука за плаќање во рубљи на гасот, исто така, ја подигна валутата.

Рубљата се тргуваше под 83 во однос на американскиот долар кога беше најсилна пред еден месец. Таа, исто така, се зголеми во однос на европската заедничка валута за да се тргува по цена од околу 93 рубљи за евро.

Руската валута драматично порасна во последните три недели, што ја одразува ефикасноста на монетарната политика усвоена од централната банка како одговор на санкциите.

Друго големо засилување беше минатонеделната владина одлука да бара од „непријателските“ држави да плаќаат за природен гас само во рубли, а не во долари или евра од сега па натаму. Тие земји – вклучувајќи ги САД, Велика Британија и ЕУ – имаат рок до 31 март да го префрлат плаќањето за рускиот гас во рубљи.

Валутата падна на рекордно ниско ниво од 151 рубља во однос на доларот на 7 март, откако беше цел на западните санкции. Оттогаш, неговата вредност се удвои во однос на американскиот долар.

Бил ѕвезда играл за Ливерпул, ама Џани е роден во Прилеп (Видео)

Репрезентациите на Португалија и Македонија во „Драгао“ вчера го одиграат финалниот натпревар од плеј-офот за пласман на Мундијалот во Катар.

Португалија го славеше пласманот на Мундијалот по победата од 2:0, а социјалните мрежи како најинтересен го издвојуваат вербалниот дуел меѓу Езѓан Алиоски и Диого Жота.

Асот на Ливерпул изреагира бурно и предизвика реакција кај Џани.

СОНК донесе одлyка: Генepaлен штpajк!

На ден 29.03.2022 година, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК ја одржа својата 4-та редовна седница, на која изврши детална анализа на Записниците од одржаните состаноци на ниво на синдикални организации на СОНК, а во врска со носење Одлука за Генерален штрајк.

На седницата, неминовен беше заклучокот дека Советот на СОНК го почитува социјалниот дијалог и дека во изминатиот период оствари повеќе средби, како со Владата, така и со социјалните партнери МОН И МТСП, за усогласување на платите со минималната плата на национално ниво. Но, за жал, во овој временски период, по

однос на нашите барања, нема никаков резултат. Неприфатливиот и неаргументиран однос и основ на ресорните министерства, дополнително влијае на одлучноста на членството на СОНК да истрае во легитимната борба за остварување на своите барања. По опширната расправа на седницата, земајќи го во предвид изјаснувањето на огромен процент на членството за организирање на штрајк, Советот на СОНК едногласно донесе Одлука за организирање и одржување на Генерален штрајк, кој би започнал на 11.04.2022 година.

Советот ги задолжи регионалните одбори на СОНК да ги преземат сите неопходни подготовки за организирање и одржување на Генерален штрајк, кој би се одвивал во сите установи од дејностите детска заштита, основно и средно образование, во кои има членови на СОНК, како и во установи каде што по пат на солидарност би се приклучиле и други вработени. Штрајкот би бил класичен, а тоа значи дека вработените кои ќе бидат во штрајк, нема да вршат прием на деца во градинките, нема да изведуваат настава и други активности што се поврзани со наставата, што би значело прекин на воспитно-образовниот процес.

Членовите на СОНК, заради немање слух на надлежните, мора да ги бараат правата кои им следуваат со закон и колективен договор, преку искажување на јавно незадоволство, односно преку Генерален штрајк. Оттука, СОНК ги повикува своите членови да останат единствени и сплотени во борбата за заштита на своите права, преку која сите засегнати во државата ќе ја сфатат сериозноста, силата и големината на нашиот Синдикат. СОНК бара разбирање и поддршка од родителите на учениците, заради времениот прекин на воспитно-образовниот процес односно прекинот на работа на детските градинки, основните и средните училишта, како и ученичките и студенските домови.

Убедени сме дека нашата синдикална борба за остварување на социјални права ќе вроди со плод, при што конечно вработените во овие дејности ќе бидат достојно вреднувани, а со тоа и помотивирани за извршување на своите работни обврски.

ЗАДОВОЛНИ И МОТИВИРАНИ ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ, ПОКВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ И ВОСПИТАНИЕ, ЗАДОВОЛНИ РОДИТЕЛИ, ПРОСПЕРИТЕТНО ОПШТЕСТВО.