Пингпонгарите на Младост 96 итаат кон одбрана на титулата, следува и европскиот настап во Романија, девојките вицешампиони

Во недела 08.мај, ќе се одржи последниот турнус од Супер лигата во пингпонт, и со тоа завршува регуларниот дел на првенството.

Актуелниот шампион екипата на Младост96 и оваа година, од плеј оффот ќе се бори за одбрана на шампионската титула. Во полуфиналето со Шампиони Фа, а во евентуалното финале со екипата на Крива Паланка 2007, ќе се стартува со почетни 0-0 без ниедна екипа да има предност.

Тоа се должи на по една победа на секоја екипа во регуларниот дел. Доколку Крива Паланка 2007 загуби од Телеком Нец, тогаш Младост96 ќе стартува со предност од 1-0.

Полуфиналето е закажано на 21 и 22 мај. Првата утакмица се игра во Прилеп, додека наредниот ден реваншот ќе се одигра во Штип. Доколку има трет натпревар мајсторката се игра во Прилеп.

Костадиновиќ, Лашкоски, Костовски, Рикалоски, Стомнароски и Рустемовски се спремни и со победничка енергија ќе го дочекаат полуфиналето.

Од 16 мај екипата ќе обави припреми во Прилеп, додека од 23 мај после полуфиналните натпревари екипата ќе отпатува во Суботица на одржување на формата за Европскиот настап во Романија.

Натпреварите во Романија ќе се одиграат во градот Одорхеи на 28 мај. Првиот натпревар ќе се игра во 11 часот со домаќинот Одорхеи, додека вториот натпревар е во 15.00 часот со екипата на Темерин од Србија.

Победникот ќе се пласира на Гранд финалето во Трофеј на Европа на која се пласираат 8-те најдобри од секоја од осумте групи.

За разлика од машката екипа на Младост96, женската екипа во дерби натпреварот за шампион на Македонија, загубија од Шампиони Фа со 4-1, и поради подобар меѓусебен скор противничката екипа се закити со шампионска титула.

Сепак второто место е одличен резултат, каде наредната година ќе се обиде Младост96 да се закити со шампионска титула и во женска конкуренција.

Кадетите на Младост96 имаа одличен викенд. Давид Јоноски го освои 3-то место, Мартин Ристески 4-то место и Трајче Маркоски го освоија 5-то место во машка конкуренција, додека МИла Гулеска го освои 5-то место во женска конкуренција на турнирот ТОП8-најдобрите 8 во таа конкуренција. Турнирот се одржа во Прилеп. На конечната Ранг листа Мартин Ристески е со највисок пласман 3-то место, а позади него на 4-то место е Давид Јоноски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.