Да добро слушнавте, но овојпат во ракомет.
Предмалку беа извлечени квалификациските групи за Европското првенство во 2024 година, на кое Македонија ќе игра во Група 1 заедно со Португалија, Турција и Луксембург.
Ова се останатите групи:
20 години макотрпна работа, 20 години квалитет и задоволни муштерии. Најпознатиот салон за продажба на авто делови “Матадор” од Прилеп слави голем јубилеј.
Од мал бизнис до најсовремен салон за автоделови во Македонија. “Матадор” е единственото место каде ќе најдете буквално се’ за вашите возила.
Резервни делови за секаков вид автомобили, гуми, акумулатори, автокозметика и галантерија од секаков вид, се само мал дел од единствениот и уникатен асортиман на производи кои можете да ги најдете во нивниот салон лоциран на улица “Андон Слабејко” после поранешната фабрика “Борка Левата”.
Внатре се’ е подредено како во аптека, а плус персоналот им е еден од најљубезните во цел Прилеп. Ќе го најдете и најмалиот детал за вашето возило, а вработените се тука да ви објаснат буквално се’.
Затоа “Матадор” е единствената локација на прилепчани и голем број жители од регионот кога ќе се јави проблем со возилото. А доколку некој дел не е достапен во моментот, не грижете се, затоа што само тука ќе го довиете во најкраток можен рок.
Им го честитаме љубилејот и им посакуваме уште долги години успешна работа и уште многу, многу задоволни муштерии во иднина.
Валентин Мирчески, редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје, е избран за дописен член на Македонската академија на науките и уметностите. Низ неговата богата академска кариера има работено и за повеќе универзитети ширум Европа. Професорот Мирчески е вистински амбасадор на Прилеп и Република Македонија, а неговото знаење и искуство е богатство со кое се стекнал секој негов студент. Во продолжение кратко интервју со Професорот и Академик Валентин Мирчески за неговата кариера и академски достигнувања.
Професоре Мирчески, кажете ни накратко како стигнавте до ова особено признание да станете дел од нашата највисока академска институција МАНУ.
– Приемот во МАНУ е резултат на мојата научна и академска работа во изминативе три децении, како и на мојата љубов кон природните науки и знаењето воопшто. Корените на таа страст се протегаат уште од моето основно образование во училиштето „Климент Охридски“ во Прилеп, а особено во извонредната гимназија „Мирче Ацев“, која и денес е една од најпрестижните школи во Македонија. Впрочем, Прилеп не е само слободарски град, тој е град на македонската интелектуална елита, која себе се вградила во интелектуалниот и духовниот темел на нашата Македонска држава.
Кажете ни нешто за вашата досегашна академска кариера.
– Академската кариера ја започнав во 1992 година, како асистент на Институот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, одма после моето дипломирање на истиот факултет како најдобар студент во својата генерација. Докторирав на Природословно-математичкиот факултет во Загреб – Хрватска, во областа на електрохемија – интердисциплинарна наука меѓу физиката и хемијата, под менторство на д-р Миливој Ловриќ, еден од водечките научници на Хрватска. После докторирањето, бев избран од престижната научна фондација “Александер фон Хумболт” и заминав на постдокторски истражувачки престој во Германија. Во изминативе децении, покрај мојот редовен ангажман на Природно-математичкиот факултет во Скопје, работев на повеќе универзитети ширум Европа, главно во Германија и Франција, а моментално сум визитинг професор на Универзитетот во Лоѓ – Полска.
Оваа и минатата година медиумите информираа дека сте на светската листата на 2% највлијателни научници, според анализата на водечкиот Стенфорд Универзитет од САД, заедно со Претcедателот на МАНУ, академикот Коцарев, и уште неколку други истражувачи од Македонија, меѓу кои е и уште еден прилепчанец – професорот Рубин Гулабоски.
– Ова престижно рангирање е направено врз основа на бројот на објавени научни трудови, квалитетот и фактор на влијание (импaкт фактор) на меѓународните списанија каде се објавени трудовите, како и бројот на цитати на моите публикации. Јас сум досега автор на 141 научен труд, од кои 127 се објавени во меѓународни научни списанија со висок фактор на влијание на престижните издавачки куќи Elsevier, Springer, American Chemical Society, Nature итн. Според анализата на “Стенфорд” универзитетот, моите трудови вкупно се цитирани околу 3000 пати. Овие целокупни резултати статистички ме рангираат во 2% највлијателни истражувачи на глобално ниво.
Добитник сте на повеќе награди за научните постигања. Издвоете некои од нив.
– Особено ми е драга наградата што ја добив уште во 2006 година од Француското хемиско друштво и Европската асоцијација за електроаналитичка хемија, за најдобар истражувач на возраст до 40 години во областа на електроаналитичката хемија. Наградата ја добив на меѓународниот конгрес што се одржуваше во Бордо, Франција. Сепак, најдрага ми е државната награда „Гоце Делчев“ од 2008 година, за особен придонес во развојот на науката на Република Македонија. Покрај тоа, минатата годнина бев избран за најуспешен истражувач од подрачјето на природно-математичките науки за 2020 год. на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Кои се предизвиците што стојат пред вас?
– Научната работа и потрагата по знаење е бескраен процес. Мојата желба е научната дејност во Македонија да се развива според моделот на развиените земји и да расте сознанието во нашата академска заедница дека високото образование е неразделно од научноистражувачката дејност. Само преку научна работа во која се интегрирани професорите и студентите се создава интелектуалната елита, која треба да го гаранира целокупниот развој на нашата Македонија.
Советот на Град Скопје на денешната седница усвои одлука за набавка на 3 возила со што значително ќе се подобри техничката опременост и модернизација на противпожарната бригада на Град Скопје.
Со првата одлука се одобрува набавка на две противпожарни возила автоцистерни со капацитет од најмалку 7.000 литри.
Со оглед на потребата за обезбедување основни средства за нормално функционирање на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Советот на Град Скопје одобри и набавка на навално противпожарно возило. Ова возило е неопходно за секојдневното работење на единицата, особено при пожари во урбани средини. Истото ќе биде со капацитет од минимум 4000 литри вода, опремено за интервенции во урбана средина.
Покрај возилата, донесена е и одлука за одобрување набавка на пумпа за теренско возило со висок притисок за теренско возило за гасење на помали пожари и пожари на отворен простор.
На 30.03.2022 во 13.00 часот во Полициската станица Кочани, 76 – годишен маж од Кочани пријавил дека бил измамен од Ф.С. од Кочани. Според пријавеното, во периодот од ноември 2021 досега, Ф.С. во три наврати го довел во заблуда дека ќе му помогне околу судски спор, а како надомест пријавителот му дал 75.000 денари.
Но, како што е пријавено, ниту му завршил работа, ниту му ги вратил парите, по што сфатил дека е измамен.
Се работи на расчистување на случајот.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.М., полициски службеник и Д.Ј., вработен како ракувач на бензинска пумпа.
Пријавени се во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од Кривичниот законик.
Пријавените, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, на 28.03.2022 се обиделе да изнесат околу 150 литри нафта, но биле спречени во намерата.
Н.М. и Д.Ј. ќе бидат суспендирани од работните места.
Во четврток 14.04.2022 година боеви гаѓања на стрелиштето „Леково“
Во рамките на планските активности на Министерството за одбрана, во четврток 14-ти април 2022 година, во периодот од 10:00 часот до 14:00 часот, на гарнизонското стрелиште „Леково“ – Прилеп, ќе се изведуваат боеви гаѓања од пешадиско вооружување.
Од тие причини, се известуваат граѓаните во наведениот датум и време и во наведениот реон, да не изведуваат дополнителни активности, за да не дојде до несакани последици.
Спроведена акциска контрола на територијата на СВР Битола.
На 30.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 41 возачи, од кои 12 на територија на Ресен, 14 на територија на Битола, 6 санкции на територијата на Прилеп, 4 во Демир Хисар и 5 санкции во Македонски Брод.
Самиот факт што имаме попис после цели 20 години е успех сам по себе. Направивме попис со сите нишани, кој не отстапува од традицијата на направени пописи што ја имавме и ние и регионот и континентална Европа, во изминатите неколку децении. Не станува збор за попис најдобар во историјата на Европа, туку станува збор за попис кој ги запазува највисоките стандарди за попишување што ги има ЕУ, изјави денеска во Прилеп претседателот на државата Стево Пендаровски.
Оваа оценка, Пендаровски ја базира не само од она што го слушнал на вчерашната презентација на резултатите, туку и од коментарите дадени од експертот ангажиран од страна на ЕУ.
По барање на новинарите за коментар околу „оние седум проценти, кои предизвикаа најмногу контроверзи“, Пендаровски посочи дека секогаш има контроверзи, особено кај нас на балканскиот регион, каде сме измешани и во религиозна и од политичка смисла. Тој наведе дека она што го знае од разговорите со неколку експерти, не постои попис воопшто во Европа и пошироко, кој нема одредена бројка на лица кои не се опфатени со пописот.
– Кај нас значаен дел, тие седум и колку проценти кои не се опфатени, за жал се резултат на бојкотот на политички субјекти. Очигледно е дека тоа имаше ефект во одредени делови од државата. Се разбира дека не треба да се исклучи како дополнителен фактор за тој процент и пандемијата, изјави шефот на државата Пендаровски, по обраќањето на конференција на тема „Дигитализација“, во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје.
Пендаровски се осврна и на тоа дека постоеја и попишувачи кои беа со специфична опрема, со сите протоколи, а дел од нив работеа и подоцна во тој временски период и надвор и не влегуваа во куќите и становите на граѓаните.
– Но, претпоставувам дека и првиот момент повикот на бојкот кој беше експлицитен од страна на некои парламентарни партии и целата ситуација околу Ковидот, придонесе дел од граѓаните да не ги отворат вратите од своите домови, изјави шефот на државата.
На новинарско прашање за предлозите за амбасадори објавени во некои медиуми, претседателот Пендаровски одговори дека станува збор за предлози од Владата, а тие предлози споменати од медиумите во текот на вчерашниот ден, како што рече, се уште не се пристигнати до него за да може да ги коментира.
Преговорите со Русија се во тек, но тоа се само зборови, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака објавена на социјалните мрежи во средата вечерта.
„ Да, имаме процес на преговори, но тоа се само зборови, без ништо конкретно“, рече Зеленски.
Зеленски рече дека „наводното повлекување“ на руските војници од Киев и Чернихив не е повлекување, туку резултат на работата на украинската армија.
„ Има други зборови за наводното повлекување на руските трупи од Киев и Чернихив и намалувањето на активностите на окупаторите во тие области. Ова не е повлекување, ова е резултат на работата на нашите бранители кои ги вратија назад“, рече тој.
Зеленски додаде дека руските војници се концентрирани во регионот на Донбас и се подготвуваат за нови напади. Тој исто така рече дека Украинците се „подготвени за ова“.
„ Нема да дадеме ништо и ќе се бориме за секој метар од нашата земја“, порача тој.
Тој ја повика јавноста да не ја критикува работата на украинските вооружени сили.
„ Ако некој мисли дека може да ја научи нашата војска како да се бори и како да се спротивстави на непријателот, најдобар начин да го направи тоа е да оди сам на бојното поле. Не од каучот дома или од безбедното место каде што побегнавте, туку од вистински боишта. Покажете ги вашите борбени вештини. Ако не сте подготвени за тоа, не ги ни учете нашите бранители како да ја вршат својата работа“, рече тој.
Украинскиот претседател рече дека имал едночасовен разговор со американскиот претседател Џо Бајден и му се заблагодарил за дополнителните 500 милиони долари помош за Украина.
Зеленски рече дека поддршката на САД е клучна за Украина.