дома блог страница 1626

Скара има на секој чекор во Прилеп, ама само на ова место е врв и се чека на ред: Илјадници муштерии и исто толку пофални зборови

Прилеп е познат по најдобра скара и специјалитети со месо во Македонија, но не секаде ќе најдете квалитет и разновидност како во месарница и скара на кило “Креас”.

Секогаш пресно и секогаш квалитетно месо, секаков вид на скара на кило и илјадници задоволни муштерии.

Вo “Креас” нема што нема, а за мајсторијата на подготовка да не правиме муабет… не постои муштерија кој се пожалил и не уживал во секој вкусен залак.

Ај што имаат се’, па и со цените го “шијат” цел град. Само од “Kреас” ќе се накркате квалитетно и нема да мислите на џебот.

Не случајно се чека на ред за да се дојде до нарачката, а зошто ги бие само добар глас, појдете и порачајте си ребро, увијач, плескавица… и ќе се уверите.

Ќе ги најдете на две локации, од стпротива на судот и на ул. “Прилепски бранители” до Работничкиот универзитет, или побарајте ги и направете порачка на телефонскиот број: 078/343-800.

На здравје!

Познатата прилепска инфлуенсерка кажа “ДА” во Дубаи

Валерија Преспаноска е една од најпознатите модни блогерки кај нас.

Таа деновиве ужива во Дубаи а токму таму му кажа „ДА“ на вереникот Јане.

Убавата вест, Валерија ја сподели со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм каде објави низа фотографии од за неа веројатно најубавиот животен момент.

Валерија Преспаноска е млада и талентирана девојка од Прилеп која својата креативност ja пренесува преку фотографии на социјалните мрежи, а со тоа изнудува и илјадници позитивни реакции од нејзините следбеници.

Нејзиниот профил на Инстаграм го следат над 27.000 корисници, а младата прилепчанка секојдневно ги фасцинира со својата убавина и фотографии кои заслужуваат да се најдат во врвни светски магазини и списанија.

Фото/Инстаграм

(Видео) Чудовиштето од Лох Нес се појави повторно

По долг период на тишина, повторно е забележано чудовиштето од Лох Нес.

Легендарното чудовиште од Лох Нес се чини дека се појави за да и покаже на планетата дека сè уште плива во длабочините на најозборуваното езеро во Шкотска.

Чудовиштето било забележано од страна на ветеранот Еоин О’Фаодагаин во четвртокот. Опишувајќи ја сцената за шкотскиот весник „Дејли рекорд“, Еоин рече дека имало „два објекти кои се движат паралелно еден со друг“.

Еоин, кој рече дека првпат го забележал Неси во 1987 година, го гледал преносот во живо на веб-камерата кога забележал нешто необично во езерото, отфрлајќи ги чудните темни форми што се движат над езерото како евентуално ѓубре или стебло од дрво.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Дали Прилеп е безбеден град? Вистинска драма се одвивала синоќа во центарот на градот

На 03.04.2022 во 02.50 часот пред ноќен клуб во Прилеп од полициcки cлyжбеници од Полициcката станица Прилеп биле лишени од слобода М.М.(28) и Д.П.(31) двајцата од Прилеп затоа што физички нападнале полициcки cлyжбеници, кои интервенирале по претходна пpиjaва за нapyшен jaвен peд и миp, а на еден полициcки cлyжбеник му нанеле и повpeди.

Известен бил Јавен обвинител.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава – информираат од МВР.

Тезгаџиите тријаат раце: Голем предвелигденски панаѓур на Градски базен “Маркови кули”

Oд 8 до 10 април во комплексот Градски базен “Maркови Кули” ќе се одржи голем предвелигденски панаѓур. Пaнаѓурот ќе биде отворен од 08 до 20часот.

(Видео) Младиот “милионер” Каевски вели дека одлично сте живееле со новите цени?

СДСМ, преку институциите и Владата успешно ги менаџира последиците од најголемата економска и енергетска криза во светот во последните 70 години, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Антикризните мерки, вредни 400 милиони евра, за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството даваат резултат.

Ефикасното и брзо реализирање на само неколку мерки на Владата сметките на граѓаните се намалени за 4.000 денари месечно.

Во време на огромна криза ова е многу значајно.

Прилепчани пак киксираа – Ќе мора некого да победат за да обезбедат опстанок

Ракометарите на Пролет ја забележаа третата победа во суперлигашкиот плеј-аут, откако славеа на гостувањето кај составот на Прилеп со 20-24, a Прилеп вториот пораз.

И покрај седумте погодоци на Давор Шокоски, прилепчани беа немоќни во натпреварот против скопскиот тим.

И покрај тоа што до крајот на сезоната има уште 5 кола, прилепчани мораат да победат против некого, со цел да обезбедат опстанок во најелитното ракометно друштво и идната сезона.

Во наредното коло екипата гостува во Струга, која во досегашниот дел од плеј-офот забележа две победи и еден пораз.

Победа до врв ја наполни мрежата на Братство Житоше

Вчера на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во натпревар од 21-то коло на Втората лига-Исток, фудбалерите на Победа би рекле со половина сили и без преголем напор славеа висока и убедлива победа од 6-0, полувреме 5-0 над новајлијата во второлигашкото друштво Братство од Житоше.

Тоа беше меч во кој по раното водство на Победа од 4-та минута, со првиот од трите голови на првиот стрелец на црвено-белите Бојан Спиркоски, не се доведуваше во прашање победникот, туку само со колку голови разлика победашите ќе победат.

Покрај Бојан Спиркоски, 3 гола постигна и Атхе Мазари, а покрај нив двајца уште неколкумина фудбалери на Победа имаа шанси за уште поубедлив триумф, а на другата страна пак Даниел Котески, кој го чуваше голот на Победа, немаше ниту една интервенција. Воедно ова е втор последователен меч во кој црвено-белите за 45 минути постигнуваат 5 голови.

Победа: Котески, Бошески, Христов, Стомнароски (од 46 мин Сркески), Ангелески (од 59 мин С.Спиркоски), Карчески (од 65 мин Кисески-Илијоски), Петејчук, Ј.Наумоски (од 55 мин Ф.Спиркоски), М.Наумоски (од 46 мин Димоски), Б.Спиркоски и Мазари.

Резултати од денешното 21 коло: Победа- Братство 6-0, Слога- Детонит 2-1, Беласица-Локомотива 6-0, Саса- Осогово 2-0 и Пехчево-Кожуф 1-0.

Табела:Слога 45, Победа и Беласица по 44, Саса 43, Осогово 27, Пехчево и Кожуф по 26, Детонит 20, Братство 13 и Локомотива 6 бодови.

Во следното 22 коло на 9 април од 16 часот ќе играат: Локомотива-Победа, Братство-Слога, Осогово-Беласица, Саса-Пехчево и Детонит-Кожуф.

Нападнат и најубавиот град во Украина

Во последните неколку часа серија проектили беа истрелани кон украинскиот пристанишен град Одеса. Ројтерс објави серија експлозии во градот, а очевидци велат дека виделе голем чад во областа.

Изабел Хуршудјан, дописник на Вашингтон пост, престојува во Одеса. Таа се огласи на Твитер и изјави дека во центарот на градот се слушнала силна експлозија.

– Прозорците од мојата хотелска соба само се тресеа. Не е јасно што беше тоа – напиша Кушудиан.

Колку често ви се случува да ве “пецне” cтpyja кога допирате нешто? Експертите објаснуваат зошто се случува тоа

Многумина се жалат дека што и да допрат ги „пецка“ струја. „Пецка“ кога допираме рачка, кога се ракуваме со некого, додека се облекуваме, се соблекуваме, а фризурата едвај останува како што сме ја наместиле. Има многу едноставно објаснување за овој феномен.

Станува збор за статички електрицитет, кој е поизразен во зима поради сувиот воздух, објаснува Александра Гочанин, доцент на Факултетот за физика.

– На преминот меѓу зимата и пролетта времето беше суво, а тој сув воздух беше одговорен за тоа што нè „пецкаше“ се што допиравме. Влажниот воздух е добар проводник, односно полнењето полесно се движи низ влажниот воздух отколку низ сув воздух. Овде зборуваме за статички електрицитет. Се акумулира на нашата кожа и сака да се ослободи преку разни проводници. Тоа е предизвикано од нерамнотежа на електроните помеѓу материјалите што се допираат и се манифестира со чувство на благо трнење при контакт со метални предмети, електрични уреди или луѓе, вели Александра Гочанин.

Таа објаснува дека на нивото на полнење, а со тоа и на зачестеноста на согорувањето, влијаат материјалите што ги користиме секојдневно, како и облеката што ја носиме.

– Колку повеќе носиме природни материјали како памук или лен, толку повеќе сме заштитени од статички електрицитет. Материјалите како волна, полиестер или најлон се добри изолатори и лесно собираат струја на нивната површина и не можат да ја ослободат. Триењето исто така го зголемува полнењето. Во сите овие ситуации, може да почувствуваме мало трнење во контакт со други предмети. Дури и водата може да ве „пецне“, бидејќи е полна со камења и разни соли, вели доцентот.