дома блог страница 1625

Ковачевски: На граѓаните им заштедуваме по 2.150 денари месечно за cтpyja

„Цената на електричната енергија е покачена секаде за 4-5 пати, а некаде и повеќе. Она што Владата го направи, прво е зголемување на производството на електрична енергија во државата и тоа е зголемено. Второ, при правењето на буџетот за 2022 година оставивме резерва во буџетот во висина од 130 милиони евра за да може прво да се обезбеди ликвидност на енергетските компании во државата и тука пред се мислам на ЕСМ, МЕПСО меѓутоа и на ЕВН како еден од големите играчи во индустријата без кои нема да имаме дистрибуција на електрична енергија, а се работи за приватна странска компанија која се покажа солидарна во оваа криза”, истакна премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за покачувањето на цената на струјата.

Премиерот Ковачевски додаде дека покрај овие мерки, Владата ја субвенционира цената на електрична енергија за граѓаните.

„Врз основа на тој концепт ние правиме субвенционирање на цената на електрична енергија за граѓаните во износ од некаде 80% што значи дека доколку не е тоа субвенционирање цената на електричната енергија која граѓаните ја плаќаат би била во просек месечно поголема за 2.150 денари”, подвлече премиерот Ковачевски и рече дека истиот пример треба да го следат и општините, кои во време на криза треба и да штедат.

„Во однос на општините тие исто така имаа можност да ги направат буџетите така како што го направивме државниот буџет со резерви за електрична енергија, со намалување на непродуктивни трошоци, бидејќи да не заборавиме државата ги намали тековните трошоци при планирањето на буџетот за 2022 година за 8%, а исто така со одлука на Влада се ограничени сите купувања на мебел, автомобили и така натаму што исто така влијае на намалување на несуштински трошоци. Трошоците за репрезентација се намалени за 50% и намален е бројот на службеници што патуваат во странство”, објасни премиерот Ковачевски.

Внимавajте што пишувате на социјалните мрежи за вojната во Укpaина, може да завршите во затвop

Министерството за внатрешни работи соопшти дека заедно со Јавното обвинителство интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе одобрат или оправдаат геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства, укажувајќи дека тоа е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик.

МВР апелира и до граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на мејлот [email protected] за соодветно да биде постапено.

-Законот предвидува дека тој што по пат на информациски систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години. Во членот 404 од Кривичниот законик, пак, прецизно е наведено што опфаќа поимот воено злосторство против цивилно население, појаснува МВР.

Ни доаѓа еден од најголемите празници пред Велигден – Ден на мајките и ден кога се враќаат птиците преселници

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец или Благоец.

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и’ даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Три претстави на репертоарот на театарот “Војдан Чернодрински” оваа недела

Репертоар на театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Среда, 6 април 2022 – 19.30 ч. „Глембаеви“

Четврток, 7 април 2022 – 19.30 ч. „Декамерон“

Петок, 8 април 2022 – 19.30 ч. „Декамерон“

Резервации на влезници на тел.076 442 378

27-годишен прилепчанец се најде на листата Топ 10 инспиративни деловни луѓе на Блискиот исток според “Форбс”

27-годишниот прилепчанец Денко Манчески се најде на листата на топ 10 “Инспиративни деловни луѓе на Блискиот исток кои треба да се следат во 2022 година”.

Роден е опкружен со технологија, Денко Манчески е основач на еден од најбрзо растечките блокчејн по име Reef Chain. Тој е роден и израснат во Прилеп, Македонија, живеел во Словенија повеќе од седум години, а моментално живее во Дубаи. Денко се фокусира на инвестирање и испорака на вредности во повеќе сектори во регионот на арапските држави.

Започнал со програмирање уште во средно училиште користејќи го програмскиот јазик C++ и неколку години организирал алгоритамски натпревари. Потоа започнал да гради комерцијален софтвер и се приклучил на провајдер на ERP каде што направил сложени модули што се користат и денеска (складирање, сметководство итн.).

Следен чекор му бил здравствениот сектор, каде се приклучил на една од најголемите платформи за здравство во Европа. Таму работел повеќе од 2 и пол години, и предводел тим кој работел на комплексна алатка за моделирање за здравствени податоци.

Пред околу седум години, тој влезе во блокчејн секторот. Неговото прво искуство тука било со NXT блокчејн. Патувањето го продолжил со Solidity (Ethereum) и Bitshares, Steem и EOS. Во 2020 година, одлучил целосно да се фокусира на Reef Chain и да ја изгради најдобрата блокчејн инфраструктура насочена кон корисникот – стои во описот на Форбс под неговото име.

Програмерите и луѓето кои се занимаваат со криптовалути најдобро ќе разберат за што станува збор. Како и да е, Манчески е вистинска инспирација за младите луѓе, не само во Македонија туку и пошироко, и е еден од ретките 27-годишници за кои пишуваат светски познати списанија и медиуми.

Утре полнете гориво: Регулаторна со нова одлука ги намали цените на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50 % во однос на одлуката од 1.04.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 82,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 78,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,976 ден/кг, и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 54,154 ден/кг.

Од 5.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,646% или за 17,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,275% или за 25,900 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,931 % или за 20,500 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,204% или за 15,450 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,8040 ден/$ и е за околу 0,223 % понизок од курсот на доларот (55,9286 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, порачуваат од Регулаторна.

OJO Прилеп со детали за дpaмата која викендов се одвивала во центарот на Прилеп: Опpeделен пpитвop за две лица

Триеседневен притвор за две лица од Прилеп, на возраст од 31 и 28 години, поради напад на четири полициски службеници пред ноќен клуб на улицата „Рампо Левката“.

– Осомничените прилепчани, на возраст од 31 и 28 години, на 3 април во раните утрински часови, пред ноќен клуб на улицата „Рампо Левката“ во Прилеп, физички нападнале четири полициски службеници кои вршеле работи на јавната безбедност што се однесуваат чување на јавниот ред и мир – информираат од ЈО.

Откако обезбедувањето на ноќниот клуб ги отстранило осомничените и уште две лица, бидејќи направиле инцидент расправајќи се меѓу себе, тие продолжиле со расправијата непосредно пред објектот. Потоа започнале и физички да се пресметуваат, па полициските службеници дошле пред објектот за да интервенираат.

Кога пристигнала полициската екипа и се легитимирала, двете други лица чиј идентитет не е утврден се дале во бегство, додека осомничените, кои биле во алкохолизирана состојба, почнале да даваат активен отпор и физички ги нападнале полициските службеници, удирајќи ги со раце и нозе, известуваат од ЈО.

„Од здобиените удари еден полициски службеник паднал на земја, а обвинетите продолжиле со нозе да го удираат по телото и главата, со што му нанеле тешки телесни повреди. Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходната постапка од Основниот суд во Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи оцени дека постои опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците. Судијата го прифати предлогот и со решение на осомничените им определи притвор во траење до 30 дена“, соопштуваат од ЈО.

Низа активности на ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“: “Музичките маратони” – можност за учениците да ги презентираат своите знаења

Претходната недела во организација на музичкото училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“- Прилеп, се одржаа музички маратони од сите оддели каде што учениците имаа можност да ги презентираат своите знаења и владеења на инструментите.

Воедно учениците по пијано го прославија и светскиот ден на пијаното кој секоја година се одржува на 29 март, односно на 88 ден од годината, симболизирајќи го бројот на клавиши од пијаното.

Ученичката Дафина Момироска од класата на проф. Христина Никоска и учениците Филип Ѓорѓиоски и Гораст Ѓоргиоски од класата на проф. Денис Најдоски учествуваа во одбележувањето на денот на пијаното во Завод и Музеј – Битола на покана на проф. Јана Четелева Белеска и Марија Шамовска Буџакоски.

Мицкоски и Николоски му честитаа на Орбан за изборната победа (Фото)

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа им ја честита победата на унгарскиот премиер Виктор Орбан и на српскиот претседател Александар Вучиќ на парламентарните избори во Угарија, односно претседателските и парламентарни и локални во Србија.

-Голема победа за Orbán Viktor. Со среќа и успех нека е петиот премиерски мандат, четврти по ред.
Честитки и за убедливата победа на нашата сестринска партија СНС во Србија. Голема победа за Претседателот на Србија Александар Вучић

Честитка упати и Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски:

-Честитки за Orbán Viktor за убедливата победа на изборите! Заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Hristijan Mickoski имавме чест да бидеме дел од прославата на големата победа за Унгарија и ЕУ. Со оваа победа Орбан станува Премиер со најмногу мандати во земја членка на ЕУ. Оваа победа испиша историја. Победата на Орбан е многу значајна зашто тој е голем пријател на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија и ќе стори се што може Македонија да напредува кон ЕУ, кон подобар животен стандард и повеќе инвестиции.

Орбан и Вучиќ ја изгазија опозицијата

Заврши гласањето во Србија и Унгарија, а првичните резултати укажуваат на огромна победа на политичките партии предводени од Орбан и Вучиќ.

Противкандидат на Орбан е Петер Марки-Заи, кој е на чело на опозициската коалиција која се обедини во желбата да го собори.

Гласачките места низ Унгарија се затворени во 19 часот по средноевропско време, но според унгарската новинска агенција, доколку некој веќе чекал на ред за гласање во тој момент, сепак можел да гласа.

Според резултатите од постизборната анкета спроведена од агенцијата Медијан, унгарската владејачка коалиција на партиите Фидес и Христијанско-демократската народна партија се победници на парламентарните избори со 121 место во 199-членото собрание.

Ситуацијата во Србија е слична, секако, во полза на Александар Вучиќ. Од досега преброените гласови, коалицијата предводена од СНС
има освоено 54% од гласовите.