Мајсторија која ретко се гледа на терените во Македонија за пласман на Победа во Прва лига (Видео)

Со головите на Стомнароски и Филип Димоски Победа со 2:0 ја совлада екипата на Кит-Го Пехчево и го завери пласманот во Прва лига.

Пред околу 5.000 навивачи на Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, Победа забележа уште еден рутински триумф и го потврди квалитетот над останатите екипи во Втората лига – Исток.

Добра вест за прилепчани е и триумфот на Беласица над Слога во Струмица, со што екипата од Виница ги загуби и последните надежи за да се врати на првото место на табелата.

Во последното коло Победа и’ гостува на Слога, натпревар кој сепак ќе биде од значење за Виничани, кои ќе чекаат кикс на Беласица кај Кожув и со евентуален триумф над прилепчани да се вратат на второто место на табелата, кое води во плеј-оф.

Во продолжени погледнете го вториот погодок за Победа на денешниот натпревар. Мајсторија на младиот Петејчук кој потоа асистираше до Филип Димоски.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.