дома блог страница 1627

Oрбан или опозицијата, кој ќе победи? 8 милиони Унгарци денеска избираат

Околу 8,3 милиони Унгарци со право на глас денеска ќе се изјаснат за нов состав на Парламентот.

На владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан ќе и се спротивстави коалиција од шест опозициски партии Обединети за Унгарија предводени од конзервативецот Петер Марки-Зај.

Според анкетите Фидес има минимална предност пред коалицијата Обединети за Унгарија, а според експертите ова се неизвесни избори.

Првпат изборите во Унгарија ќе ги следат 200 меѓународни набљудувачи.

Покрај изборите, денеска се одржува и референдум за ЛГБТ образование во училиштата.

Србите денеска гласаат на претседателски, парламентарни и локални избори

Од седум до 20 часот денеска 6.501.689 запишани гласачи го избираат претседателot на Србија на пет години, пратеници во српскиот Парламент на четири години, советници во градското собрание на Белград и на уште 11 градови и општини низ земјата.

Ќе се гласа на 8.267 избирачки места, но првпат не и во Косово поради одлуката на косовската Влада, српските гласачи од Косово ќе гласаат во Тутин, Рашка, Куршумлија и Бујановац.

На претседателските избори учествуваат осум кандидати, а нивниот редослед е одреден со ждрепка. За парламентарните избори предложени се 19 коалициски и партиски листи, а редоследот на гласачкото ливче e утврден според редоследот по кој тие беа доставени до Републичката изборна комисија (РИК).

На парламентарните избори, според пропорционалниот систем, за Народното собрание на Република Србија се избираат 250 пратеници. Според важечкиот Изборен закон, Република Србија претставува една изборна единица. Пратеничките мандати се распределуваат пропорционално на бројот на освоени гласови. Политичките партии на националните малцинства при распределбата на мандатите, кои доколку не го надминат изборниот цензус од три отсто, подлежат на „природнен праг“, кој се добива кога бројот на важечки гласови ќе се подели со 250 пратеници за секое место, што во зависност од излезноста на изборите, претставува меѓу 12.000 и 16.000 гласови.

Во Белград граѓаните гласаат за новото свикување на Градското собрание кое го сочинуваат 110 советници, кои потоа ќе го изберат градоначалникот на главниот град на Србија.

Во единствениот избирачки список за подрачјето на град Белград се запишани 1.600.214 гласачи, кои гласаат на 1.198 избирачки места.
Локални избори се одржуваа и во Аранѓеловац, Кула, Мајданпек, Бор, Медвеѓа, Дољевац, Лучани, Севојно, Сечња, Смедеревска Паланка, Кладово и Бајина Башта.

Во Прилеп рекле прашај паталец, а не гаталец: Ова е лекот за пониски сметки за струја и во зима и во лето (Фото галерија)

Период од годината за реновирање и освежување на домот. Дограмата ви плаче за нова, а вие не знаете каде да се обратите, кому да верувате и каде да најдете најдобар квалитет и пристапни цени. Смачено ви е во зима да плаќате сметки за електрична енергија и по неколку илјади денари повеќе, а во лето да вриете како во котел.

Затоа прилепчани велат прашајте паталец, а не гаталец и ќе дознаете каде ќе го добиете тоа што го барате. Професионалците во Прилеп се во “Еуро глас”, луѓе кои си ја знаат работата и повеќе од една деценија пружаат исклучиво квалитет за своите муштерии.

Еуро Глас Трејд е компанија од Прилеп која успешно работи и произведува висококвалитетна градежна столарија. За нивните производи и услуга ќе слушнете само пофални зборови не само во Прилеп, туку и пошироко во целиот регион.

Компанијата се занимава со производство на термопан стакло за градежна столарија, како и производство на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од брендовите ALUPLAST и PROFILINK. Во својата дејност од Еуро Глас ги следат и спроведуваат сите светски достигнувања, особено кога станува збор за подобрување на енергетската ефикасност.

Во Еуро Глас располагаат со современа технологија за изработка на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци, а во сегментот на застаклувањето произведуваат термопан стакла со два и три слоја стакло, исполнети со аргон, а доколку тоа го бараат клиентите и со четирисезонска заштита.

Се работи за компанија која има за цел да ги задоволи барањата на клиентите и за нив клиентот е секогаш во прво, токму затоа толку долго успешно работат и функционираат на пазарот.

За сите прозорци и врати кои ги произведуваат, од Еуро Глас обезбедуваат бесплатна и максимално стручна монтажа и гарантираат за нивната долготрајност. Сите производи ги задоволуваат најсторогите стандарди за цврстина, издржливост, функционалност и најважно енергетска ефикасност.

Побарајте ги на 078 363 775 и закажете состанок.

Македонец го “занеме” Петков: Му влезе во збор и го праша кога ќе ги признаат Македонците во Бугарија (Видео)

Македонец од Бугарија вчера при посета на бугарскиот премиер Кирил Петков, го праша кога ќе се признаат Македонците во Бугарија.

Петков се обидуваше да се концентрира на прашањата на новинарите. Новинарите, како што се слуша во видеото, му велат на активистот да бега затоа што не бил за тука.

Организациите на Македонците од Бугарија имаат бројни пресуди во Стразбур, но и покрај тоа Бугарија не им дозволува регистрација. Од друга страна, Бугарија бара Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав.

Погледнете го видеото на следниот линк:

https://www.facebook.com/blaze.menkinoski/videos/1047236279205097/

Изгope “Мерцедес” во Битола – од пожapoт оштетено уште едно возило

На 01.04.2022 околу 22,00 часот во Полициcка cтаница Битола, Т.Н (47) од Битола пpиjaвил дека на улица “Стерјо Ѓоргиев Џоџа“ во Битола настанал пожap во патничко моторно возило “Мерцедес ЦЛС 350“ со битолски регистарски таблички сопственост на пријавителот.

Од настанатиот пожap оштетено е и патничко моторно возило “БМВ 120 Д“, со битолски регистарски таблички сопственост на М.В.(27) од Битола.

Увидот е извршен од страна на СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Moлдавија ја “подвитка опашката”: Нема да воведеме caнкции пpoтив Pycиja

Владата во Молдавија ќе го задржи неутралниот став и нема да се приклучи на санкциите на Западот против Русија поради конфликтот во Украина, изјави претседателката Маја Санду.

„Има одредени работи што треба да им ги обезбедиме на нашите граѓани. Ако ја оставиме земјата без гориво и ја дестабилизираме ситуацијата овде, тоа нема да помогне никому“, рече Санду, додавајќи дека „ниту Молдавија, ниту Украина, ниту нашите западни партнери“ нема да имаат корист од таа ситуација.

Според неа, на економската ситуација во Молдавија влијаел конфликтот во соседната земја.

„Немаме пристап до пазарите на Украина, Русија и Белорусија. Извозот и увозот во тие земји се практично блокирани како резултат на конфликтот“, рече таа, коментирајќи ја можноста за ограничување на извозот и увозот.

Санда ја спомена и големата зависност на Молдавија од испораките на гориво од Русија.

„Можеме ли да си дозволиме да ја оставиме нашата земја без природен гас или струја? Не, не можеме, поради нашите граѓани и поради 100.000 украински бегалци, меѓу кои и 50.000 деца“, рече претседателката Санду.

Дали статистика почна да ги менува бројките од пописот? За ова се оди директно во затвop

Државниот завод за статистика врши упад во пописните резултати и ги менува нелегално, обвинува партијата Левица.

Директорот на Државниот завод за статистика изјави дека дополнувањето на базата на податоци од пописот на населението ќе се третира како „упад“, а упадот сепак се случи, и тоа од страна на ДЗС, затоа што во официјалните резултати од Пописот може да се забележат промени и дополнувања во табелата за религиската припадност со драстични разлики, реагира Левица.

„Разликите се особено воочливи во колоната „Не е верник (атеист)“, каде во првичните резултати бројката на овие лица изнесуваше 355, а во новите нелегално изменети и дополнети резултати оваа бројка е зголемена на 8764 лица! Покрај тоа, во табелата за религиска припадност можат да се забележат и други евидентни нелегални интервенции со кои се променуваат и други колони и вредности.

Сомневањата на мнозинството народ во веродостојноста на резултатите од пописот, сега добиваат и официјална поткрепеност, со конкретно преземени противправни/кривични дејствија од страна на службените лица во Државниот завод за статистика“, се наведува во соопштението.

Од партијата додаваат дека Законот за попис на населението предвидува кривична одговорност за слични вакви дејствија во членот 49 став 1 каде „се казнува лице што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребливи внесените податоци на пописната апликација и тоа со со казна затвор од најмалку 3 години”. Дополнително, доколку ова кривично дело го стори учесник во Пописот или друго службено лице, ставот 2 од членот 49 предвидува казна затвор од најмалку 5 години за сторителот.

Поранешната обвинителка на Хашкиот трибунал Дел Понте: “Уaпceте го Пyтин”

Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува АФП.

„ Путин е воен злосторник“, рече Дел Понте, која ги истражуваше воените злосторства и во Руанда и во поранешна Југославија, во интервју за францускиот дневен весник „Le Temps“.

Издавањето налог за апсење не значи дека Путин ќе заврши зад решетки.

„ Ако остане во Русија, тоа никогаш нема да се случи. Но, тој не би можел да ја напушти земјата, а тоа би бил силен сигнал за него дека против себе има многу држави“, изјави Дел Понте.

(Фото) Се запали шлепep натовapeн со автомобили во Хрватска

Шлепер натоварен со автомобили се запали денеска во Хрватска.

Надлежните служби пријавата за пожарот ја добиле денеска околу 10:20 часот. Шлеперот кој превезувал користени автомобили бил со словенски регистарски ознаки.

Сообраќајот на патниот правец А3 делница Бреган-Липовац е во прекин и се пренасочува.

Сведоци кои непосредно поминале од тука велат дека глетката била страшна.

Ковачевски: Ако ги крениме платите колку што бараат синдикатите, ќе дојде до зголемување на инфлацијата

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360“ на ТВ Алсат-М, истакна дека дијалогот со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) е отворен и дека се разговара за рамка, односно методологија која што ќе овозможи без политички влијанија во иднина да расте платата на работниците во овие дејности.

Тој дополни дека се прават консултации и калкулации во Министерството за образование и наука и во Министерството за финансии за да се видат можности што буџетот може да го поддржи во оваа кризна година.

-Јас сметам дека треба да има зголемување на платите во образованието, меѓутоа мора да бидеме свесни дека ова е најкризната година после Втората светска војна и мораме да се грижиме државата да може да ги финансира сите свои обврски што ги презеде. Гледате дека и во најголема криза ја покачивме минималната плата и ги зголемивме пензиите коишто се плаќаат пред време, нагласи премиерот Ковачевски.

Премиерот посочи дека во овој случај, одговорноста не е само во едноставно зголемување на платите, и дека постои можност за дополнителен инфлаторен притисок.

„Разговарав со претставниците на советот на Народната Банка, од причина што доколку ги зголемите платите колку што е вкупно барање на синдикатите, тоа може да произведе дополнителен инфлаторен притисок. А дополнителен инфлаторен притисок ќе значи дека и платата која ќе ја добијат работниците, таа после многу кратко време нема да вреди. Ако се зголеми инфлацијата тогаш обврската на Народната Банка е да интервенира преку зголемување на каматните стапки, што значи дека и долговите кои што ги имаат тие граѓани на тековни сметки на кредитни картички со зголемувањето на каматните стапки, ќе се зголемат и нивните обврски за плаќање. Затоа мора да се балансира решението помеѓу она што го бара синдикатот и она што го нуди како можност буџетот бидејќи веќе сите тие граѓани добиваат субвенција за струја, намалено ДДВ за храна итн.“.

„Сите работници, особено вработените во образованието заслужуваат поголеми плати затоа што образовниот сектор е тој кој што го креира човечкиот капитал кој што го имаме во државата а кој што гледаме дека ни се намалува. Наша обврска, како одговорни луѓе, да ги зголемуваме платите и тоа да го постигнуваме низ економско-социјален дијалог, со решенија кои Буџетот одржливо ќе ги сервисира“, посочи претседателот на Владата Ковачевски во емисија на ТВ Алсат-М.