дома блог страница 1624

Прилепскиот џудо тренер осуден на 20 години затвор за обљуба на малолетнички

47 годишниот прилепчанец и џудо тренер Рубин Пеески доби единствена казна затвор од 20 години за обљуба на четири девојчиња на кои им бил тренер.

– Осуден е за две продолжени кривични дела – обљуба со злоупотреба на положбата по член 198, став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, став 1, од Казнениот законик, како и за две кривични дела обљуба со злоупотреба на положбата по член 189 став 2 во врска со став 1 од КЗ. Осуден е на единствена казна затвор од 20 години. Исто така, му е изречена забрана за вршење професија, дејност во траење од 10 години, изјави Велески.

Според обвинението, Пеески во текот на 2020 година во Прилеп и на други места, заради задоволување полови страсти, со злоупотреба на својата положба, извршил полови дејства врз деца кои наполниле 14 години. Станува збор за 4 девојчиња, ученички на кои им бил тренер.

River Soft вpaботyва во Прилеп: Одлична шанca да аплициpaте за paбота

После Кавадарци, Кочани, Струмица, Пробиштип, Штип, Скопје, и Прилеп ќе добие салон за бела техника од Ривер Софт.

Се работи за големи салони за бела техника, компјутери, мобилни телефони… а во Прилеп ќе биде лоциран во поранешната стоковна куќа, каде неодамна се наоѓаше КАМ маркет.

Компанијата распиша и конкурс за вработување за работните позиции: Продажен агент и Менаџер.

Огласот е активен до 6. април

Потребни квалификации за Продажен агент:

Поседување на вештини за продажба, Претходно работно искуство во продажба ќе се смета за предност, Познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet Explorer, Познавањето на англиски јазик ќе се смета за предност, Позитивен став, тимски дух, желба за учење и постигнување успех

Одговорности и работни задачи:

Планирање и организирање на продажни активности, Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата, Изработка на потребна документација, Проверка на декларации и редење на производи

Потребни квалификации за Менаџер:

Изразени комуникациски и продажни вештини, Лидерски способности, Mотивирана и стабилна личност, Позитивен став, професионално однесување и деловна етика, Познавање на работа со компјутер (MS Office), Вештини за брзо и ефикасно решавање на проблеми, Самоиницијативност и посветеност на работата, Способност за тимска и самостојна работа, Претходно работно искуство, две години како раководител во иста или слична област, ПОЖЕЛНО – Познавање на англискиот јазик и соодветни компјутерски вештини;

Одговорности и работни задачи:

Планира, организира, раководи и врши контрола на тимот за продажба, Организација на смени, распределба и следење на работните задачи во рамки на смените, Имплементирање и реализирање на работен план, Координација и соработка со сите сектори и менаџери во компаниијата, Следење на залихата и изготвување на извештаи и барања за дополнување и состојбата на залиха во продажниот салон

Компанијата нуди:

Стабилна и позитивна работна атмосфера со професионален и млад тим во пријатно опкружување, Едукација и семинари за личен и професионален развој, Солидна плата, Систем на наградување на успешните вработени, Можност за унапредување

Доколку сметате дека ова е вистинската работа за Вас, Ве молиме испратете го Вашето CV и мотивационо писмо на
[email protected]

“ДУШАТА НА ЧАРШИЈАТА” – награда за најдобра поетска книга за книгите “Лирски елегии” и “Поеми од Балканот” на поетот Александар Саша Трајковски

Македонскиот поет д-р Александар Саша Трајковски е добитник на наградата “Душата на чаршијата“ .

Наградата ја доделува битолската издавачка куќа Дата Песнопој за најдобра поетска збирка. Авторот е добитник на наградата за неговите поетски збирки “Лирски елегии” и “Поеми од Балканот”.

Александар е дипломиран доктор, македонски поет, преведувач и толкувач, од 29 јуни 2021 година, официјално станува редовен член и дел од МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА.

Член е на лекарска комора од 2012 година, член е на управниот и надзорен одбор на Универзитетската клиника на Детска Хирургија во Скопје (2018), член на Македонското лекарско друштво (МЛД), член на Здружението на преведувачи и толкувачи на Р. Македонија (ЗПРМ) и од 29 јуни 2021 година управниот одбор на МНД-Битола го одобрува неговото членување со што официјално станува дел од Македонското научно друштво – Битола кое е формирано уште во далечната 1960 година, што за него лично преставува најголема чест и успех во неговата кариера.

Co лада на шyмcката полициja yдpил во пapкиpaна тpaктopcка пpиколка во Maкедонски Бpoд

На 04.04.2022 во 10.45 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека во Македонски Брод, на место викано ,,Турски пат“, атар на с.Требино, патничко моторно возило „лада нива“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на ЈП Национални шуми од Македонски Брод, а yпpaвyвано од Д.С.(44) од Македонски Брод, yдpило во пpиколка од пapкиpaн тpaктop.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил возачот, а со телecни повpeди се здобил сопатникот С.Т.(58) од Македонски Брод констатирани во Општата болница во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Македонски Брод.

Анкета на ИПСОС: Разликата меѓу двете најголеми партии е огромна

Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори покажуваат резултатите на анкетата спроведена од ИПСОС.

За ВМРО-ДПМНЕ според податоците од анкетата би гласале 18,2 проценти од анкетираните, а на СДСМ 9,5 отсто.

Левица ќе го добие гласот од 4 проценти од испитаниците. Кај албанските партии ДУИ има 4,1 проценти, Алијанса на Албанците 3,5, Беса 4,2, Алтернатива 0,7%, а ДПА 0,4 проценти од гласовите. За други партии би гласале 1,2 проценти од анкетираните.

По ова прашање неодлучни се 16,5 проценти, одбиваат да одговорат 15,9 отсто, а дека нема да гласаат одговориле 24,6 проценти.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ужива најголема доверба кај граѓаните. На прашањето „На кој политичар можете најмногу да верувате?“, девет проценти се изјасниле дека тоа е Мицкоски.

Претседателот на државата Стево Пендаровски ужива доверба од шест проценти од анкетираните, додека за премиерот Димитар Ковачевски својот глас го дале 4 отсто.

Димитар Апасиев и Али Ахмети имаат по три проценти, а еден процент помалку од нив, според резултатите, имаат Зијадин Села и Зоран Заев.

Најголем дека од граѓаните се согласуваат со изјавата дека „Македонија треба да бара реципроцитет“ – 39 проценти. За изјавата „Македонија треба да ги вклучи без услови Бугарите во Уставот ако писмено гарантира дека ќе го тргне ветото и државата ќе почне преговори со ЕУ“ гласале 20 отсто. Десет проценти сметаат дека „Македонија треба без услов да ги вклучи Бугарите во Уставот и покрај тоа што Бугарија не гарантира почеток за преговори со ЕУ. Со која изјава би се согласиле, не знаат 31 процент од анкетираните.

Теренската анкета е спроведена за потребите на ВМРО ДПМНЕ, од 02.03 до 16.03.2022 година на 1 007 испитаника.

Со спектакуларно селфи Пачешкоски го претстави новиот ИО на СДСМ Прилеп

Вечерва во салата на киното во Прилеп, СДСМ ги избираше членовите на новите општински органи во партијата.

После средбите кои изминатите неколку денови се одржаа со членовите на Општинската организација на СДСМ Прилеп, на денешната изборна Конференција, во присуство на заменик претседателот на #СДСМ, Сања Лукаревска и претседателот на #СДММ, Марко Михаилоски, избрано е новото локално раководство на партијата – информираат од ОО СДСМ Прилеп на социјалните мрежи.

Заменик претседателот на СДСМ, Сања Лукаревска истакна дека сме државотворна партија која секогаш стои на страната на граѓаните. Општинската организација на СДСМ Прилеп има капацитет да понуди многу нови, прогресивни проекти за Прилеп и прилепчани, дополни Лукаревска.

Новиот претседател на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски најави нов концепт и нова динамика на активности за спроведување на политики од интерес на сите граѓани на Прилеп.

За членови на Извршен одбор избрани се:

Од вечерва страшен тандем во СДСМ Прилеп?

Пред десетина дена СДСМ го именуваше Зоран Пачешкоски за нов претседател на Општинската организација во Прилеп. Пачешкоски е раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп и веќе започна со градење на нов тим околу себе.

Како што неофицијално дознаваме функцијата Секретар на ОО СДСМ Прилеп ќе ја обавува Александар Китаноски, кој веќе втор мандат е советник во Советот на општина Прилеп.

Китаноски беше заменик градоначалник додека СДСМ ја предводеше локалната власт во Прилеп и претседател на Комисијата за финансирање и буџет на општина Прилеп.

Неофицијалната битолска химна доби ново руво – Ќе уживате од прва до последна секунда (Видео)

Една од најпознатите битолски и македонски песни “Ако одам во Битола” и неофицијална химна на битолчани, која е авторско дело на Петар Георгиев, деновиве доби ново руво.

Благојче Трајковски направи одлична обработка, а Димитар Андоновски одлично ја изведе.

Композицијата е збогатена со звуците од харфата на Сара Мејс, а во позадина има и цел оркестар во состав: Благојче Трајковски (кларинет), Павле Јаневски (бас), Кирил Стојчевски (пијано), Зоран Костадиновски и Тони Цветановски (гитари), Зоран Ристевски – Озо (ударни инструменти), Ратко Даутовски и Зоран Јагоридовски (перкусии), Ѓорѓина Поповска, Димитар Михајловски, Мартин Кушевски, Игор Милевски, Валентин Наумов, Милена Марковска, Марија Кулевска, Благица Блажеска, Наталија Николовска (виолини), Константина Богоевска, Емилија Богоевска, Никола Трајановски, Дејан Арсиќ (виоли) и придружниот вокал на Сара Пројковска.

Уживајте во продолжение:

Вистински прилепски амбacaдopи: Paзиграната дpyжина од Прилеп напpaви pacтyp во Сараево (Фото)

Од 1-3 април во Сараево се одржуваше традиционалниот “Интер Денс Фест” каде на едно место се сретнаа најдобрите танцувачки групи од Балканот и пошироко.

На натпреварот учество зеде и прилепскиот клуб за танцување “New Generation”, кои се претставија со 3 формации и повеќе соло точки.

Во категорија “стрит денс” дечките освоија прво место, а прво место освоија и во опен стил каде настапија со хип хоп формација.

Во соло настапите дури три натпреварувачки од Прилеп се пласираа во финалето, каде Таља Кукуљац го освои шестото место, Барбара Стојаноска беше втора, а прво место освои Исидора Петреска.

Одлично трето место освои и Ивана Богојевска, а Магдалена Еленоска беше прва во категоријата хип хоп јуниор.

Во категорија Electro Boogie за деца, Таља Кукуљац освои првото место, а Ивана Богојевска беше прва во јуниор.

Наградите не завршуваат тука. New Generation освои и второ место во стрит денс формација јуниор, а освоени се уште и шест трети места.

Прилеп и прилепчани треба да бидат горди на овие дечки кои изминатиот викенд беа вистински наши амбасадори.

Путин потпиша нов указ за реципрочни мерки: Еве како ќе се одрази ова врз европските држави

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за реципрочни мерки за визниот режим, што следеше како одговор на акциите на, како што се наведува, непријателските земји.

Указот е потпишан во согласност со „потребата од преземање итни мерки како одговор на непријателските дејствија на Европската унија“, пренесува Спутник.

Во документот се наведува дека Русија ја суспендирала важноста на некои точки од договорот за поедноставено издавање визи за Европската унија, Норвешка, Данска, Исланд, Швајцарија и Лихтенштајн.

Меѓу другото, точките од договорот се однесуваат на членовите на официјалните делегации на земјите од Европската унија, но и на новинарите. На тој начин се запира практиката според која имателите на дипломатски пасоши во Русија можеле да патуваат без визи.

Претседателот на Русија му нареди на Министерството за надворешни работи да испрати соодветни информации до Претставништвото на Европската унија и амбасадите на споменатите земји и да воведе лични ограничувања за влез во Русија за странци и лица без државјанство кои вршат непријателски дејствија.

Владата треба да подготви и поднесе до Државната дума предлог-закон за суспензија на меѓународните договори наведени во Уредбата.