дома блог страница 1623

Два xopocкопcки знаци кои имaaт нajмнoгy cpeќа во животот

Стрелец

Стрелецот е знак на среќа, веселба, егзотика, сака храна, патувања, музика, се бори против неправда, владее со човековите права, пријателсвото му е императив и од него црпи енергија. Стрелецот има млад дух, убав естетски изглед, спортска градба, сака племенити спортови, па тенисот му е еден од омилените.

Тој е отмен, аристократ, понекогаш и бунтовник, ја почитува традицијата, но сепак оди по својот пат. Стрелецот е свештеник, астролог, пророк. Големите награди, медаљи, воени заслуги произлегуваат од силниот Јупитер. За да бидете првак или победник во некој спорт мора да имате силен Јупитер во наталната карта.

Стрелецот не е едноставен за соработка, знае да биде строг. Тој исто така казнува, но тоа е повеќе непријатно отколку трагично. Има големи животни апетити и ги остварува. Типични ѕвезди припадници на овој знак се Френк Синатра или Тина Тарнер, кои постигнале успех кој трае.

Близнаци

Тие се секогаш на право место во право време. Зборлести се, умеат да го забавуваат цело друштво и луѓето едноставно ги обожуваат. Од секоја ситуација се вадат преку својот шарм. Манипулативни се, па многу лесно и се вовлекуваат на луѓето под кожа.

Близнаците се ведри и оптимистични луѓе кои имаат потреба секогаш покрај нив нешто да се случува. Не поднесуваат монотонија и досада, а во нивната глава секогаш се присутни многубројни идеи кои честопати не стигнуваат да ги реализираат. Исклучително се дружељубиви и забавни, а комуникацијата со околината и разменувањето на идеи за нив е потреба.

Снаодливи се и сестрани, па поради тоа одлично се снаоѓаат во различни области. Понекогаш знаат да бидат површни, па за нив не може да се каже дека се луѓе од доверба. Имаат две различни страни на личноста и никогаш нема да знаете сон која од нив зборувате. Со нив никогаш не е здодевно.

Непосредно пред да дојде премиерот, се запали новоизгpaдената фотонапонска елeктpaна “Осломеј”

Изби пожар кај панелите во фотонапонската електрана „Осломеј“ непосредно пред да пристигнат владините функционери, јавува репортерот на ТВ21.

Засега причините за пожарот не се познати.

Според првичните информации се работи за т.н. панели кои се уште не се пуштени во употреба.

Инаку, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски денеска треба присуствуваат на настан за одбележување на завршувањето на градба на фотонапонската електрана „Осломеј 1-10MW“ со тест период на целосно монтирана опрема.

Видео прилогот погледнете го ТУКА

ЕУ ќе го yдpи Пyтин каде што нajмногy го боли

„Волстрит Журнал“ објави дека следната тура на санкции на Европската унија (ЕУ) ќе бидат насочени кон ќерките на рускиот претседател Владимир Путин.

„Европската унија предложи санкционирање на двете ќерки на рускиот претседател, при што дипломатите се запознаени со планот, што ќе биде дополнителен притисок врз рускиот лидер како одговор на руската инвазија“, пишува медиумот.

Путин не зборува јавно за своето семејство, а со поранешната сопруга има две ќерки, додека за други деца сè уште ништо не е потврдено.

Николовски: Обезбедивме пченица од Бугарија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски доцна синоќа на својот фејсбук профил соопшти дека е договорен увоз на пченица и од Бугарија.

-Доцна вечерва би сакал да ја соопштам и оваа позитивна вест директно од овде, од Берлин. Со мојот колега, министерот за земјоделство на Република Бугарија, Иван Иванов, договоривме дека од Република Бугарија ќе обезбедиме дополнителни количества на пченица. Заедно со нашите соседи на ваков начин градиме вистинско добрососедство и сплотени многу полесно ќе ја пребродиме и ќе се справиме со постоечката криза, напиша Николовски.

Министерот е во Берлин каде вчера, на покана на германскиот министер за храна и земјоделство Џем Оздемир, учествуваше на министерската конференција во рамки на Берлинскиот процес и Дијалогот за земјоделска политика меѓу Германија и Западен Балкан.

Претходниот месец беше постигнат договор и со Србија, да ја изземе земјава од забраната за извоз на пченица и други прехранбени суровини.

Само во оваа чудесна земја: Доктор, правник и чистач на простории имаат иста плата

На што се дожли иселувањето на младите? На што ли се должи?

Кога сме кај платите, добро е што имаше покачување на минималната, па така и сите да бидеме еднакви, баш онака како што беше во социјализмот. Но, да ја гледаме и пошироката слика, зголемувањето на платите дефинитивно ќе ја зголеми и инфлацијата, а така кажа и премиерот. Па тоа што некој учел 6 години да стане доктор, не му дава за право да го нарушува балансот на државната економија.

Владата одлучи: Македонија ќе купува оклопни вoeни возила и артилepиcки системи

На денешната 36 седница, на предлог на Министерството за одбрана, Владата ја усвои Информацијата и го донесе Годишниот план на Владата за склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на странски држави за 2022 година.

Планот содржи 8 проекти кои ќе се реализираат преку склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на земји членки на Алијансата, со кои согласно Планот за модернизација на Армијата се предвидени набавки на лесни оклопни возила на тркала (проект во континуитет), специјални возила за посебни намени, артилериски системи 105 мм и муниција 105 мм, ПВО систем на многу мали височини, ремонт на транспортни хеликоптери, опрема за извидување и разузнавање, комплет за контрола на здружен оган Joint Terminal Attack Controler (JTAC) и лесни оклопни борбени возила за специјални сили.

Со наведената опрема ќе се зголеми опременоста на Армијата на Северна Македонија и нејзината интероперабилност со армиите на сојузничките земји.

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за клучни достигнувања, заложби и координација во спроведувањето на Стратегија за Роми 2022-2030 година.

Станува збор за точка која ги сублимира социјалните и економски политики кои се насочени во поддршка на ранливите заедници во нашето општество, во овој случај ромската заедница, вклучени во Стратегијата за инклузија на Ромите за периодот од 2022 до 2030 година.

Согласно заклучокот за статусот на спроведувањето на клучните мерки и програми од Стратегија за Роми 2022-2030 година, Владата ги задолжи надлежните министерства вклучени во реализацијата на стратегијата да ги утврдат приоритетите од стратегијата за 2022 година и во форма на акциски план да ги презентираат на тематска седница којашто ќе биде посветена на унапредување на интеграцијата на Ромите во Северна Македонија.

Владата денеска ги утврди измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата со коишто се врши усогласување со Законот за минимална плата за да се постигне еднаквост на сите вработени во приватниот и јавниот сектор со најниски примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата, за да се опфатат со корекции во однос на минималната плата и категоријата негувател/помошно-стручен работник-приправник во секторот детска заштита.

Владата ги утврди и изменувањата и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување за пресметка на платите на вработените во стручната служба на Фондот со цел усогласување со Законот за минимална плата и со Законот за административни службеници.

Полицијата трага по “вандалите” кои нацртале пешачки премин

Полицијата трага по човек кој нацртал пешачки премин пред училиште за да им го олесни преминувањето на улицата на пешаците, минатата недела на патот во Нипарс кај Штралзунд во Северна Германија.

Германската полиција го сфаќа овој чин многу сериозно, а прекршителот се смета за сериозен криминалец. Верувале или не, на сторителот му се заканува затворска казна од пет години. Затоа не е чудно што пешачкиот премин е нацртан невешто, веројатно со голема брзина и без соодветни помагала.

– Можеби некому овој прекршок му изгледа како безопасна детска шега, но станува збор за сериозен и опасен прекршок во сообраќајот – вели германската полиција.

Се чини дека причината за цртање на пешачкиот премин е тоа што граѓаните барале токму на ова место да се постави пешачки премин затоа што во близина има училиште. Надлежните институции ја отфрлиле идејата со образложение дека сообраќајот едноставно не е доволно густ.

По истрагата службата за одржување на патиштата го отстранила пешачкиот премин, а штетата се проценува на 500 евра. Полицијата интензивно го бара сторителот со надеж дека ќе се појави некој сведок на овој необичен вандализам.

Епа наздравје кафеџии, сега имате како да уживате: Caffe di Artisan e иновативен производ на македонскиот пазар за кој не треба кафемат (Видео)

Caffe di Artisan е компанија формирана во Сан Франциско, САД а која како странска директна инвестиција отвори фабрика во Македонија, за производство на кафе во патрони за кои не е потребен кафемат. За специфичноста на производот разговараме со претставникот на компанијата – Благоја Трајчев.

Што е а што не е Caffe di Artisan?

– Caffe di Artisan произведува кафе екстракт по уникатна технологија и уметност во процесирањето кое ја разликува од било кој кафе производ кој се наоѓа не само на домашниот туку и на меѓународните пазари. Крајниот производ е кафе патрон кој е во течна форма, направен од селектирани сорти на арабика кои се со дефинирано потекло. Методот на екстракција е со топла вода и тоа над 14 часови, вадејќи ги сите состојки на кафето како арома, вкус, киселина, природни шеќери, влакна, минерали, за разлика од кафематите кои во процесот на екстракција од кафето ги вади само аромата, вкусот и киселините. Всушност начинот на процесирање, пакување и едноставноста на користењето е тоа што никој наш конкурент не може да го имитира а за кои сме наградени со:

-Ultimate Food-Tech Coffee Disruption, 2016 , со прва награда “The Mercurys”

-World Travel Catering and OnBoard Hospitality, Hamburg 2017, со прва награда за “The Best New Product Worldwide for the Global Travel Catering industry”

-SIAL Innovation, Paris 2016 – со “The finalist”.

Caffe di Artisan НЕ е:

Партон за кафемат (не е потребен кафемат); Инстант кафе (по дефиниција е прашкасто кафе произведено по одредена технологија); Ладно цедено кафе (cold brew); Кафе концентрат.

Кој може да го користи и што е потребно?

Кафе патроните може да се користат буквално од секого кој конзумира кафе. За едноставно приготвување на т.н. “турско” кафе доволно е после ставањето на кафе екстрактот во чаша за кафе, да додадете 70-100мл топла вода. Ако го сакате чуството на “кајмакот” на површината, тогаш со електрична маталка доволно е да поминете по површината на кафе пијалокот само 1 секунда. За еспресо, по истурање на екстрактот во чаша, доволно е да додадете 40-45мл вода и исто така со маталка да направите пена на површината матејќи 2-3 секунди. Екстрактот од кафе може да се меша со вода (топла/ладна) и млеко (топло/ладно) со цел да се направи соодветниот кафе пијалок. Горенаведената електрична маталка на батерии, најчесто ја поклонуваме на купувачите со цел да ги “опремиме” во целост за припремање на сите кафе пијалоци во домашна и деловна средина.

Колку различни производи има во понудата?

Нудиме вкупно 8 различни варијанти и вкусови. 7 од нив се чиста арабика, а 1 е мешавина на арабика и робуста кафе.
Од поспецифичните би ги издвоил:

-Peru Organique – направено од органска кафе арабика со USDA сертификат за потеклото на зрната;

-“Raro” – направен од арабика од Колумбија со “Fair Trade” сертификат. Инаку, Caffe di Artisan е единствена “Fair Trade” сертифицирана компанија во Македонија;

-Nilgiris Organique – направена од арабика од Нилгири регионот во Индија на многу специфична клима каде годишното производство е под 100 тони;

-Monsooned Malabar – прекрасна арабика од Индија која е одлична за фрапе и капучино.

Има ли други карактеристики кои ве разликуваат?

Апсолутно. Меѓу најбитните ги ги издвоил:

-БИОРАЗГРАДЛИВА капсула во ЗЕМЈА и во СОЛЕНА ВОДА и тоа над 90% во првите 2 години. Нема друга биоразградлива капсула за кафе која може да се пофали со оваа брзина за разградливост и разградливост во солена вода

-Користиме 12-14гр кафе за да се направи еден патрон, што е скоро двојно од конкурентите, а со тоа и нивото на кофеин е повисока

-никаква инвестиција не е потребна за користење (полесно се прави и од инстант кафе)

-уникатни сорти на арабики и вкусови кои не се “комерцијални”

-хигиенски производот е супериорен – нема бигор и изгорени масти како кај кафематите. Се пакува на амбиентална температура и користи без директен допир на патронот со жешка вода што значи дека нема никакви шанса за канцероген материјал да се внесе во телото. Нема никакви емулгатори, бои, конзерванси кои влијаат на желудникот итн.

Дали почнавте со продажба во Македонија и со какви предизвици се соочувате?

Започнавме со продажба во Македонија при крајот на претходната година. Во моментот активно работиме околу поставување на производот како во физичките така и на интернет продавниците. Маркетинг алатките ни се зголемуваат секој месец, така што во наредниот период ќе имаме активни промоции низ земјата и ќе доделуваме електрични маталки при купување на производот како и промоции со намалени цени кои би се движеле од 200-300 денари за 20 патрони или само 10-15 денари за патрон.

Најголем предизвик ни претставува традиционалната кафе култура со користење на кафемати или ѓезве, како и нашето споредување со ”инстант” кафе на овие простори. Оптимизам ни внесуваат трендовите во светот за зголемено приготвување на кафе од дома, зголеменото користење на патрони во однос на мелено кафе, зголемените нарачки преку е-трговија и зголемената свест за индивидуалните кафе сорти, наместо досегашните “blend” кафиња каде најчесто не се ни споменува регионот од каде потекнуваат.

Како компанија се трудиме да се дистанцираме од “кафе капсули за кафемати” и “инстант кафе” и нудиме потполно нова категорија на производ која ниту International Coffee Association сеуште не ја има дефинирано.

Повеќе за овој иновативен производ погледнете ТУКА

Статистика забележа зголемување на цените на угостителските услуги

Цените на угостителските услуги во март годинава се зголемени за 2,7 отсто во споредба со претходниот месец, а во однос на март 2021 година пораснале за 7,1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со февруари 2022 година, зголемување на угостителските цени е забележано во групите: Храна за 3,4 отсто, Алкохолни пијалаци за 1,0, Безалкохолни пијалаци за 1,1 и Ноќевања за 2,0 отсто.

Цените, пак, на угостителските услуги за периодот јануари – март 2022 година, во споредба со истиот период од минатата година се зголемени за 5,2 отсто, додека во однос на декември 2021 година пораснале за 3,4 отсто.

(Фото галерија) Гимназиjaлците ги покажaa cвоите opaтopcки cпоcoбнocти: Одлична opaтopcка вечep во opганизациja на училишниот пapламент

После двегодишна пауза од секакви активности, училиштниот парламент од СОУ Гимназија ,,Мирче Ацев” – Прилеп повторно реализира успешна ораторска вечер, на која што се претставија седум талентирани ученици од гимназијата.

Настанот се одржа на 30.03.2022г. во кино салата “Мис Стон”.

Темата на оваа ораторска вечер беше слободна, што беше и бенефит за самите учесници, затоа што добијаа шанса да си ги искажат своите чувства преку проза и поезија.

Оценувањето на младите оратори беше спроведено од страна на професори од гимназијата, кои што имаа улога на комисија.

Комисијата беше составена од: Мартин Наумоски-проф. по македонски јазик, Весна Паноска-проф. по економија, Рубин Матески- проф. по филозофија, Рената Думбалоска-проф. по македонски јазик и Снежана Тодорческа-проф. по социологија, при што имаше доделување на дипломи за учесниците кои зедоа прво, второ и трето место.

Првото место го освои ученичката Сара Трајкоска од втора година, второ место освои ученикот Гордан Станоески, кој исто така е втора година и трето место освои Христина Весковска од трета година.

Навистина се гордееме со нив и им посакуваме уште многу успеси понатаму и се надеваме дека училиштето ќе организира уште многу настани каде што учениците ќе имаат шанса да ги истакнат своите таленти – велат од училишниот парламент во гимназијата.