Во четврток Музичка вечер со професорите од прилепското музичко училиште “Ордан Михајлоски – Оцка”

На 12.05.2022г. (четврток), со почеток од 19:00ч. во фоајето при Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, ќе се одржи музички настан во организација на музичкото училиште “Oрдан Михајлоски-Оцка”.

Свој настап на концертот ќе имаат професорите од училиштето кои важат за одлични педагози, а тоа го имаат потврдено со голем број освоени награди од нивните класи на сите домашни и меѓународни натпревари.

Одлична можност за сите вљубеници во убавата хорска музика да уживаат во еден ваков настан. Дојдете и поддржете ги професорите од прилепското музичко училиште.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.