дома блог страница 1621

Украинците во Македонија побараа да се забpaнат коментapи на објавите од порталите за вojната во Укpaина

Со цел намалување на руската пропаганда и ширење дезинформации за војната во Украина во земјава, Здружението на Украинци во РСМ „Лесја Украинка“ побара од медиумите во најкраток рок да ја укинат можноста за пишување коментари под онлајн публикациите на интернет-страниците и на социјалните мрежи кои имаат чувствителна содржина во однос на воените дејствија во Украина.

Ова барање, кое до медиумите преку писмено соопштение го испрати Здружението на Украинци во РСМ е насочено, како што велат оттаму, кон спречување на говорот на омраза и ширењето дезинформации во врска со руската воена инвазија во Украина. Оттаму додаваат оти разгорувањето на проруското расположение ѝ нанесува огромна штета на Република Северна Македонија и е насочено кон дестабилизација на земјата и Балканот и уривање на угледот на државните институции и медиумите.

„Нам ни е позната праксата на многу европски земји во врска со спречување на говорот на омраза, и како една од мерките е исклучувањето на коментарите под публикации на медиумите, а со тоа се намалува и ширењето пропаганда“, посочуваат оттаму.

Како што додаваат во соопштението, со оглед на постоење соодветни закони (одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик на РСМ) и земајќи предвид оти Владата на РСМ најави соработка со сојузниците ЕУ и НАТО и реши да да се спротивстави на дезинформациите, заштитувајќи ги граѓаните од штетите што ги предизвикуваат овие појави, од Здружението сметаат дека е потребно воведување мерки насочени за сузбивање на бранот на лажни информации и говорот на омраза во врска со воената агресија на Русија врз Украина.

„Иако Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи најавија дека ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело, се појавија и ставовите на македонските правници за неможност да се примени горепосочениот закон сè додека нема правосилно решение од Меѓународниот суд за признавање на некое дело за воено злосторство или геноцид. Поради тоа, како и поради отсуство на киберполиција во земјава, бараме начин да се справиме со енормниот број коментари кои служат за покренување говор на омраза и поттикнување и оправдување насилство врз Украина во македонската јавност“, се наведува во соопштението на Здружението на Украинците во земјава.

Оттаму, меѓу другото, упатија и благодарност до македонските медиуми во врска со објективното известување за руската инвазија во Украина и за реално информирање на населението за сите случувања поврзани со оваа војна.

И ова го дочекавме: Албанија не можела повеќе да не’ чека, Рама бара одвојување од Македонија во преговорите за ЕУ

Албанија ќе побара од Европската унија дали може да ја продолжи кандидатурата за членство одвоено од нејзиниот сосед Северна Македонија, која продолжува да се соочува со бугарско вето, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама.

Говорејќи во Тирана, Рама рече дека не е оптимист оти Бугарија наскоро ќе го укине своето вето за Скопје.

– Албанија не може повеќе да чека додека двајцата соседи не ја решат својата кавга, рече Рама, додавајќи дека Албанија има добри односи со двете држави.

Нашиот политички курс по ова прашање, рече тој, целосно ќе се промени.

Рама ги даде овие коментари при претставувањето на националното истражување со повеќе од половина милион испитаници, кое покажа дека 67 отсто сакаат патот на членството на двете земји да се разликува.

Изопачен свет: Деца пpeтeпaa cyдиja после кошapкapcки натпpeвap (Видео)

Голем инцидент се случил на кошаркарски натпревар во средно училиште во малото гратче Литонија во предградието на Атланта.

Младите кошаркари на едната екипа не беа задоволни од одлуките на судијата, па веднаш по натпреварот истрчаа на теренот физички да се пресметаат со него.

Судијата почна да се повлекува за да избегне конфликт, но групата момчиња не се откажа од намерата. Тие го соборија судијата на земја и почнаа брутално да го удираат по стомакот и главата.

Нападнатиот беше тешко повреден и веднаш префрлен во болница. Лекарите морале да му стават 30 конци на главата, а, за среќа, неговата состојба сега е стабилна.

Засега никој ниту е уапсен, ниту обвинет за нападот, а полицијата потврдила дека има истрага која е во тек.

Ременски задоволна од пpecyдата: “Целиот процес беше измачyвачки за мене”

Експратеничката Фросина Ременски која беше разрешена од партиските функции во СДСМ поради предметот „Меѓународен сојуз“, кој тогаш беше во истрага, кажа дека е задоволна од ослободителната пресуда.

Таа побара разбирање од јавноста на сите прашања да одговара во наредниот период. За процесот кој се водеше против неа, кажа дека е измачувачки.

-Повеќе од две години и психички и физички и емоционално поминувам низ овој процес. Барам разбирање денеска, да ја добијам пресудата, да ги прочитам наводите и да дадам повеќе образложение за какво било прашање денеска. Сметам дека за случајот премногу зборував, за целокупното постапување за случајот и мислам дека денеска укажувањето на судот во однос на функционерите и политичарите – е нешто на што сериозно треба да се размисли. Сакам да имате разбирање за мојата денешна состојба. Секако, да си ги средам и јас емоциите од овој долг и измачувачки процес за мене, па да стојам на располагање за сите прашања и одговори кои ги имате, рече Ременски.

Судијката Софче Гаврилова-Ефремова заедно со судечкиот совет во случајот „Меѓународен сојуз“ на претседателот на невладината организација Бојан Јовановски-Боки 13 му изрече девет години, заменик-претседателката Јасна Мандиќ доби четири години, таткото на Боки 13, Миле Јовановски доби условна казна, експратеничката Фросина Ременски е ослободена од обвинение.

Боки 13 направи драма во cyдот откако му одредија 9 години казна: Ја нарече cyдиjката слуга на Заев, таа го исфрли надвор (Видео)

Бојан Јовановски-Боки 13 е осуден на девет години затвор. Јасна Мандиќ која беше заменик-претседателка на Меѓународен сојуз доби осудителна казна, казна од четири години. Фросина Ременски е ослободена од обвинение. Христина Блажевска доби една година затвор. Миле Јовановски е осуден на условна осуда.

Бојан Јовановски за време на изрекувањето на пресудата и порача на судијката Софче Гаврилова-Ефремова дека е слуга на експремиерот Зоран Заев.

Тој беше револтиран од моментот кога судијката убедуваше дека парите од околу 700 илјади евра биле законски одмрзнати и без да добие збор и кажа: „Не, ослободени беа по налог на Зоран Заев, по негова интервенција за да ги лапнат парите“.

„Најголемата хиена, слуга на Зоран Заев. Оваа пресудата е доказ дека ти си слуга на Зоран Заев. Господ ќе суди, ќе казни“, рече Јовановски по што ја напушти судницата.

“Дупло дно” нова претстава на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”

Во театарот „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Дупло дно“ по текст од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска. Премиерата ќе биде во средината на мај. Претставата е поддржана финансиски од Министерството за култура.

Режисерот Наташа Поплавска по втор пат на сцената од театарот „Војдан Чернодрински“ поставува текст од македонскиот драмски автор Горан Стефановски – „Дупло дно“. Подготовките течат непречено.

Наташа Поплавска вели дека делата на Горан Стефановски за неа секогаш се предизвик.

– За мене Стефановски се уште е „жив“ и секогаш ќе биде, заради неговите дела кои се секогаш актуелни Природно беше со Прилепскиот ансамбл да имаме повторна средба со Стефановски и тоа овој пат со “Дупло дно. „Дупло дно“ е напишана 1983 година, а зборува за уметникот и неговата борба за слобода на духот наспроти тоталитаризмот. Горан е еден од ретките уметници кој остана доследен на себе и остана да биде само и единствено уметник. Колку дна има дното е моето прашање на кој ќе бараме одговор заедно со актерите на Прилепскиот театар. Иднината за која пишува Горан за нас е сегашност, а кој знае која е иднината? Што е драма, а што е стварност? Претставата започнува во скривница и по катаклизама и Стeфеановски ни посочува дека „Ништо не како порано. Координатите се изместија. Нема уметност. Нема култура. Нема блефови.” Ние денес поминуваме низ пандемија, некоја нова нормалност со која се изместија координатите, а сега имаме и војна, некои политички аналитичари велат на прагот сме на Трета светска војна. “Дупло дно” се занимава со прашањето: Како да се биде уметник во овие матни времња? Дуплото дно Стефановски го отвора се подлабоко и ни дава неколку одговори на тоа што е Дупло дно. Овој пат работиме со помала актерска екипа: Игор Трче, Димитар Ѓеоргиевски. Даниела Иваноска, Зоран Иваноски и Катерина Чакмакоска. Драматург е Ивана Нелковска, музиката му ја доверив на еден од ретките и врвни македонски уметници, Ристо Вртев кој исто како и Стефановски остана доследен на себеси да биде само уметник во овие матни времиња. Затоа во претставата покрај актерите ќе имаме и музичари на сцената. Оваа претстава ќе биде мој можен одговор на прашањата кои Горан ги задава. Имам комплетна визија за претставата и во таа смисла ќе оставам печат и преку дизајнот на сцена, костимите и сценските движења – вели Поплавска, потенцирајќи дека и е задоволство да соработува со Прилепскиот театар.

Објавена пресудата за “Меѓународен сојуз”: Боки 13 доби 9 години затвор – Фросина Ременски ослободена од вина

Драконски казни досуди Кривичниот суд за предметот „Меѓународен сојуз“ на денешното последно рошиште, а осудените имаат право да ја бараат правдата во повисоките судски инстанци, како во Апелација така и во Врховниот суд.

Шоуменот Бојан Јовановски попознат под прекарот Боки 13, судот го прогласи виновен за измама и перење пари и му пресуди казна затвор од 9 години.

Јасна Мандиќ која беше дел од сопственичката структура на 1 ТВ, но и дел од невладината организација „Меѓународен сојуз“ според судот е виновна за перење пари, а досудена и е казна затвор од во времетраење од 4 години.

Екс пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски е ослободена од вина. Кристина Блажевска осудена на казна затвор од 1 година.

Миле Јовановски е осуден за перење пари, и неовластено поседување оружје, и се осудува единствена казна затвор од година и шест месеци, односно условна осуда доколку во рок од 5 години не стори ново кривично дело.

Правното лице Меѓународен сојуз сторило кривично дело измама и треба да плати парична казна од 1 милион денари.

Aпceње кај прилепското село Беловодица: Две млади лица лишени од cлобода откако му пpoнашле мapиxyaна

На 06.04.2022 на Регионалниот пат Прилеп-Градско, кај с.Беловодица, пopaди coмнение за стopeно кpивично дело по чл.215 од Kpивичниот законик, од страна на полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп лишени од cлобода се Б.Р.(31) и Е.Ј.(26) од Скопје.

При пpeглед на патничко возило „фиат пунто“, со cкопcки peгиcтapcки ознаки, била пpoнajдена и одземена мapиxyaна.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Превкусни посни бомбици со банана и кокос: Еве како да ги изненадите вашите најмили денеска

Кога е време на пости, еве што може да си подготвите за да се засладите.

Ви предлагаме да направите вкусни бомбици со банана и кокос.

Потребни состојки:

200 грама кокос

2 банани

200 грама шеќер во прав

200 грама посни бисквити, мелени

Подготовка:

Испасирајте ги бананите. Додадете го шеќерот во прав, па добро измешајте.

Ставете половина од кокосот и сите мелени бисквити.

Кога ќе добиете изедначена смеса, обликувајте топчиња и извалкајте ги во преостанатиот кокос.

Ако некој не знаеше, Макрадули се уште бил функционер: Од кога сум јас во „Пошта“, работите одат на подобро

Во АД Пошта нема да има мартовска плата под 18.000 денари. Тоа е сигурно, како што е законската обврска.

Тоа е духот на законот. Не за џабе и законодавецот и предлагачот се договориле во шест месеци да се усогласи покачувањето, изјави директорот на АД Пошта, Јани Макрадули во вечерашното гостување во ТВ24.

Недозволиво е 32 години да не се зголемени платите и 12 години да нема униформи но за година и четири месеци колку што сум овде велат дека работите одат на подобро, иако тоа не е доволно, дополни Макрадули.