дома блог страница 1620

Aпceње кај прилепското село Беловодица: Две млади лица лишени од cлобода откако му пpoнашле мapиxyaна

На 06.04.2022 на Регионалниот пат Прилеп-Градско, кај с.Беловодица, пopaди coмнение за стopeно кpивично дело по чл.215 од Kpивичниот законик, од страна на полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп лишени од cлобода се Б.Р.(31) и Е.Ј.(26) од Скопје.

При пpeглед на патничко возило „фиат пунто“, со cкопcки peгиcтapcки ознаки, била пpoнajдена и одземена мapиxyaна.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Превкусни посни бомбици со банана и кокос: Еве како да ги изненадите вашите најмили денеска

Кога е време на пости, еве што може да си подготвите за да се засладите.

Ви предлагаме да направите вкусни бомбици со банана и кокос.

Потребни состојки:

200 грама кокос

2 банани

200 грама шеќер во прав

200 грама посни бисквити, мелени

Подготовка:

Испасирајте ги бананите. Додадете го шеќерот во прав, па добро измешајте.

Ставете половина од кокосот и сите мелени бисквити.

Кога ќе добиете изедначена смеса, обликувајте топчиња и извалкајте ги во преостанатиот кокос.

Ако некој не знаеше, Макрадули се уште бил функционер: Од кога сум јас во „Пошта“, работите одат на подобро

Во АД Пошта нема да има мартовска плата под 18.000 денари. Тоа е сигурно, како што е законската обврска.

Тоа е духот на законот. Не за џабе и законодавецот и предлагачот се договориле во шест месеци да се усогласи покачувањето, изјави директорот на АД Пошта, Јани Макрадули во вечерашното гостување во ТВ24.

Недозволиво е 32 години да не се зголемени платите и 12 години да нема униформи но за година и четири месеци колку што сум овде велат дека работите одат на подобро, иако тоа не е доволно, дополни Макрадули.

Матичните лекари излегуваат на протест

На Светскиот ден на здравјето – 7 април, Здружението на приватни лекари најавија мирен протест пред Министерството за здравство од каде ќе ги изнесат нивните барања.

– Управниот одбор на ЗПЛРМ донесе одлука да на 7 април да има протести на здравствени работници пред Министерство за здравство во Скопје во 12 часот, е наведено на страницата на Здружението на приватни лекари.

Меѓу другото, тие бараат капитационен бод од 90 денари, промена на режимот на лекови и важење на препораките за хронична терапија, да се промени казнената политика, електронско здравство, како и да се променат буџетите за специјалисти и лаборатории.

– Сето ова го бараме за нашите пациенти и за опстанок на примарното здравство. Само кај нас има неограничен број на услуги со ограничени финансиски средства. Огромен број на услуги не се платени. Триесет години добиваме исплата на нашиот труд со каснење од по неколку месеци! За прв пат имаме министер за здравство од примарно ниво и заменик министер кој ги разбира нашите проблеми. Владите се менуваат, но никако да не стават во план на нивниот буџет, потенцираа од Здружението.

Енергија која одекна низ цела Македонија: Чкембари покажаа што значи тифо култура (Видео)

Пелистер ја има една од најверните навивачки групи во Македонија. Ги има Чкембарите кои се ветер во грбот на ракометниот гигант Еурофарм Пелистер.

Иако пелистерци отпаднаа во осминафиналето од Лигата на Европа, покажаа и докажаа дека клубот е во голем подем и дека најдоброто од Битола допрва доаѓа.

Чкембари тоа го знаат и токму затоа на секој натпревар се се побројни на трибините во салата “Боро Чурлевски”, a oва кортео на плоштадот “Магнолија” одекна низ цела Македонија.

Денеска е Благовец: Честит именден Благоја, Блаже, Благица…

Празникот Благовештение е еден од најголемите празници на Христовата Црква. Тоа е момент кога се слави веста за повторното воспоставување на единството на Бога и човекот. Момент кога пред нас повторно се отвораат еднаш затворените врати на вечниот и блажен живот.

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне…

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Влегуваме во финалето на уривање на оваа власт: Мицкоски го повика народот да се обедини против власта

Дали има некој што е задоволен и го пофали пописот освен самата власт, праша реторички претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на крајот на обраќањето пред Унијата на млади сили во Домот на културата во Прилеп.

-Одговорот е не. Но воедно сакам да се осврнам на пораките што ги носи пописот, а тоа е дека тој е пораз, пораз затоа што речиси 200 илјади се иселиле, тоа што имаме 132 илјади граѓани кои се непопишани говори за самиот кредибилитет на истиот. А сево ова покажува дека страдањата и маките на сите луѓе во Македонија се исти. Затоа што и причината е иста. Но и исчезнуваме како нација. За 200 години тој процес со оваа тенденција би бил комплетен, рече Мицкоски.

Сепак, за него, како што рече, пораката е поразителна, а тоа е дека општеството се поделило и за ова прашање.

-А верувајте срцето се пара кога гледам дека и за ова Македонците се поделија во време кога треба да сме обединети и цврсти како карпа. И немојте да мислите дека оваа поделба е случајна, само погледајте кој од сево ова има најголема полза. Премалку сме да се делиме, и сакам од ова место да порачам дека е потребно обединување. Таква порака испратив до власта кога актуелно беше прашањето со Бугарија. Подадов рака да се обединиме, но владата не се надрасна себеси и таквата волја не ја искористи за доброто на државата.

Од Прилеп Мицкоски испрати порака за обединување на народот против власта.

-Потребно е обединување и надраснување на сите наши разлики и поделби. Затоа што влегуваме во финалето на уривање на оваа власт позната како најкриминална и најнеспособна. Силата на обединувањето треба да биде голема, затоа што целите пред нас се големи. Народот против власта. Избори многу скоро ќе има. Знам дека ВМРО-ДПМНЕ некогаш прави и грешки, но од тие прораки влечеме поука. Внимаваме да не ги направиме грешките од минатото. За тоа што грешевме, побаравме прошка и се извинивме. И ви благодариме за поддршката на локалните избори.

Најслаткиот начин да кажеш ИЗВИНИ – Новото слатко задоволство од “Витаминка” (Видео)

Царството на слатки задоволства Витаминка, од неодамна го промовираше својот најнов производ – елегантната бомбониера “Sorry”.

16 чоколадни солзи полнети со смоква. Најсладок начин да кажете “извини” некому.

Стара црква се подготвува за утрешната храмова слава Благовец

Со вечерна света литургија свештениците од храмот Св. Благовештение го започнаа одбележувањето на еден од најголемите празници пред Велигден, Благовец.

Иконата со ангелот и мајката Божја е украсена во центарот на храмот, а утре се голем број верници ќе ја посетат црквата и ќе се помолат за здравје и среќа.

За многу години и напомош!

Традиција која трае еден век: Кој пробал знае што е слатко задоволство и највреден сувенир од Крушево (Фото)

Ако барате совршен рецепт за вкусен локум, веднаш ќе ви кажеме дека нема да најдете. Мајсторите рецептот го чуваат во најсторга тајност и го пренесуваат од генерација на генерација. Затоа не мачете се залудно и за ова вкусно задоволство чија традиција е вековна, обратете се кај луѓето на кои правењето локум им е традиција и идентитет.

Ќе погодите од прва, ве водиме во Крушево во можеби најстарата слаткарница Тагас-Балкан, која неодамна прослави еден век постоење.

Локумот и крушевски целувки се нивни препознатилив белег и вкусен сувенир без кој не може да помине ниту една посета на Крушево. Едноставно тоа е вкус на кој не можеш да одолееш.

Рецептот кој пред 100 години од Солун го донесол Ѓорѓи е истиот и во денешно време. Ѓорѓи мајсторлукот го пренесол на неговиот син Киро Тагас, а тој пак на неговите ќерки Соња и Мери. Денеска на рецептот работи веќе четврта генерација во семејството, а вкусот е задржан како од првиот ден.

Сопствениците велат дека нивниот локум ги има прошетано сите континенти на планетата, па секој странски турист кога доаѓа во Крушево прво нешто што бара е да купи локум.

Една странска поговорка вели: “Размислувај надвор од кутијата”. Крушевчани ќе се согласат со тоа, но ќе додадат “Не кога крушевскиот локум е во прашање”.

Брендот на Крушево не е само гордост на семејството кое 100 години го произведува, туку и на секој крушевчанец, па и на секој Македонец кој се гордее со сите македонски убавини.

Ако и вам ви потекоа лиги, тогаш викендов палете кола и право во Крушево на крушевско кафе, локум и чист воздух.

На здравје!