дома блог страница 1617

Вил Смит ќе плати скапа казна за инцидентот со шaмapoт на Ocкapите: Еве што одлучи Академијата

Актерот Вил Смит доби 10-годишна забрана да присуствува на галата на „Оскарите“ и другите настани на Академијата за филмска уметност, по инцидентот што го предизвика минатиот месец, пренесуваат американските медиуми.

Во соопштението на Академијата се наведува дека 94. церемонија на доделување на најпрестижните филмски награди била засенета од неприфатливото и штетно однесување на Смит на сцената. „Забраната има за цел да ги заштити изведувачите и гостите, и да ја врати довербата во Академијата.“

Во соопштението се наведува дека во моментот кога Смит му удри шлаканица на Крис Рок, Академијатата била неподготвена за таква случка без преседан.

Таа се извини за справувањето со ситуацијата за време на директниот пренос.

„Во текот на телевизискиот пренос, не ја адресиравме адекватно ситуацијата. За ова ни е жал. Ова беше можност за нас да дадеме пример за нашите гости, гледачи и семејството на Академијата ширум светот, а ние потфрливме – неподготвени за ваков преседан“.

Академијата му се заблагодари на комичарот Рок што ја задржал својата присебност и смиреност под вонредни околности.

Смит му удри шлаканица на Рок откако комичарот се пошегува за изгледот на сопругата на Смит, Џејда Пинкет Смит.

Набргу по инцидентот, Смит доби „Оскар“ во категоријата Најдобар актер во главна улога – за ликот Ричард Вилијамс, татко на тениските ѕвезди Венус и Серена, во филмот „Крал Ричард“.

Што ли се спрема? Германија подготвува засолништа, сирени за тревога и кризни резерви

Германија почна да работи на зајакнување на своите јавни засолништа, како и на подготовка на кризни резерви во случај на војна, изјави сојузната министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Владата размислува за подобрување на системот на јавни засолништа и ќе ги зголеми трошоците за цивилна заштита, истакна министерката Фезер за германскиот весник.

– Во Германија моментално има 599 јавни засолништа. Ќе видиме дали можеме да подобриме повеќе такви системи. Во секој случај, нивното демонтирање е запрено, додаде Фезер.

Таа објасни дека Владата работи на нови концепти, подобрување на подземните паркинзи, метро станиците и подрумите, со цел да станат потенцијални засолништа, а на сојузните држави им дала 88 милиони евра за поставување сирени за тревога.

Министерката најави и дека земјата ќе работи и на изградба на кризни резерви кои вклучуваат медицинска опрема, заштитна облека, маски или лекови.

Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно вети дека ќе ги зголеми средствата за одбрана и ќе одвои 100 милијарди евра за армијата.

Ахмети: Во Југославија Македонците беа привилегирани, а ние Албанците бевме ќираџии на свој имот

Во интервју дадено за РТВ21 Косово, лидерот на ДУИ Али Ахмети ја коментираше и поддршката на македонското население за Русија, односно на дел од Македонците кои некои аналитичари проценуваат дека одат и до две третини.

Видете, што се однесува до Македонците, тие имаа еден вид на сојуз со Србија за време на НАТО бомбардирањето во 1999 година, но има и носталгија произлезена од тие преку 60 години од заеднички живот во Југославија. Во таа Југославија беа и привилегирани, затоа што ние Албанците бевме тие кои беа угнетени, ние бевме „ќираџии“ на својот имот“, вели Ахмети.

Тој истакнува дека оваа носталгија не дозволува и јасно да се види дека иднината на оваа земја, сигурноста на оваа земја, мирот и стабилноста на ова место е преку интегрирање на земјата во ЕУ како што ја интегриравме во НАТО.

Иднината не им припаѓа на народи, односно политичарите кои инсталираат нацистички и фашистички политики, затоа што народот не е крив за тоа. Како што на пример Милошевиќ инсталираше една такви нацистичка и фашистичка политика, за ова не можеме да го обвиниме целиот српски народ иако во такви ситуации треба и народот да се дистанцира од ваквите политики. Што се однесува за Украина ние недвосмислено ја поддржуваме украинската праведна војна и ја осудуваме руската агресија и е срам за една супер сила да окупира една суверена држава. Се надеваме дека ќе се најде решение и ние како држава сите иницијативи на меѓународната зааедница сме ги поддржале“, додава Ахмети.

Фатен дилep од Битола, полициjaта мy пpoнajде мapиxyaна

На 08.04.2022, полициcки cлyжбеници од СВР Битола го лишиле од cлобода И.Л.(39) од Битола.

При пpeтpec во неговиот дом, извpшен со cyдcка нapeдба, била пpoнajдена и одземена мapиxyaна.

По целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна пpиjaва по член 215 од Kpивичниот законик – информираат од СВР Битола.

Oд СДСМ велат дека го заштитиле стандардот на граѓаните и спречиле раст на цените (Видео)

Вo услови на светска економска криза која ја погоди и македонската економија, Владата предводена од СДСМ презема навремени и ефикасни мерки кои го штитат стандардот на граѓаните и обезбедуваат помош за компаниите – вели Фаница Николовска, пратеничка на СДСМ.

„Минималната плата порасна на историски највисоки 18.000 денари, што е за двојно повеќе отколку пред четири години.
Денес, две минимални плати се доволни да се покрие синдикалната потрошувачка кошнчка која за март изнесува 36.768 денари. Пред неколку години за да се покрие минималната кошничка беа потребни над четири минимални плати.

Синдикалната потрошувачка кошничка за месец март е зголемена за околу 1.000 денари, но ова разлика сега со покрива со дополнителните 1.000 денари помош за следниве три месеци кои ја добиваат околу 330.000 пензионери и околу 35.000 семејства со ниски примања.

Покрај минималната плата, растат и платите во сите сектори. Во овие четири и пол години платите во образованието пораснаа за 20 отсто, во здравството, лекарите добиваат од 23 до 40 отсто повисоки плати, вработените во градинките сега добиваат плати повисоки за 21 отсто отколку пред четири години, пораснаа и платите во одбраната, полицијата, културата и јавната администрација.

Со растот на минималната плата ќе следува усогласување на сите плати, согласно рокот предвиден во Законот за минимална плата.

Мерките што ги презема Владата предводена од СДСМ придонесуваат за пониски трошоци на домаќинствата.

Благодарение на брзите и ефикасни мерки сметките на граѓаните се намалени за 4.000 денари месечно.

Со намалувањето на ДДВ за основните прехранбени производи од 5% на 0%, од април до јуни, граѓаните заштедуваат во просек по 1.500 денари месечно.

Најголема заштеда има во однос на сметките за електричната енергија. Доколку Владата не ја субвенционираше струјата, сметките за струја на граѓаните би биле околу 2.150 денари повисоки на месечно ниво.

Секој месец семејствата во просек заштедуваат околу 300 денари преку намалувањето на стапката на ДДВ од 18% на 10% за горивата.

Сето ова значи пониски трошоци и повеќе пари во семејните буџети за полесно справување со негативните последици од кризата.

СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи будно ја следи состојбата со економската криза и е подготвена да реагира со нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните.“ – вели Николовска

Вработените на штpajк, а министерството вели дека гpaдинките ќе paботат

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста и родителите дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и до сега.

-Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на децата на Република Северна Македонија, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата.

Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк, стои во соопштението на МТСП и се додава:

„По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

За Министерството за труд и социјална политика, грижата за најмладите, децата е приоритет, а заштитата на нивните права, наша заедничка одговорност“.

Најдоброто за крај: Некст Тајм најавија спектакуларна промоција на преработка за славната песна за Јане Сандански

Стефан и Мартин Филиповски од дуото „Некст тајм“, го закажаа моментот за свечената промоција на нивната најнова песна посветена на Јане Сандански – Царот Пиринси.

Песната е преработка на познта народна нумера „Кога падна на Пирина“, а својата промоција ќе има во киното Милениум во Скопје на 13 април.

-Со Гордост ви го најавуваме нашиот најнов видео запис за песната „КОГА ПАДНА НА ПИРИНА“ – 13 Април, 20:00 часот, КИНО МИЛЕНИУМ СКОПЈЕ, НАЈДОБРОТО ЗА КРАЈ!!! – најавуваат од „Некст Тајм“.

(Фото галерија) Macaкpoт на Плетвар, злocтopcтво за кое ќе не обвинуваат идните генерации – “Потоа тие нека ве гласаат!”

Ова се сцени од масакрот на шумата на потегот од Плетвар кон Трајанова чешма. Злосторниците ја “искосиле” шумата по една од најубавите планинарски патеки во најблиската околина на Прилеп. Во овој див колеж настрадале стотици стебла – напиша на ФБ Протоереј Љупче Петрески.

-Ваквите злосторства МОРА да бидат санкционирани а злосторниците казнети. Но, фрапира инертноста на локалната самоуправа и на дел од останатите надлежни по ова прашање. Причините се речиси секому познати – корумпираност и ромски гласови за изборите. Но, до кога така? Со ова темпо, шуми ќе снема за неколку години. Потоа што? Потоа тие нека ве гласаат!!! Г-не градоначалник, се слушаме?! – пишува во својот статус Отец Петрески.

Иако во изминатите две-три недели МВР информира за низа приведени лица фатени со илегално исечени дрва, дрвокрадците не мируваат и секојдневно ги пустошат шумите во околината на Прилеп и прилепско.

Ова е жално, срамно и бедно…

Цела држава, со еден куп полициски припадници, со цела мража на институции… да не може да се справи со дрвокрадци и да го спречи уништувањето на шумскиот фонд.

Мал милион спомени на една фотографија: Повозрасните прилепчани ќе се сетат на едно убаво време под тополите во центарот на градот

Нема прилепчанец од повозрасните генерации кој не се сеќава на култното место кај тополите во центарот на градот.

А кој не знае да праша и ќе дознае каде се продаваа највкусните сендвичи и каде имаше најубав и најчист амур.

Сендвичарница кај Стив беше култно место, а од нивните сендвичи не му беше доста никому. Сендвичарата ја имаше можеби најубавата локација од редицата објекти за храна, кои некаде до 2005 година се наоѓаа на булеварот “Гоце Делчев”.

Иако денеска имаме уреден и широк простор за пешачење на овој дел од центарот на градот, можеби требаше да се најде друга локација и овие објекти да продолжат со работа.

Фотографијата ја објави Фејсбук страната “Прилеп стари фотографии”, а ние им сме бескрајно благодарни на ова враќање во времето.

Голем пад на цената на нафтата на светските берзи, ќе се почувствува ли и кај нас?

Цените на нафтата дополнително паднаа во петокот и би требало да загубат околу три отсто од почетокот на неделата, бидејќи планираното лансирање на 240 милиони барели на земјите -потрошувачи од залихите ја отстрани загриженоста за намаленото снабдување од Русија поради санкциите на Западот.

Терминските договори на суровата нафта брент паднаа за 55 центи, или 0,6 отсто, на 100,03 долари за барел, откако во раните утрински часови поскапе за повеќе од 1 долар.

Фјучерсите на West Texas Intermediate (WTI) паднаа за 34 центи, или 0,4 отсто, на 95,67 долари за барел.

Аналитичарите велат дека итно ослободување од околу 1 милион барели дневно од мај до крајот на годината може да го ограничи растот на цените на краток рок, но нема целосно да ги покрие изгубените количини доколку повеќе земји воведат санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, која Москва ја нарекува „специјална операција“.