дома блог страница 1616

(Видео) Александар “Велики” Волкановски останува на врвот: Го победи „Зомби“ и го одбрани УФЦ-појасот

Австралијанецот со македонско потекло Александар “Велики” Волкановски ја одбрани својата УФЦ титула во перо категорија.

Во битката против Чанг Сунг-Јунг или попознат под прекарот „корејското зомби“ ја обезбеди својата 11. последователна победа, која дојде по три совршени рунди, покажувајќи дека во моментов е можеби најдобриот УФЦ фајтер.

„Ви кажував цела недела, дека во моментов сум на поинакво ниво и не можам да бидам сопрен. Тој дури успеа да изддржи повеќе од тоа што го очекував и сакав да завршам предвреме. Почнав да се чувствувам лошо поради казната која ја добиваше, но тоа е спортот во кој сме“, изјави Волкановски по мечот.

Леклерк го враќа стариот сјај на Ферари: Доминантна победа на трката за големата награда на Австралија

Чарлс Леклер ја зголеми предноста за титулата на 34 поени, а Макс Ферстапен втор пат оваа сезона не ја завршува трката. Серхио Перез заврши на второто место, но со 20 секунди позади Леклерк, а Џорџ Расел го комплетираше подиумот.

419.114 илјади навивачи беа сведоци на огромната доминација на Ферари во Аврстралија. Леклерк стартуваше од првата позиција и во ниту еден момент не му беше загрозена.

Целото внимание е повторно свртено кон актуелниот шампион Макс Ферстапен кој мораше да ја го запре болидот и да ја прекине трката поради проблеми во моторот.

Втор заврши Перез, а на третото место Расел. Хамилтон повеќе не е во прв план, па овој пат заврши на четвртата позиција.

Следната трка е посебен за Ферари. Имено, од 22 до 24 април ќе се вози Имола, легендарна патека „Енцо и Дино Ферари“.

Ќе има ли утре настава во училиштата? Еве што велат од Министерството за образование

МОН: законските прописи ги штитат и интересите на учениците, настава мора да се организира и за време на штрајк

Министерството за образование и наука ја известува јавноста дека и од понеделник, за кога е најавен штрајкот од страна на раководството на Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК, основните и средните училишта ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно – образовен процес.

Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година.

Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности како постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, за што одлучува Владата и го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година.

Училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно – образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото.

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков денеска ќе одржи прес – конференција на која ќе бидат презентирани потребните информации непосредно пред најавениот штрајк во детските градинки, основните и средните училишта.

СОНК за утре најави генерален штрајк, бидејќи на минатонеделните средби со Владата не се договорија за исполнување на нивното барање за зголемување на платите во образовниот сектор за 18,4 проценти.

Ова барање е со цел усогласување со порастот на минималната плата во државата од 15.199 на 18.000 денари што веќе стапи на сила.

Дождот не ги попишмани: Голем број учесници на денешната планинарска тура во чест на Томе Темелкоски во Прилеп (Фото галерија)

Планинарската група “Прилепски Планинари – Авантуристи” во соработка со здружението “Вело Че”, денеска oрганизираа планинарска дружба по Селечка Планина.

Турата која започна од манастирот Св. Димитрија кај село Селце беше со должина од 12-13км, а крајната дестинација беше Планинарскиот дом “Томе Темелковски”.

Голем број планинари, ентузијасти и вљубеници во природата од Прилеп, но и од Кочани, Скопје и Битола зедоја учество во турата и покрај врнежливото време.

Од манастирот Св. Димитрија планинарите се упатија до локалитетот домаќинско чешмуре, а потоа кон Дуна нива. Третата точка беше местото викано Стогот под врвот Калушоец, а движењето го продолжија по сртот на Селечка Планина, од каде се гледаат Пелистер, Кајмакчалан, Кожув, Мариово, Солунска Глава и Прилеп.

Попатно го посетија споменикот Устрелец кој е изграден во чест на прилепските бранители од Карпалак.

После паузата се упатија под врвот Чуле, а потоа кон крајната дестинација Планинарскиот дом “Томе Темелкоски”.

3eмjoтpec со cpeдна jaчина синоќа почyвcтвyван во Македонија

Земјотрес со интензитет од 4,2 степена според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во Албанија, три часа по полноќ, а истиот е почувствуван и во Македонија.

Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Епицентарот се наоѓал на девет километри од местото Тропоја во Албанија, соопшти Сеизмолошкиот оддел на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора.

Потресот бил почувствуван во јужниот дел на Србија, во Црна Гора и во Македонија.

Maкрон или Ле Пен – 49 милиони Французи денеска одлучуваат – Кој ќе победи?

Речиси 49 милиони Французи денеска ќе излезат на првиот круг од претседателските избори, а според анкетите главната борба, како и на претходните избори во 2017 година, ќе се води меѓу претседателот во заминување, центристот Емануел Макрон и кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен.

Фаворитот во анкетите со месеци, Макрон, кој најдоцна влезе во предизборната кампања, во изминатите недели се соочува со намалување на разликата во однос на Марин Ле Пен, чија победа веќе не е незамислива.

Во првиот круг учествуваат вкупно 12 кандидати, додека аналитичарите проценуваат дека излезноста на гласачите ќе биде помала од вообичаената, бидејќи изборната кампања беше бледа и се одржа во голема сенка на војната во Украина.

Годинава првпат нема да има изборна ноќ на француската приватна телевизија ТФ1, која традиционално досега беше единствената телевизија која ги следи резултатите и носи аналитичари во студиото по затворањето на гласачките места. Овој пат таа изборна ноќ е скратена до 21.30 часот, по што ќе биде прикажана познатата француска комедија „Посетителите“.

На национално ниво, Франција се соочува со целосно поделена левица и слаба десница, па анкетите покажуваат дека Макрон би освоил околу 26 отсто во првиот круг, а Ле Пен околу 22 отсто. Макрон во вториот круг би ја победил Ле Пен со 53 отсто од гласовите, а таа би освоила 47 отсто.

Аналитичарите сметаат дека Ле Пен ја зголемила својата популарност зборувајќи за куповната моќ и грижите на Французите, но и поради падот на популарноста на кандидатот, исто така, на екстремната десница Ерик Земур.

Додека Земур повторуваше антиимиграциски и антиисламски теми, Ле Пен се фокусираше на куповната моќ ветувајќи итни мерки како што е укинувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за одредени производи.

Земур е помалку популарен од почетокот на руската инвазија врз Украина, поради претходно позитивните ставови кон рускиот претседател Владимир Путин и неубедливиот став за прифаќање украински бегалци. Земур често беше гонет за контроверзни изјави. Тој беше осуден во 2011 година за поттикнување расна дискриминација, а во 2018 година за поттикнување омраза кон муслиманите.

Лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон се очекува на третото место во првиот круг од изборите со околу 17 отсто од гласовите. Кандидатката на десницата Валери Пекрес и Земур би добиле по девет отсто од гласовите.

Пекрес, која пред неколку месеци важеше како сериозен противкандидат на Макрон, играше на таа карта дека освежување за Франција би било ако ја предводи жена. Сепак, таа остана без официјална поддршка од поранешниот десничарски претседател Никола Саркози, во чиј период беше министерка за буџет.

Другите кандидати би освоиле околу пет отсто од гласовите.

Во Франција, претседателот се избира со директно гласање, во два круга, доколку ниту еден кандидат не освои мнозинство во првиот круг.

Шефот на државата се избира за мандат од пет години и може да биде реизбран само еднаш.

Предизборниот молк во Франција ќе трае до денеска во 20 часот по затворањето на гласачките места.

Францускиот закон забранува објавување на изборните резултати пред затворањето на гласачките места. Веднаш по затворањето на избирачките места, може да се очекуваат резултатите од излезните анкети спроведени од институти за истражување на јавното мислење.

Вториот круг од изборите е закажан за 24 април.

Изборите се одржуваат во екот на војната во Украина, но и во период на шестмесечното претседавање на Франција со Советот на Европската унија.

На претходните избори Макрон ја победи Ле Пен во вториот круг и со тоа стана најмладиот француски претседател. Неговото доаѓање на власт ги потресе традиционалните партии во земјата, левичарски и десничарски, кои се менуваа на власт со децении.

Искуството на тренерот Кузманоски пресудно за победата на РК Прилеп во Струга

Прилепчани стигнаа до првата победа во плеј-аутот од ракометната Суперлига, откако денеска славеа на гостувањето кај Струга со 26-28.

Ракометарите на РК Прилеп го контролираа натпреварот во текот на сите 60 минути, неколку пати имаа водство од три гола разлика, а стружани успеаа да изедначат во второто полувреме на 20-20.

Веднаш потоа следуваше серија од 0:3 за прилепчани и работите одново се вратија во контрола.

Во наредното коло прилепчани го пречекуваат Радовиш, натпревар од кој повторно се очекуваат максимален број бодови.

(Видео) Вселенскиот туризам станува реалност: “Прошетката” во вселената ќе трае 12 часа

Често се вели дека универзумот е следната граница, барем кога станува збор за откривање нови места и информации. Сепак, повеќето од нас имаат уште многу да научат за нашата планета, особено затоа што ретко ја гледаме Земјата од поинаква гледна точка.

Просторот, барем тие неколку стотици километри надвор од нашата атмосфера, ја нуди таа совршена гледна точка која, се надеваме, ќе ни даде поинаква и подобра перспектива на нашиот дом, буквално и фигуративно. Тоа е вид на искуство што ќе го промени животот што го ветува новиот вселенски туризам, а една компанија се обидува да промовира поинаков вид на искуство во кое треба да се ужива на релаксирачки начин, наместо возбудлива авантура како Blue Origin, Space X или Virgin Galaxy.

Кога ќе ја слушнете фразата „вселенски туризам“, најверојатно ќе замислите патување надвор од нашата атмосфера со типични вселенски летала како ракети. Навистина, за компании како Space X и Blue Origin, тоа е најконвенционалниот начин да се дојде до рајот. Од друга страна, Virgin Galactica ќе овозможи патување со вселенски брод што полетува како авион, намалувајќи ја потребата од скапи и ризични лансирања на ракети.

После подолго време Лозано објави нова песна, и повторно ќе ве освои (Видео)

Конечно, по подолго време една од нашите најголеми музички ѕвезди – Влатко Лозаноски – Лозано ја објави својата најнова песна.

„После полноќ“ е името на новата нумера и дефинитивно таа ќе биде пријатно изненадување за публиката. Иако можеби повеќето очекуваа дека Лозано повторно ќе објави песна слична на претходната, тој и неговиот тим, продуцентите Лазар Цветкоски и Ена Цветкоска создадоа ремек-дело со светски звук.

„Презадоволен сум тоа како звучи песната, а се разбира и од тоа како изгледа видеоспотот. Сега останува само публиката да си го каже своето, јас сум сигурен дека ќе им се допадне – изјави накусо Лозано.

Како режисер на видеоспотот се потпишува познатиот Даниел Јовески со кого Влатко соработува веќе неколку години, додека пак за стајлингот и овојпат беше задолжен Андреј Ѓоргиевски – Папаз.

Инаку ова е само најава за она што допрва ќе следи од Лозано и неговиот тим. Тие веќе имаат подготвено неколку нови песни, а деновиве се работи и на сценариото за новиот видеоспот кој треба да почне да се снима многу скоро, а тоа значи уште една нова песна во блиска иднина…

И Украина доби датум?

Украинската министерка Олга Стефанишина изјави дека очекува Украина во јуни да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.

Вицепремиерката на Украина задолжена за европски и евроатлански интеграции изјави дека нејзината земја е подготвена брзо да започне со кандидатурата за членство во ЕУ.

Нејзините забелешки доаѓаат еден ден откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вети брз одговор на барањето на Украина за членство во алијансата.

На заедничката прес-конференција со Зеленски, Фон дер Лајен му врачи прашалник на украинскиот претседател, кој ќе биде почетна точка за одлуката за членство.

Искрено се надеваме дека Украина нема да го следи македонскиот пример за напредок во Унијата и во следните два месеци да добие уште неколку датуми.