Едно интересно видео за тоа како и колку се менувал Прилеп во периодот од 2005 до 2013 година.
Да се потсетиме и веднаш да заборавиме како изгледал центарот на градот, парковите, зеленилото, булеварите…
По отворањето на предметот за истрагата за проневера која е покрената против генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири и уште двајца хрватски државјани тој во овој момент преку статус на Фејсбук си поднесе оставка.
-Почитуван претседател на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Димитар Ковачевски.
Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен.
Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија.
Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност.
Почитуван претседателе, Ви благодарам на укажаната можност да бидам дел од Вашиот владин состав и Ви благодарам што верувате во мојата заложба и посветеност во работата.
Со почит,
Мухамед Зеќири, стои во неговиот пост на Фејсбук.
На 07.04.2022 на ул.„Нико Фундали” во Битола, полициски службеници од Полициска станица Битола го лишиле од слобода Ш.М.(25) од Битола.
Тој бил затекнат при извршување кражба во објект сопственост на Д.П.(45) од Битола.
Кај Ш.М биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.
Утре, сабота (09.04.2022), со почеток од 08 часот ќе се започне со чистење на општинската зграда со цел враќање на нејзиниот поранешен сјај – информираат од општина Прилеп.
Од општината ги повикуваат сите граѓани кои сакаат да учествуваат во акцијата да дојдат пред општинската зграда во наведеното време.
Општинската зграда во Прилеп беше ишарана за време на протестите од “шарената револуција”.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека рускиот претседател, Владимир Путин, ќе ги концентрира нападите во Украина на сепаратистичката зона Донбас, на истокот на таа земја, во обид да постигне победа за 9 мај, на годишнината од капитулацијата на нацистичка Германија во 1945 година.
„За Русија 9 мај е национален празник, важен воен датум и речиси е сигурно дека за претседателот Путин, 9 мај треба да биде ден на победа“, изјави Макрон за француското радио РТЛ.
„Тие ќе ги концентрираат своите напори на Донбас, ќе видиме многу тешки сцени во наредните недели, во таа област во источна Украина“, рече францускиот претседател. Тој потсети дека Франција се обидува да организира хуманитарни операции со Грција и Турција на југот на Украина, во пристанишниот град Мариупол, кој е под опсада, но дека тие се соочуваат со големи тешкотии.
Макрон изјави дека дијалогот со рускиот лидер Владимир Путин е негова должност и дека тој ќе продолжи да ги води тие разговори.
„Моја должност е да разговарам со него, тоа ни треба. Нема да престанам да го правам тоа. Тоа ни овозможува да бидеме играчи во преговорите“, рече тој, додавајќи дека украинскиот лидер Володимир Зеленски исто така бара од него да разговара со Путин.
Според него, Франција треба да биде една од земјите кои ќе гарантираат мир во Украина кога ќе стапи на сила примирјето.
Нови цени на гoривата ќе има од полноќ. РКЕ новите цени треба да ги соопшти по одржаниот состанок, кои ќе важат од вечер од полноќ, по што дополнително ќе информираме.
Моментално, ова се цените на нафтените деривати:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,00 (денари/литар); Мазут М-1 НС 52,662 (денари/килограм).

Поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Светскиот ден на Ромите.
“Најпријатно ме изненадивте и со задоволство ја прифатив поканата за настанот организиран од страна на Здружението за перспективна интеграција и развој “РОМА ПЕРСПЕКТИВ” Прилеп и ми претставува особена чест присуството на истиот.
Искажувам искрена благодарност до Вас за оддадената почит и признанието за “ПРИЈАТЕЛСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК И ЗА ДАДЕНИОТ ПРИДОНЕС ЗА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП”.
Во знак на одлична соработка и градење мултикултурен соживот, секоја година се реализираа многубројни проекти со цел подобрување на животот на ромското население, а денешниот празник и почитувањето на ромскиот народ се одбележува со богата програма и огромен број настани.
Секој ден и на овој да се потсетиме за потребите на Ромите и заеднички да учествуваме во унапредување на социоекономската позиција на Ромите во општеството.
Со еднакви можности и права за секој припадник на ромската заедница во Прилеп и Република Македонија да се гради солидарно и праведно општество… стабилност и просперитет за сите подеднакво, напиша на Ристески.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи отпатува со својот украински колега Димитро Кулеба и неговиот полски колега Збигњев Рау, кон полско-украинската граница
-Заедно со министрите за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау и на Украина, Дмитро Кулеба на пат кон полско-украинската граница; како дел од тројката претседавачи на ОБСЕ ќе ни се придружи и министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде, напиша Османи на Фејсбук.
“Заради анонимна дојава и постоечки валидни докази во федерацијата ” ние сме исклучени од натпреварите во македонската трета кошаркарска лига , вели Сашо Костоски тренер на екипата на Мега Баскет за “РАДИО ПЕЛА”, која во регуларниот дел од сезоната во ова натпреварување заврши на втората позиција веднаш зад тимот на Работнички.
Во разговорот кој Радио Пела успеа да го реализира со Костоски во отворената програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА , предводникот на прилепчани вели дека ова е неправедно исфрлање од страна на кошаркарската федерација, која го направила овој потег од за него несфатливи причини.
Имено кошаркарот Филип Митрески кој е уредно регистриран на листата на играчи кои имаат право на настап во оваа лига за прилепскиот клуб и кој не играл за ниедна друга екипа освен за Мега Баскет , го немало на списокот во натпревар кој пред два месеци го играла прилепската екипа против Куманово а тој настапувал.
Костоски вели , од тогаш поминаа шеесет дена а дури сега федерацијата реагира со ваква ригорозна мерка на некоја “анонимна дојава” и со некои за нив валидни докази кои ќе оделе во архива а исфрлањето веднаш стапува на сила , само и само тимот на Албест да игра во финалето од плеј офот против Работнички , а не Мега Баскет кој е втор на табелата во регуларниот дел од сезоната.
Целиот разговор со тренерот на Мега Баскет погледнете го ТУКА
Со традиционално подигање на ромското знаме и интонирање на ромската химна, општина Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на Ромите 8. април.
Светскиот ден на Ромите се одбележува во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 8-12 април 1971 година во Лондон и тоа е еден од најважните датуми во историјата на овој народ. На тој датум на конгресот се стретнале претставници на Ромите од 14 земји во светот.
Како една од најважните усвоени одлуки се одлуката за ромското знаме и официјална химна. Ромското знаме во долниот дел има зелена боја која ја симболизира земјата, а горниот дел е обоен со сина боја која го симболизира небото. Црвеното тркало кое се наоѓа во средина на знамето ги претставува патувањата и миграциите на Ромите.
Официјалната ромска химна се темели на старата ромска песна Џелем, Џелем . Првиот конгрес на Ромите во Лондон резултираше и со прогласување на официјален ромски јазик, како и официјално прифаќање на називот „Ром“ што на ромски значи човек.
На четвртиот светски конгрес на Ромите одржан 1990 година во Полска, решено е 8 април, денот кога е отворен првиот конгрес во Лондон, да се прогласи за Светски ден на Ромите кој секоја година ќе се одбележува во целиот свет. Ромите се најбројното етничко малцинство во Европа.
Тие на Стариот континент живеат над 700 години. На првиот Светски конгрес на Ромите во 1971 година во Лондон. е усвоено официјалното име – Роми. Денес во Европа живеат околу 12 милиони Роми.