Соборот на СПЦ одобри канонско единство со МПЦ-ОА

Соборот на СПЦ денеска одобрил канонско единство на СПЦ со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), пренесува српски „Курир“.

Спорот кој датира од 1967 година, кога се одвоила македонската православна црква од СПЦ, конечно е решен. Пред оваа одлука на Соборот беа обновени разговорите меѓу патрхархот и претставници на МПЦ на чело со г.г. Стефан.

По 20 години, откако на 17 март 2002 година беше донесе договорот во Ниш меѓу СПЦ и МПЦ, околу дефинирање на нивниот однос, на истото место за време на првомајските празници повторно беше воспоставена комуникација, а тие вродија со денешната одлука на Соборот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.