дома блог страница 1601

Во Офицерски во Битола промовирана Биографијата на Златко Неделковски – таткото на Кик Боксот во Македонија (Фото)

На 2O април 2O22 година по 4 месеци неизвесност во Офицерски дом [ ЈОУ КИЦ Битола ] се реализираше промоцијата на Биографијата за спортската легенда и татко на Кик Боксот во Македонија – Златко Неделковски [ 196O – 2O2O ] учител – спортски работник – сопруг и татко но пред се битолчанец насловена како “Големиот воин и неговата храбра ќерка”, а напишана од неговата ќерка Дијана.

На промоцијата Дијана Неделковска истакна:

Почитувани пред се би сакала искрено да ви се заблагодарам во мое и во името на моето семејство што денес сте дел од овој за нас посебен настан. Искрено ми е многу полесно сега да влезам во рингот отколку да зборувам тука пред сите вас а посебно кога треба да зборувам за мојот татко но ќе ми биде особена чест и задоволство да ви раскажам како и зошто се роди идејата за Биографијата за мојот татко.

Во животот за сите нас постои само една опција – опцијата “A” т.е. да продолжиме понатаму. А токму од таа опцијa и од една болка – една преголема љубов на еден татко и неговата ќерка и нивната професионална и приватна поврзаност произлезе и приказната за “Големиот воин и неговата храбра ќерка”.

Деновите и минутите до самата реализација на Биографијата беа долги и тешки но како и се досега што се случувало во нашето семејство така и ова дело е резултат на тимска работа.

Сплотени во едно – месеци и денови сите заедно внимателно ја одбиравме секоја фотографија и некако повеќе тоа беше работа на мојата мајка а додека се останато – целата организација се до овој момент – па и оваа вечер е дело на мојот брат.

“Големиот воин и неговата храбра ќерка” е Биографија но и книга за семејството Неделковски – книга за сите вас – книга за сите минати – сегашни и идни членови – книга за сите соработници и пријатели – за народот – книга за Златко Неделковски.

Славчо Неделковски ги прочита воведот на Биографијата потпишан во име на семејството и ја претстави кратката биографија на својата сестра и причината зошто токму таа е вистинскиот избор да е потписник на Биографијата за Златко Неделковски.

Славчо Неделковски истакна:

Особена чест имам што оваа вечер ќе говорам за архивски факти за човекот кој требаше да е со нас но остави поголем белег врз животите на генерации битолчани кој нема така лесно да се избрише.

Зошто битолчани? Затоа што Златко Неделковски беше самофинансирачки амбасадор на својот град Битола и Македонија. Него никогаш не го интересираше профитот кој пак за жал стана заштитен трговски знак за спортот во нашата земја а и глобално светот.

Златко Неделковски беше спортски работник од стар ков. Неговите ученици беа се – останаа се. И тоа се беше доволно за се што не го доби за време на земниот живот а го заслужи и таа заслуга не може да ја оспори никој.

Златко Неделковски е роден во Битола – живееше и работеше во и за Битола а во Битола е и неговиот вечен дом. Зошто? Затоа што локал патриотизам не е форма само на општествено политичката мисла ами животен избор – стил на живеење во кој ако веруваш го практикуваш. Не е работно време ами целосно посветен земен век.

Златко Неделковски прво е човекот кој е татко на Кик Боксот во Македонија но и низа боречки вештини и спортови кои не само што ги изучил и донел од светот во нашата Македонија – нашата Битола ами ги усовршил и им ги вратил на светот подобри и поквалитетни што е исто поткрепено со факти.

Златко Неделковски пред 4О години го формира Кунг Фу Клубот “Битола” од Битола кој е еден од ретките кој под Баба планина во сегментот спорт а и пошироко го носи името на градот е не нејзиниот највисок врв Пелистер.

Човекот кој точно пред 3О години во независна Македонија во 1992 година по една година формирање на првите клубови на варијации на боречки вештини и спортови – сите до еден основани со негов потпис а во 13 градови го формира Кунг Фу – Фул Контакт Сојузот на Република Македонија или пет години пред оние – кои тврдат дека ете тие се првоносителите.

Семејството Неделковски било се само не обично – монотоно – еднообразно. Секој со својот карактер и својата животна филозофија и љубовта кон својата професија. Мало по број но секогаш среќно. Без разлика на се. И во миговите на радост но и тага. И секогаш со четвороножните членови за кои би сакал да истакнам дека се единствениот сегмент кој не прави нецелосни оваа вечер. Нашите Тир и Ото кои мораа да останат дома.

Не беше лесно да се напише Биографија на човек кој животот го одживеал за три. Но успеавме со креативни форми кои книжевноста не ги познава па и тука направивме уникатна форма на дело кое говори за земниот век на Златко Неделковски низ 6О години а притоа без биде именуван било кој.

Имено во Биографијата има само едно име. Дедо Лазо. А кој и што е дедо Лазо и зошто е битен ќе оставиме на самите вас да откриете а од кој што и очекуваме сериозно да возвратите со ваши критики.

Златко Неделковски е есенцијалната смисла на опшстествено поимење на битолчанец и Битола. Овде сте сите вие кои во палетата на шареноликоста сте најдалечните крајности но тој ве поврза.

Благодарен сум што познавав таков човек. Што и по 18 месеци од неговата смрт тој ве спои и вас а и нас и што неговата мисија за Битола опстојува.

Златко Неделковски целиот свој работен век го помина во РЕК Битола. 8 работни часа од своите 18 години или и 4О години работен стаж за оние 8 до 1О часа секој ден посветени на спортот и неговите ученици и остатокот безусловно за неговото семејтво и пријателите. И така до бесконечноста и без грам немир или измореност. Со трилион идеи кои чекаа на листата за реализација но и безмилосното темпо – како да нема утре.

Златко Неделковски пред 5 години и официјално станува легенда во боречките вештини и спортови со впишување на неговото име како татко на Кик Боксот во Македонија во првиот учебник за боречките спортови и вештини наменет за идните професионални спортисти при Факултет за физичко образование – спорт и здравје.

фотограф: Љупчо Илиевски – Машлак
автор на портретот: Александар Поповски
лектор: Татјана Лаљек – Кулишевска
издавач: НУ Универзитетска библиотека “Свети Климент Охридски” Битола

Слатко задоволство од “Витаминка” со кое секој ќе ви пpocти (Видео)

Режисерката на “Сестри”, нашиот филм кандидат за Оскар оваа година – Дина Дума, го режираше видео спотот за бонбониерата “Sorry” на Витаминка.

Директор на фотографија е Дејан Димески, во продукција на ПР Агенцијата Навигаторс.

Погледнете го спотот во продолжение:

Русите го освоија Харков

Проруските сепаратисти го преземаа патот кон Харков, кажа министерот за внатрешни работи на Луганск, Игор Корнет.

Ако слободата вака изгледа, тогаш Харков е и слободен, а не само освоен.

„Патот до областа во Харков од Луганск е слободен и безбеден и ќе се користи за испраќање на храна и гориво. Територијата на Харков е ослободена за нормален живот на цивилите“, вели тој.

„Нема да запреме тука, ќе продолжиме со остварување на специјалната воена мисија во Украина“, објаснува министерот.

Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека Европската унија (ЕУ) планира да воведе уште еден пакет санкции за Русија за да го зголеми притисокот врз државата.

„Санкциите ќе бидат за рускиот енергетски сектор, извозот, увозот и транспортот. Работиме за да го направиме болно за руската воена машинерија“, кажа Зеленски.

Зеленски, исто така, кажа дека ова е историск момент кога може да развијат максимална брзна во пристапувањето кон ЕУ.

(Фото галерија) Прилеп доби ултрамодерен продажен салон за спортска облека и опрема

Прилеп од вчера доби нов ултрамодерен салон за спортска опрема. Во центарот на градот во просториите на поранешна Телевизија Прилеп, од вчера започна со работа “Интер Лукас”, нов продажен салон на брендот “Лукас” кој во Прилеп постои повеќе од 30 години.

Во “Интер Лукас” ќе најдете огромен избор на спортска опрема и фитнес реквизити од вашите омилени брендови.

Голем избор на патики, спортска облека, маички, тренерки, елеци, опрема за велосипедисти, тенис, топки… се само дел од асортиманот на новиот продажен салон.

За прв пат во Прилеп имате се на едно место, а довербата ќе им ја дадете на луѓето кои целиот свој живот работат во овој сектор.

За квалитетот не треба да правиме збор, бидејќи како што рековме, сопствениците на брендот “Лукас” повеќе од три децении успешно го водат својот бизнис.

Посетете ги и ќе се уверите.

Недобитните тикети во Sport Life можат да ви донесат милион денари

Со новата акција на Sport Life, недобитните тикети кои имаат еден промашен тип може да ви донесат примамливи добивки. Овој пат што повеќе вакви тикети, тоа подобро.

Играчот кој во времетраење на акцијата има најголем број на тикети со еден промашен тип, ќе ја освои највисоката премија од еден милион денари, второрангираниот и треторангираниот добиваат бесплатно обложување во период од еден месец со вредносни ваучери од 200, односно 100 денари.

Она што е исто така важно, е за да учествувате во акцијата треба ја приложите СЛ клуб картичката при уплаќање на тикетите. Акцијата важи за тикети со најмалку шест одиграни натпревари, со една комбинација (несистемски тикети), за тикети од обложување во живо и за микс тикети. Во текот на еден ден може да се рангира само еден тикет со еден промашен пар. Во случај на повеќе тикети со еден промашен пар, на контото на играчот се додава само оној тикет којшто има најголем коефициент од погодените типови/натпревари. Повеќе информации за правилата на следниот линк

Акцијата во која треба да соберете најмногу тикети со „една промашена“ ќе се одвива од 19.04.2022 до 16.05.2022 година. Информацијата за добитниците ќе биде објавена на веб-страницата www.sportlife.com.mk.

Стружанка yaпceна во Прилеп – Полициjaта и’ пpoнajде 12 шишенца со метадон

На 20.04.2022 во 23.00 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ја лишиле од cлобода Т.Н.(33) од Струга, затоа што кај неа биле пронајдени и одземени 12 шишенца со течност – метадон.

По целосно документирање на случајот пpoтив неа ќе биде поднесена соодветна пpиjaва – информираат од МВР.

Фенерџијата Радовиш вечерва гостува во Прилеп: Да ги поддржиме максимално нашите ракометари

Денес (21.04.2022) во Прилеп гостува тимот на Радовиш!

После победата на Струга прилепчани имаат шанса на домашен терен да го совладаат тимот на Радовиш кој е последен на табелата.

Вечерашниот дуел во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп ќе го судат Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев, делегат е Русе Наумовски, сите од Скопје.

Натпреварот со почеток од 19:00 часот ќе може да се гледа на следниот линк:

Вчера и денеска пpeтpecи и апceња на две локации во Прилеп

Во текот на вчерашниот и денешниот ден (20/21.04.2022) од страна на полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп извpшени се пpeтpecи на две локации во Прилеп, при што лишени од cлобода се две лица – информираат од МВР.

Имено, вчера (20.04.2022) во 07.00 часот полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп го лишиле од cлобода А.Ф.(39) од Прилеп, бидејќи при пpeтpec во неговиот дом, извpшен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени мapиxyaна и дробилка со остатоци од мapиxyaна.

Денеска (21.04.2022) во 07.15 часот од полициcки cлyжбеници од Одделението за недозволена тpговиjа при ОВР Прилеп лишен е од cлобода А.Ш.(32) од Прилеп, затоа што при пpeтpec во неговиот дом, извpшен со cyдcка нapeдба, биле пpoнајдени и одземени кафеава прашкаста материја, бела грутчеста материја и неколку таблетки.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Отворена изложбата на талентираниот уметник Филип Цакоски од Прилеп (Фото)

Синоќа во Ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков” беше отворена изложбата “Персона” од Филип Цакоски.

Младиот уметник на првата самостојна изложба во родниот град се претставува со 11 скулптури, преку кои се прикажуваат персони и сенките кои ги носат, а пораката е за воочување на скриеното во секого.

Изложбата ја отвори Филип Димкоски, поет, кој посочи дека поставката треба да се гледа како можност да се види личноста со својата посебност и своето достоинство.

Внимавајте, водата од овие 7 чешми во околината на Прилеп не е бактериолошки исправна за пиење

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Загорани – Ѕвездакоски – водоводна мрежа, л.в.с. Веселчани – Мојсоска Ѕ. – водоводна мрежа, л.в.с. Плетвар – јавна чешма – водоводна мрежа, Плетвар – крајпатна чешма Че – водоводна мрежа, л.в.с. Беловодица – јавна чешма – водоводна мрежа, населено место Лениште – јавна чешма сред село – водоводна мрежа и водата од мерно место с.Крстец – јавна чешма сред село – водоводна мрежа не одговара за употреба.

Исто така водата од л.в.с. Ореовец – јавна чешма сред село – водоводна мрежа одговара за употреба.