Православните христијан и од Корча, град во Р.Албанија масовно го прославуваат Велики Петок.
Со величенствена литија денот беше одбележан и во Корча, Република Албанија, град каде живеат голем број Македонци.
Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Утрена богослужба на која се читаат Дванаесетте Страдални Евангелија, во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј” во Битола.
-Отче, прости им, оти не знаат што прават! Денес се собравме во храмот не со цел да слушнеме нешто ново. Правдата секогаш е една, била и ќе биде. Ние се собравме, за да си спомнеме за доброволното страдање на Христа, да земеме учество во Неговото крстоносење, да се помолиме со Него за Распнувачите, плачејќи и жалејќи за своите гревови, кои сè, и остануваат главна причина за жртвеното истоштување на Спасителот наш Господ Исус Христос, истакна митрополитот г. Петар.
Пред верниците присутни во Храмот, митрополитот г. Петар нагласи дека причината за страшното и гревовно зло, Спасителот ја гледа во човечкото незнаење: „Не знаат што прават”.
–Секој од нас знае што прави, кога го умножува гревот. Знае, дека, со умножување на гревот, се крева против Самиот Бог, сака Него да го направи свој слуга, сака да го понизи, да го симни од Неговата глава венецот на вечната слава. Секој од нас знае, дека умножувајќи го гревот, прави зло, од кое се треси природата, како што се тресела тогаш, кога го видела распнат Творецот. Тогаш зошто Распнатиот говори, дека Неговите мачители „не знаат, што прават”? Тоа е нов доказ за Неговата љубов кон нас. Навистина, гревот се случува од незнаење и не влечи со себе. Првородниот грев го ослабил нашиот ум и волја, и секој направен од нас грев ги ослабува нив уште повеќе, така што е невозможно, човекот кој го умножува гревот, да си даде себеси, јасен отчет, за тоа што прави. Во тој момент човекот е подобро да биде во адот, отколку да направи грев. Така, браќа и сестри, не знаеме и ние на моменти, што правиме, кога си дозволуваме да направиме грев. „Оче! Прости им, оти не знаат што прават”. Во овие зборови нема само прозба кон Отецот Небесен за прошка на ослепениот од гревот род човечки, но и заповед за христијанската љубов, прогласена од Крстот, заповед да му простуваме на оној, кој нам ни причинува незадоволства, заповед на Новиот Завет кон непријателите, рече митрополитот г. Петар на Утрена богослужба во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј” во Битола.
Заповедта за љубовта кон непријателите не е лесна, рече г. Петар и праша дали насилникот, може да го љуби непријателот? Тоа директно допира до нас, бидејќи можат да не наречат кукавици, кои не умеат себеси да се заштитат!
–Со таа состојба потребно е да се бориме. Бог никогаш не бара од човекот да го направи невозможното, и тогаш кога ни заповеда да ги љубиме непријателите и да им простуваме, тоа значи дека ние тоа можеме да го направиме, ако сакаме, порача митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.
На 09.04.2022г. во Софија се одржа меѓународен натпревар во традиционално Џудо каде членовите на ЏК “Гладијатор” Кочани настапија со 3 натпреварувачи и се закитија со три места и тоа: Христијан Павлов 1 место, Дамјан Крстов 2 место, Ненад Максимов 3 место.
Исто така Дамјан Крстов беше прогласен за најдобар техничар на турнирот. Покрај овој настан, членовите на “Гладијатор” зедоа учество на семинар за бразилско џиу џицу, каде се закитија со сертификати. Меѓу другото судија беше и тренерот на “Гладијатор”, Драган Шеќероски од Прилеп.
Од страна на Меѓународната заедница на Шеќероски му беше врачен будо пасош и сертификат со кој е назначен за претседател на традиционалното џудо во Македонија. Исто така Шеќорски беше назначен и за претседатл за работа со луѓе со посебни потреби и оштетување на слухот.
Папата Франциско ја откажа средбата со поглаварот на Руската православна црква и долгогодишен сојузник на претседателот Владимир Путин, патријархот Кирил.
Папата и патријархот требаше да се сретнат во Ерусалим на 14 јуни, објави Ројтерс претходно овој месец.
Но, папата Франциско сега изјави дека жали што планот мораше да биде суспендиран бидејќи дипломатите на Ватикан советуваа дека таквата средба „може да предизвика голема конфузија во моментов“, пишува Sky News.
Тоа би било само нивна втора средба. Тие првпат се сретнаа во 2016 година на Куба. Од почетокот на офанзивата во Москва на 24 февруари, двајцата црковни водачи имаат сосема различни ставови.
Додека папата повика на мир, патријархот Кирил, близок до рускиот претседател Владимир Путин, во говорот на 27 февруари ја оправда воената операција, велејќи дека тоа е судир со „злите сили“ кои „го негираат историското единство“ на Русија и Украина.
Црковните храмови во Прилеп од утрово широко ги отворија портите за верниците, кои доаѓаат да се поклонат и да ја целиваат Светата Плаштаница на која е изобразено положеното тело на нашиот Спасител Господ Исус Христос.
Редици верници уште од утринава го исполнија дворот на храмот Св. Петка во населбата Точила.
Истата слика е и во останатите црковни храмови. Прилепчани уште еднаш покажаа дека ги следат духовните обичаии и традиции и на Велики петок ги исполнија духовните светилишта.
Според некои верувања за Велики петок постојат многу обичаи кои се типични за овој голем христијански празник, кој обично верницте го поминуваат во пост и тишина во исчекување на Велигден.
На Велики петок Исун Хрисотос е распнат и подложен на големи маки, а своето тело го даде како жртва за искупување од грвот на човечкиот род.
Постојат верувања дека на овој ден не се јаде лук.
Имено оваа намирница се верува дека се користи за чистење на нечисти сили, па бидејќи ова е голем и свет ден се верува дека треба да се избегнува, зашто лошите и нечисти сили во ваков ден не можат да направат ништо.
Според други верувања пак не треба да се користи бибер и оцет, бидејќи раните на Исус биле премачкувани со оцет за да му нанесат повеќе болка.
Сепак мора да се знае дека ова се само народни верувања и никаде во библијата не е наведено ниту едно од нив.
Настанот кој е поврзан со овој празник е Христовото распнување. Поради тоа што Христовата личност е божествена, тој единствен меѓу луѓето немаше никаков грев, или поинаку кажано се одликуваше со извонредна етичка чистота.
Во тоа и се состои космичката трагедија што светот во Христос, во една таква личност, не го препозна својот сопствен излез од сите животни проблеми, вклучувајќи ја тука и смртта, туку тој ненасилно понуден излез го прикова на срамно дрво (така го нарекуваа крстот, затоа што распнувањето на крст беше најсрамната и најтешка казна во Римската империја).
Но, денешниот празник е двозначен, затоа што три дена по својата смрт, со своето воскресение т.е. станување од мртвите, Христос ја донесе и најголемата радост во светот.
Екипата на Прилеп успеа со 28:25 да го совлада Радовиш во 5. коло од плеј-аутот на Супер лигата.
Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ домашните ја имаа иницијативата и водството во текот на целиот меч.
На полувреме избраниците на Горан Кузманоски беа на плус два (13:11), во продолжение зголемија на недостижни осум разлика.
Ова е втора победа во серија, по претходната во Струга, така што прилепскиот тим се доближи до второто место од табелата.
Најдобар во составок на прилепчани вечерва беше ветеранот Реваз Чантурија кој постигна дури 11 погодоци. Христи Бикоски беше прецизен 5 пати, а Давор Шокоски постигна 4 погодоци.
Во наредното коло Прилеп го пречекува Скопје.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на работните активности и асфалтирањето на улицата „Солунска“, со што се завршува втората делница, предвидена со проектот за реконструкција.
Овој проект, опфати реконструктивни зафати на водоводната мрежа, мешовитата канализациона мрежа и поставување на нов коловоз.
Улицата „Солунска“ е дел од проектот „Изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици“, за кој Градоначалникот Тони Коњановски, најави дека ќе биде завршен оваа градежна сезона.
Скокањето јаже е една од најинтензивните форми на вежбање и горење калории. Не изгледа така, но всушност го активирате целото тело и мора да бидете концентрирани на вежбата.
Овој тип на вежба може да го вметнете во вашата секојдневна рутина, а може и да го применувате ако немате многу време на располагање, како 10-15 минути. Фитнес инструкторката Зузана Мајорова објаснува зошто треба да почнете да вежбате скокање јаже.
Нарачајте си едно од USR Macedonia и одма на вежбање.
А во продолжение погледнете ја нивната целосна понуда на производи – екстра квалитетни и по најниски цени кај нас.