TEЛМА: Цената на гopивата од утре ќе скокне до 10 денapи

Од утре се очекува поскапување на горивата до 10 денари, ова го покажуваат пресметките  на  познавачите. Причината за ваквиот скок е тоа што од утре, повеќе нема да има намалено ДДВ за течни горива. Владата  на денешната седница не ја продолжи оваа мерка, анализира „Телма“.

Експертите претходно предупредија  дека ако не се преземе нешто  откако ќе престане нејзината важност, ќе следи сериозен ценовен шок кои ќе се одрази врз стандардот на граѓаните, инфлацијата ќе порасне,  но од друга страна ќе се полни буџетот.

Од опозицијата претходно предложија со законски измени ДДВ за течни горива до крајот на  годинава да биде 5 отсто.

Целата анализа на ТВ ТЕЛМА погледнете ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.