дома блог страница 1599

Вистинско чyдо! На охриѓанец му изгорела целата куќа, а цело останало само велигденското црвено јајце (Фото)

Еден од најпознатите македонски инфлуенсери Wik Kakarotski, на својот Фејсбук профил сподели сторија за вистинско чудо кое неодамна се случило во Охрид.

“Да ми кажвеше некој ќе речев “бабини деветини” ама ова го видов и сликав лично јас!

На наш сограѓани,неодамна,во пожар му изгореа двата горни спрата во куќата во близина на Охрид.
Ѕидот од горниот, паднал врз плочата на долниот па циглите и малтерот од ударот (како шо глеате) се издробиле скоро до сол состојба. Ок.

Од горната полица во кујната,која беше тутуносана, од висина од 2 метра,паднало ова јајце, а врз него цел спрат бетон и ПОГЛЕДНЕТЕ…. Јајцето не беше ни гребнато.. Чудо!!

ЧУДО ЧУДОСАНО!!!

– Велам јас, пошо никоаш… на вакви постој не сум вервел, А никоаш не би објавил нешо, доколку ЛИЧНО јас не сум сведок на истото!

За голема среќа во пожарот немат жртви и многу сограѓани, пријатели, наши иселеници се јавија нa повикот да помогнат koj колку можит.

Ова јајце го претставуват нашиот напатен народ кој милиениуми е сочуван само од Божја рака, што е најголем благослов а и клетва во исто време!

СПОДЕЛЕТЕ ЗА ДА ДАЈМЕ НАДЕЖ ОНАМУ КАЈ ШО НЕДОСТИГАТ,пошо единствено нешо шо мојт да не спасит е сплотување во име на верата и љубовта.

П.С: Доколку сакате да напрајте добро дело и да му помогниме на оштетениот,контактирајте ме.
Среќни Празници Рисјани!” – напиша на својот Фејсбук профил WIK.

Бесплатно возење со воз за пензионери, студенти, млади и средношколци од 1ви мај

Владата, преку Министерството за транспорт и врски и „Железници – Транспорт АД-Скопје“ донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа:

– Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот

– Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);

– Бесплатен превоз за студенти секој четврток

– Бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда

Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници за 2022 година.

Благодатниот оган слезе во Исусовиот гpoб во Ерусалим (Видео)

Во Храмот на Светиот гроб во Ерусалим и денеска се појави Благодатниот оган, едно од чудата во православието што секоја година се случува на Велика сабота пред Воскресението Христово – Велигден.

Вообичаено во Црквата на Светиот гроб и во нејзина близина во Ерусалим на овој ден се собираат илјадници православни верници, кои по слегувањето на Благодатниот оган го преземаат од рацете на ерусалимскиот патријарх и го пренесуваат понатаму.

Претставници на помесните православни цркви ќе го преземат Благодатниот оган од аеродромот во Тел Авив и ќе го пренесат во своите земји.

Благодатниот оган од Ерусалим вечер ќе пристигне и во Скопје. Ќе биде преземен од свештени лица на Скопскиот аеродром и пренесен низ епархиите на Македонската православна црква.

Херојски подвиг на прилепските пожapникари синоќа: Спаcиja осумчлено семејство од задyшyвање

Синоќа околу 1 часот по полноќ, пожapникарите од ТППЕ Прилеп интервенирале на приjaва за пожap на улица “3-ти Ноември”, при што успеале да спасат осумчлено семејство, меѓу кои и три деца.

Нивната интервенција спречила и ширење на пожapот во објектот, а притоа успешно ги извлекле сите членови на семејството.

Во куќата имало и една постара жена, која исто така била успешно извлечена.

Секоја чест!

Дури 87 пати ја користел неговата картичка: Штипјанец се шокиpaл кога видел колку пари му биле извадени од картичка без да знае

На 22.04.2022, по преземени мерки и активности, СВР Штип расчисти кривично дело по чл.251 ст.2 од Кривичниот законик, за кое постојат основи на сомнение дека го извршил Д.К.(35) од Штип.

Имено, постапувајќи по пријава од Д.К.(29) од Штип, според која во периодот од 15.04 до 21.04.2022 неговата банкарската картичка била злоупотребена, при што со неа биле извршени 87 успешни трансакции во вкупен износ од 356.889 денари на продажни места и банкомати во Штип, по преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Штип Д.К.(35) бил осомничен како сторител на кривичното дело.

Притоа, тој од банкомат во повеќе наврати извадил вкупно 270.000 денари. Од нив 148.000 му се вратени на оштетениот, а во координација со Јавен обвинител против Д.К. ќе следува соодветен поднесок.

(Фото) Затворен и запечатен Христовиот храм и гpoб – Светот во исчекување на Благодатниот оган

Затворен е храмот Воскресение Христово, запечатен е гробот Господов, светот во тишина мирува до спуштањето на Благодатниот оган и Христовото Воскресение. Добра Пасха!

Појаснување за Светиот пламен (благодатниот оган):

Веќе на Велики петок по бдението луѓето го напуштаат храмот, а дури по деталните проверки на комисијата, составена од претставници на полицијата, римокатоличката, ерменската, коптската и другите цркви, главната врата на храмот е заклучена. Внатре нема никој. Велика сабота во десет часот се отклучува храмот и се гаснат сите свеќи и сите кандила кои ги има стотици во оваа црква.

Детално се проверува Кувуклија, дека случајно во собата на Светиот гроб нема ништо што би можело да му ги запали свеќите на патријархот.

На плочата на Светиот гроб е оставена памучна газа и неосветлена запалка, по што вратата на Кувуклија се запечатува со големо парче восок.

По пристигнувањето на Ерусалимско-литискиот патријарх, кој три пати ја обиколува Кувуклијата, восокот се отстранува и комисијата го проверува патријархот дали има некакви средства за палење.

По извесно време, видливо со голо око, низ куполата на храмот во вид на молња се спушта до врвот на Кувуклијата и понатаму кон плочата на Гробот, светло сина светлина која ги пали сноповите од по 33 свеќи на патријархот.

Патријархот го дава првиот сноп свеќи на претставник на Ерменската црква, а вториот на групата наречена Арапски свештеници. После тоа Благодатнот оган се шири со неверојатна брзина по целата црква, палејќи ги свеќите на сите верници.

Петков: Нема да го укинеме, туку ќе го „поместиме“ ветото за Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека никогаш не сметал дека треба да се укине ветото за Македонија за ЕУ, туку дека требало да се помести.

Промената на уставот (во Македонија -н.з.) мора да се случи пред првото поглавје и треба да ги ставиме на колосек за Европа, но критериумите што треба да ги исполнат мора јасно да бидат поставени од нас, изјави за Нова ТВ Петков.

Тој посочи дека во 2020 година бугарската влада гласаше за „пуштање“ на Македонија во Европа, но во моментов сме една од ретките земји што може да си го дозволи тоа.

Според него важно прашање се правата на Бугарите во Македонија. Доколку се загарантирани со амандман на Уставот и се дел од пакетот мерки воведени во договорот за РСМ, за нив би било обврска да го изменатУставот.

Според Петков, владата на Димитар Ковачевски е подготвена да тргне на патот кон Европа.

-Ѝ даваме пат на РСМ кон Европа, но овој пат е поплочен со барања и обврски, јасно врамени и кои ги користи цела Европа за да обезбеди напредок што сите сакаме да се случи таму, нагласи тој.

Петков објасни дека Бугарија ќе ја пушти Македонија кон Европа, а прв услов е да мора да се смени Уставот, тоа веќе ќе биде договор со ЕУ и мора да го исполни не само затоа што тоа го сака Бугарија.

Премиерот рече дека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен јасно ставила до знаење дека европските партнери се подготвени да бидат гарант.

Тлото не пpecтанyва да се тpece: Eве колкy земjoтpecи беа регистрирани во текот на ноќта во БиХ

Повеќе од 30 земјотреси со послаб интензитет се регистрирани во Херцеговина во текот на ноќта, покажаа податоците на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија кои ги пренесува Кликс.ба.

Најсилниот бил утрово во 4:20 часот, кој бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала.

Во 2:59 часот бил 4,3 степени, во 2:02 бил 2,6 степени, а во 1:55 бил 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Епицентрите на сите земјотреси биле кај Столац.

Денеска е Велика Сабота – денот меѓу cмpттa и вocкpeceнието

Велика Сабота е Денот меѓу cмpтта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.

Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.

Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение.

Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“.

Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.

Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал божествената моќ.

На Велигден верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Вистина воскресе.

Велика Сабота е ден на покојот, ден на покојникот, ден на најголемиот покој и на најголемиот покојник.

Денот на големиот покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк.

Ова е денот на оплакувањето на покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица.

Велика Сабота е определена како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението и положено во гробот.

Ова е ден за прославување на неискажливата љубов од Богочовекот кон луѓето.

Силен земjoтpec предмалку во Босна – Се почувствува и во Македонија

Силен земјотрес предмалку е почувствуван во Македонија.

Според првичните информации земјотресот бил со јачина од 6 степени, а епицентарот е регистриран во Босна и Херцеговина на 44 километри од Мостар, поточно во

Потресот бил на длабочина од два километри.

Земјотресот е почувствуван и во земјите од регионот.