дома блог страница 1590

Tpaгедиja во Битола: 3агина работник во фирма, а друг тешко повpeден

На 30.04.2022 во 15.24 часот во СВР Битола било пријавено дека во фирма во Битола, додека извршувале работни задачи, со тешки телecни повpeди се здобиле М.Ј.(59) и М.Ш.(45), двајцата од Битола.

Од здобиените повpeди, М.Ј. починал на местото на нecpeќата, а cмpт конcтатиpaл лекap од Итна медицинcка помош.

М.Ш. е пренесен во Клиничка болница Битола за yкажyвање на лекapcка помош.

Полициcки cлyжбеници и трудов инспектор излегле на лице место, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукциja.

Грми Битола – Вардар го очекyва пекол во “Боро Чурлески” (Видео)

Eурофарм Пелистер вечерва со почеток од 19:00ч. во салата “Боро Чурлески” го дочекува Вардар, во клучниот натпревар за титулата во ракометната Супер лига.

Пелистерци ги поразија црвено-црните во Скопје, па цела Битола очекува нов позитивен резултат и вечерва на домашен терен.

Пред платото на Офицерскиот дом се загрева голема група на навивачи и љубители на ракометот. Салата беше распродадена за 15 минути, па се очекува пеколна атмосфера и одличен натпревар.

Битолчанец е добитник на Годишната награда на Народна банка

Младиот истражувач Димитар Фуна од Битола е добитник на Годишната награда на Народната банка, која се доделува на млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството. Најдобро оценетиот труд беше прогласен за време на 8. Истражувачка меѓународна конференција, која беше одржана во организација на Народната банка во соработка со Европската инвестициска банка.

Трудот е насловен „Проценка на дистрибуцијата на доход во Северна Македонија: Пристап базиран на претходно недостапни даночни податоци“. Како што самиот наслов кажува, целта е преку употреба на алтернативен нов сет податоци од даночната сфера, да се направи подобра проценка на дистрибуцијата на доход во земјава. Со тоа авторот го проширува портфолиото алтернативни пристапи за оцена на доходовната нееднаквост. Авторот посочува дека очекува со ваквата анализа да се зајакнат видувањата за нееднаквоста во распределбата на доходот кај нас, како насоки за носителите на политиките.

Димитар Фуна дипломира на Економскиот Факултет при УКИМ во Скопје во 2020 година додека во 2021 година се стекнува со звањето магистер по финансии и сметководство при Империјал Колеџот во Лондон, Велика Британија.

Народната банка ја доделува Годишната награда за млади истражувачи шестнаесет години. Целта е преку наградата да се афирмираат младите истражувачи и да се даде придонес во развојот на истражувачката дејност во земјава во областа на макроекономијата и банкарството. Согласно со досегашната практика, наградениот труд ќе биде презентиран на Клубот на истражувачите на Народната банка – кој служи како центар за развој на истражувачката мисла и мрежа за поврзување на истражувачите на ова поле на интерес.

(Видео) Бајден се шегува на своја сметка – публиката гледа со неверување

Американскиот претседател Џо Бајден ги пофали новинарите кои известуваат за војната во Украина, за време на неговиот говор во Белата куќа.

Откако оваа вечера беше откажана две години поради Koвид 19 и бојкотирана од Доналд Трамп за време на неговиот претседателски мандат, таа повторно беше одржана со настапот на комичарот Тревор Ноа.

– Ова е првпат претседателот да присуствува на оваа вечера по шест години, тоа е разбирливо. Имавме страшна чума, проследена со две години зараза, му рече тој на својот претходник, нарекувајќи ја неговата администрација „чума“.

– Навистина добра вест е што сега можете да го „исмевате“ претседателот на САД, но за разлика од Москва, нема да завршите во затвор, додаде американскиот претседател.

Денеска е Томина недела или мал Велигден

Денеска е Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство позната како Бела Недела или Мал Велигден. Ова е значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома.

Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“.

Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ На тоа Тома одговорил и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.

Идентитетското име Македонија преживеало и ќе живее со вакви генерации (Видео)

На 29.04.2022, во Домот на културата “Крсте Петков Мисирков” во општина Градско, се одржа промоцијата на новоиздаденото издание “Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име” (документи и анализи) на д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни.

Културно-уметничката програма беше збогатена со настапите на КУД “Стоби” од Градско и Балетско студио “Sparkly feet”.

Најголем впечаток оставија токму девојчињата од “Sparkly” чиј настап денеска масовно се споделува на социјалните мрежи.

Уживајте во продолжение:

СДСМ објави чудо на 1-ви Mај

Работниците и нивниот труд се двигател на секоја економија и општествениот развој. Како одговорна социјалдемократска партија презедовме низа чекори за унапредување на статусот на работниците, посочуваат од партијата на власт.

Преку социјален дијалог, како што потенцираат од СДСМ, успеавме и во време на економска и енергетска криза да обезбедиме 80.000 работници да добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари.

„Двојно ја зголемивме минималната плата, којашто во 2017 изнесуваше само 8.800 денари. Растот на минималната плата ќе доведе до раст и на останатите плати во сите сектори. Социјалната правда и унапредување на работничките права за нас остануваат врвен приоритет. Владата предводена од СДСМ е во постојана комуникација со синдикатите и работодавците за да дојде до решенија кои значат подобри услови за работа“ е нагласено во соопштението од оваа партија.

Додаваат дека СДСМ продолжува да се грижи за работниците, продолжува да гради развојна економија која носи можности за повисоки плати и отворање на нови добро платени работни места.

(Видео) Американка пиеше ракија – најголемата грешка во животот

Владислав и Миа Милановиќ се млад пар кој живее во Америка, од каде снимаат различни видеа од секојдневниот живот. Меѓу нив се најразлични предизвици кои се полн погодок на YouTube.

Владислав, кој е Србин и Миа, која е Американка, се веќе извесно време во брак, а нивните животи и видеа ги следат повеќе од милион луѓе.

Нивното најпопуларно видео е она во кое Миа пробува традиционални српски јадења, оценувајќи го вкусот на секој гастрономски специјалитет. Ќебапи, плескавици, ајвар, јафа колач, гибаница, кисела вода, но и неизбежната ракија.

“Коха” дознава: Теута ја одбиле за амбacaдop и во Турција

Се чини дека Теута Арифи, поранешна градоначалничка на Тетово, нема да може да се вклучи во македонската дипломатија. По Вашингтон и Брисел, и официјална Анкара одби таа да биде амбасадор на Македонија во Турција, дознава весникот „Коха“.

Извори на „Коха“ тврдат дека по одбивањето на Вашингтон и Брисел, Владата и Министерството за надворешни работи се обиделе да ја испратат Арифи во Анкара, Турција. Сепак, официјалната реакција на Република Турција била брза и агреманите нема да бидат одобрени.

Претходно таа беше непожелна за амбасадор и во САД и во ЕУ.

Говор на векот во Македонија: Студент во втора година освои прва награда со бpyтално искрен и вистинит говор (Видео)

Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип, синоќа по десетти пат ги одржа традиционалните Ораторски вечери. Се натпреваруваа осум студенти од различните факултети на универзитетот, а двајца од нив добија награди за најдобри говори.

Со награди се закитија Јован Јанев, студент во втора година на Правниот факултет во категорија на “слободни говори” и Ана Михаиловска во категорија “рамноправност и недискриминација”.

Говорот на Јован е за секојдневните случувања во Македонија, а е толку моќен и реален што ние го прегледавме неколку пати.

Верувајте, ќе ве остави без зборови! Секоја чест!