дома блог страница 1591

Срце да ти се наполне: Во Македонија само во Прилеп можат да се соберат олку луѓе на стадион (Фото галерија)

Победа денеска го израдува и го крена на нозе цел Прилеп откако славеше со 3:0 против Беласица.

Натпреварот го следеа над 5.000 гледачи на градскиот стадион “Гоце Делчев” кои беа ветер во грбот на црвено-белите.

После 25 oдиграни кола во Втората лига-Исток, Победа се наоѓа на првото место на табелата, благодарение најмногу на убедливата игра денеска, но и на киксот на Слога Виница, која одигра само 0:0 со Саса.

Сега прилепчани се со едната нога во Прва лига, а до крајот на првенството остануваат уште две кола, на кои Победа ќе игра со Пехчево на домашен и против Слога на гостински терен.

Виничани се наоѓаат во потешка ситуација, затоа што пред дуелот со Победа и’ гостуваат на Беласица, која пак се уште е во игра за второто место на табелата.

Прилеп денеска покажа дека е желен за фудбал, дека го сака фудбалот и дека Победа никогаш не ја изгубила нивната љубов.

Олку многу публика на стадионите ширум Македонија е ретка слика дури и во Прва лига, а не пак за второлигашки фудбал.

Таста и врати на Будимир: Прилеп славеше над Скопје

Прилеп не дозволи изненадување и на свој терен со 29:25 (15:12) го совлада тимот на Скопје.

Нашите ракометари го диктираа темпото на овој меч и не дозволија противник да го загрози водството кое го имаа од почетокот на мечот.

Ова е трета последователна победа за прилепчани во плеј-аут сегментот на ракометната Супер лига.

Најдобри поединци на вечерашниот натпревар во салата во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” беа Реваз Чантурија со 6 погодоци, по 5 постигнаа Давор Шокоски и Гавашелишвил Мириани, а 4 гола даде Христи Бикоски.

Прилеп сега се наоѓа на второто место од табелата, а до крајот на сезоната му престојат гостувања кај Пролет и Радовиш.

Најдобри кога беше најпотребно: Победа на прагот на Прва лига

Заслужено славје по најдобрата игра пролетва во која Беласица беше прегазена со 3-0.

Фантастична атмосфера каква што може да создаде само прилепската публика…над 5.000 гледачи на трибините…и покрај дождот во второто полувреме играчите на теренот и публиката уживаа во заслужениот триумф…

За ПРВА лига треба победа следната сабота над Пехчево…Во уште поголем број и со повеличествена атмосфера да се прослави враќањето во елитата..

ЧЕСТИТКИ МОМЦИ!!!

СРЦЕ НА ТЕРЕН!!

НАЈДОБРИ КОГА Е НАЈПОТРЕБНО! ПОБЕДА ВЕЧНА!!!

Крцка трибината на Гоце Делчев во Прилеп: Победа води на полувремето, се смешка Прва лига (Видео)

Фудбалерите на Победа во овие моменти го играат можеби најважниот натпревар сезонава во Втората лига-Исток.

На градскиот стадион “Гоце Делчев” гостува екипата на Беласица, која беше изедначена со бројот на бодови пред натпреварот со црвено-белите.

Победа има поддршка од околу 3.000 навивачи на трибините и заслужено води после првото полувреме со голот на Бојан Спиркоски во 33-та минута.

Триумф на денешниот натпревар ќе значи директен дуел со Слога Виница во последното коло за првото место на табелата кое води директно во Прва лига.

29-годишна адвокатка од Прилеп нападната од странки во канцеларија

На 29.04.2022 во 22.15 часот Ф.Ѓ.(29) од Прилеп пријавила дека околу 19.40 часот во адвокатска канцеларија во Прилеп била физички нападната од С.А. и К.Т., сите странки во канцеларијата.

Се работи на расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

МПЦ, ИВЗ и Католичката цpква утре заеднички ќе се молат за жpтвите во Украина

Во организација на Здружението на Украинците во Македонија, „Лесја Украинка“ утре во Соборниот храм , Македонската православна црква, Исламската верска заедница, како и Католичката црква ќе се одржат молитви за жртвите од војната во Украина.

– Во војната во Украина веќе загинаа илјадници луѓе од различна националност и верска припадност,крвопролевањето секоја минута продолжува. Поради тоа здружението на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“, со дозвола на верските заедници во земјата, ги повикува верниците од различна вероисповед да се придружат кон организираните религиски обреди со молитви за мир во Украина и во целиот свет“, се наведува во соопштението.

3aкана или покажyвање cила: Руска телевизија објави за колку секунди нивните ракети можат да стигнат до Париз, Лондон и Берлин

На руската програма Русија 1, водителката на емисијата 60 минути Олга Скабеева и Алексеј Журављов, пратеник во Думата, зборуваа за тоа за колку секунди интерконтиненталната балистичка ракета “Сармат” треба да стигне до главните градови на Велика Британија, Германија и Франција, земји кои ја снабдуваат со оружје Украина.

„Сармат“ е нова тешка интерконтинентална балистичка ракета и се очекува Русија да ја опреми секоја со десет или повеќе боеви глави. Русија неодамна успешно тестираше ракета што го носи озлогласениот прекар Сатана 2 или Сатановиот син во круговите на НАТО.

„Еден Сармат и толку – Британските острови постоеја, Британските острови повеќе не постојат. Сериозен сум“, рекол Журавлев, пренесува порталот Правда.

Пратеникот од Думата, Евгениј Попов од партијата Единствена Русија предупреди дека и Британија има нуклеарно оружје, а во случај Русија да ја искористи ракетата „Сармат“, „никој нема да преживее, никој нема да остане на планетата“.

„Никогаш не кажувај никогаш“, одговори Журавлев.

„Ќе почнеме од почеток“, коментира Скабеева. Таа изјави дека времето на летот на Сармат од Калининград до Берлин е 106 секунди, од Калининград до Париз 200 секунди, а до Лондон 202 секунди.

По две години пауза повторно ќе се одржи фестивалoт на пивото

Традиционалниот германски фестивал на пивото, Октоберфест, оваа година може да се одржи, по двегодишна пауза поради пандемијата од коронавирус, изјави градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер.

Тоа значи дека култниот фестивал познат и како Визен, по саемот каде што вообичаено се одржува, може да се одржи на крајот на септември.

Во изминатите две години Октоберфест беше откажан поради пандемијата. Во 200-годишната историја на фестивалот, подолги паузи имало само за време на војни.

Пред пандемијата, секоја година се собираа околу шест милиони посетители од целиот свет. На овогодинешниот настан нема да има ограничувања за коронавирусот.

Од 1 јули ќе се воведат различни тарифи на електрична енергија

Најавуваните примени со воведување различни тарифи за домаќинствата во зависност од потрошувачката на електрична енергија се воведуваат од 1 јули, најави премиерот Димитар Ковачевски, објаснувајќи ги мерките за намалување на последиците од енергетската криза.

Се прават калкулации за воведување нова методологија, за утврдување на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, кои се на регулираниот пазар на електрична енергија, што се менува од 1 јули, со тоа што ефектите ќе бидат дополнително утврдени, нагласи Ковачевски.

Премиерот сепак не објасни до колку киловати ќе значи плаќање по пониската тарифа, туку дека со оваа методологија се оневозможува злоупотреба на електричната енергија.

Оние што ги злоупотребиле броилата за домаќинствата за вршење некакви активности или злоупотреба на електричната енергија на пример, за копање криптовалути, ќе плаќаат повисока цена во согласност со потрошувачката и со тоа енергијата што ја добиваат нема да може да биде субвенционирана од државата или да биде дел од пресметката од цената што ја плаќаат сите граѓани, објасни Ковачевски.

Без изговори! Во 17ч. сите на градски – Победа денеска мора да победи!

На три кола до крајот сите карти се отворени во Втората лига – Исток. Слога Виница ја предводи табелата со 54 бода, а веднаш зад незе се Победа и Беласица со по 53.

Денешното 25-то коло може да биде клучно за директниот пласман во Првата лига. На градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп со почеток од 17:00ч. Победа ја пречекува Беласица, а во истиот термин Слога ќе ја дочека екипата на САСА од Македонска Каменица.

Едно е сигурно – мора да се победи денеска во Прилеп, а Победа во таа мисија ќе има поддршка од неколку илјадна публика на трибините.

За натпреварот деновиве многу се зборува. Играчите се мотивирани, а мотивирана и полна со елан е и прилепската публика.

Се очекува големо присуство и на навивачката група “Мајмуни” кои ќе бидат дополнителен ветер во грбот на “црвено-белите”.

Во претходните два натпревари помеѓу Победа и Беласица сезонава, мрежите мируваа. До крајот на сезоната Победа ќе го пречека Пехчево и ќе гостува кај Слога во последното коло.