дома блог страница 159

Мицкоски отфрли можност за предвремени парламентарни избори, пред државата има големи предизвици

Премиерот Христијан Мицкоски одби можност за предвремени избори.

Рече дека следната година пред државата има големи предизвици.

-Дали ќе има избори понатаму? Јас апсолутно во моето воведно обраќање кажав дека следната година, 2026, ќе биде предизвикувачка година. Треба да се обезбедат повеќе од 2,2 милијарди евра да се вратат долгови од минатото. Доколку ние би формирале техничка влада, таа има лимитирани маневарски способности и ќе биде многу тешко да се размавнеме и да го продолжиме овој тренд којшто го имаме оваа година и втората половина од претходната година, посебно во делот на економијата, вели Мицкоски.

Според него, на ВМРО-ДПМНЕ му одговарало на пролет да имало предвремени парламентарни избори, но требало да се гледаат државните интереси.

-Кога би размислувал политички, и теснопартиски, во наш интерес е на пролет да имаме предвремени парламентарни избори. Но, ние сакаме да размислуваме државнички и во таа насока и да се однесуваме. Интересот на граѓаните е подобра економија, подобри услови за живот и во рамките на можностите со коишто располагаме, се трудиме тоа да го сработиме. Така што, некогаш успеваме, некогаш не успеваме, таков животот. Еве, ќе се задржам на онаа реплика што некогаш ја користам, во политиката никогаш не вели никогаш, но шансите за такво нешто се многу мали, рече Мицкоски.

Последен ноемвриски викенд со врвно уживање во “ПОРТА” – Петок со Марифет, сабота денски со Тиана и Дани

Викендот повторно носи ново гурманско и музичко уживање во Ресторан “ПОРТА” – местото каде вкусната храна, прекрасниот амбиент и добрата музика секогаш одат заедно. Овој петок и сабота ве очекуваат две целосно различни, но подеднакво уживачки музички доживувања, кои ќе ви го разубават крајот на ноември.

Во петок, 28.11., со почеток од 20:30часот сцената ја презема Група “ДЕСПИНА”, со својoт секогаш препознатлив и милозвучен мелос. Битолчаните одново ќе приредат гурманска вечер за паметење.

Во сабота, Ресторан “ПОРТА” ве кани на денска ручек забава со прекрасните TИАНА И ДАНИ, девојките за чии настапи веќе зборува целиот град.

Не чекајте друг да ви раскажува, резервирајте навреме и поминете одлично време заедно со семејството, пријателите, колегите…

Телефон:078 368 111

Драма синоќа со дрвокрадци “камикази” во Прилеп – се судриле намерно за да избегаат од полицијата (ФОТО)

Во Прилеп синоќа повторно дрвокрадци камикази и повторно намерно судар со службено возило на шумската полиција, информираше на социјалните мрежи заменик-директорот на Национални шуми, Кире Михаилов.

Две лица се приведени на лице место, по останати две кои се познати се трага, а двете возила и огревното дрво се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп.

На местото доцна во ноќта извршила увид и фотографирање увидна екипа од МВР.

Инаку се работи за добро познати дрвокрадци за кои и претходно има поднесувано пријави за дела поврзани со дрвокрадството.

Нема да отстапиме од оваа битка, не знам како повеќе треба да им објасниме на овие луѓе, стои во објавата на Михаилов на социјалната мрежа ФБ.

(ВИДЕО) Законската обврска веќе важи, еве како правилно се поставуваат синџири за снег на возилото?

Со почетокот на зимската сезона од 15 ноември до 15 март, почнува да важи законската обврска за користење на зимска опрема во сите моторни возила. Правилникот за задолжителна опрема на возилата прецизно утврдува што секое возило мора да поседува во зимски услови.

Според пропишаното, за зимски пневматици се сметаат оние пневматици кои имаат на својата бочна страна ознаки со буквите Ем Ес, Ем плус Ес, Ем и Ес и знак на снегулка на стилизирана планина со три врвови.

Но, што кога условите на патот се навистина сложени – тука на помош секогаш доаѓаат синџирите за снег, но дали знаеме како правилно да ги поставиме?

МВР и Рeпубличкиот совет за безбедност во сообраќајот направија видео водич, за како правилно да се постави зимската опрема на возилото:

Во Кривогаштани фатен дрвокрадец од долненско Локвени

-На 24.11.2025, во 15:30часот во с. Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани, го лишиле од слобода З.Н. од с.Локвени, општина Долнени.

При преглед на патничко возило „фиат” со крушевски регистарски ознаки, кај него биле пронајдени огревни дрва без жиг. Дрвата се предадени на шумска полиција и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Сензација во НОВАЦИ: Падна Шкендија Арачиново, а голот за победа е вистинска фудбалска МАЈСТОРИЈА (ВИДЕО)

Фудбалерите на Новаци приредија сензација во Втората фудбалска лига, совладувајќи го лидерот на табелата Шкендија Арачиново со 1:0 на домашен терен.

Но, она што остави посебен впечаток беше погодокот кој го постигна Мартин Андоновски, еден прекрасен лоб од слободен удар кој предизвика воодушевување кај публиката и фудбалската јавност.

Погледнете:

Прилепски судии денеска ќе судат натпревар од Младинската лига на шампиони

Прилепски судии ќе ја делат правдата на денешниот натпревар од Младинската лига на шампиони помеѓу Стеауа и Академија Пушкаш. Судиската тројка ќе биде предводена од прилепчанецот Влатко Илиоски како главен судија, а негов асистент ќе биде Иле Мишески. Во тимот е и Мартин Дејаноски од Кичево, додека улогата на четврт судија ќе ја има Романецот Влад Бабан.

Натпреварот се игра денеска со почеток од 16:30 часот, а македонските судии ќе имаат значајна улога во водењето на овој важен дуел. Овој ангажман претставува уште една потврда за професионалноста, континуитетот и квалитетот на нашите судии, кои сѐ почесто добиваат доверба да ја делат правдата на високорангирани мечеви под капата на УЕФА.

Ќе врне со денови – Подгответе се за многу дожд и пад на температурите

Под влијание на циклонска активност, од денеска (среда) до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, информира УХМР.

Најголеми врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и утре, при што се најавуваат количини над 25 литри на метар квадратен за 24 часа.

Поради спуштање на постудена воздушна маса во четврток дневните температури ќе опаднат за 4 до 6 степени.

На планините врнежите ќе преминуваат во снег.

Стабилизирање на времето се очекува од недела.

Денес е Свети Јован Златоуст

Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина.

Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање.

Кога требаше да биде посветен за свештеник се јави ангел Божји: истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован. А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава. Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски.

Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на Светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ? остави многу драгоцени книги со неговите беседи.

Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и Светиот маченик Василиск (под 22 мај), во чијашто црква ја прими Светата Причест. „Слава Му на Бога за с ? !“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан во Рим.

Не знаете што за ручек утре? INN KETERING и Форум маркетите го подготвија првото богато дневно мени – вреди да се вкуси

INN KETERING – тимот од Прилеп, кој зад себе има стотици и стотици успешни мисии, приредувајќи прекрасни веселби со богати гозби, сега почнуваат соработка на огромно задоволство на многумина.

Од утре, 26.11. во соработка со “ФОРУМ МАРКЕТИТЕ” во Прилеп, на добро познатите локации во населба „Точила“ и кај фабриката „11-ти Октомври“, ќе наидете на богата трпеза со традиционална прилепска и македонска храна. Па ако се’ уште размислувате што да приготвите за ручек утре, или што да се јаде со колегите на работа, мајсторите од INN KETERING од рано наутро ќе имаат приготвено долго мени со одлична храна, за секого по вкус:

-Телешка чорба
-Јанија
-Мусака
-Гулаш
-Пилешко во бел сос
-Селско месо
-Сарма
-Сендвич со плескавица
-Сендвич со стек
-Тавче гравче
-Ослиќ
-Пилешки ражнич
-Македонка плескавица
-Динстано свинско месо

Звучи превкусно и заслужува да им се верува и да се испроба!

Домашното готвење отсега е поблиску од кога било – направено од мајстори, достапно за секого!

Среда, 26. ноември, ПОВЕЛЕТЕ ВО “ФОРУМ МАРКЕТИ”