Мирјана Стеваноска го напушти ЗНАМ и коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Прилеп

Советничката од ЗНАМ, Мирјана Стеваноска, на стартот од денешната 14-та по ред седница на Советот на општина Прилеп, истакна дека отсега ќе биде независен советник, и нема да ги претставува ставовите на партијата која што ја кандидираше, ниту политиките на заедничката коалиција во Советот.

“Оваа одлука ја донесов по сопствено убедување, не прифаќам политички молк и слепо гласање, затоа одлучив да дејствувам самостојно”, рече во своето излагање Стеваноска.

Ставаноска е втор избран функционер деновиве од ЗНАМ која носи одлука да настапува како независна. Претходно тоа го стои пратеникот во Собранието на државата, Миле Цеков.

Стеваноска беше носител на советничката листа на ЗНАМ на локалните избори минатата година, и единствен советник од оваа партија во Советот на општина Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.